„40 спортски активности и забавни
игри за интегрирање на децата и младите“
Во учебната
2015/16 година на нашите спортски терени и со учество на наши ученици од
четврто и петто одделение, а во соработка со УСАИД и Проектот за меѓуетничка
интеграција во образованието се работеше на изработка на прирачник „40
спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“.
Истиот е подржан од: МЦГО, МОН, БРО, ДПИ и шест невладини организации.
За таа цел на
спортските терени неколку дена учениците практично ги изведуваа спортските
активности и забавни игри предводени од
стручни лица од „Отворени Забавни Фудбалски Школи“ кои воедно ги обезбедија и
потребните реквизити.
Учениците
непосредно имаа можност да играат, да се забавуваат, другаруваат, да учат едни
за други и да стекнуваат позитивни вредности и искуства кои влијаат врз
намалувањето на етничките и родовите стереотипи и предрасуди.
Овој прирачник е
наменет за наставниците од основните училишта и истиот е отпечатен на четири наставни
јазика: македонски, српски , албански и
турски јазик.
На 06.10.2016 г. тимот
на УСАИД организираше промоција на прирчникот на која почесен гостин беше
нашето училиште, односно децата учесници, нивните родители и дел од вработените
на училиштето. Настанот се случи во попладневните часови во објектот „Централ
Парк“ – Градски парк.
Презентација
одеше на видео-бим, а на нашите ученици им беа поделени Сертификати како и скромни подароци маица и капче. Секој
ученик доби и по еден примерок од прирачникот.
На 08.10.2016 г.
тимот на УСАИД и „Отворени Забани Фудбалски Школи“ во Градскиот парк
организираа настан каде практично беа презентирани игрите од прирачникот „40
спортски активности и забавни игри за интегрирање на децата и младите“. Учениците од нашето училиште имаа можност да се дружат, играат и забавуваат
со 250 деца од повеќе места во Македонија.
Училишен педагог:
Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар