Европскиот
ден на јазиците беше одбележан во ООУ „ Рајко Жинзифов“ во населбата Драчево. Наставниците по англиски јазик Магдалена
Бадарова, Анета Макревска и Маја Димеска заедно
со наставниците по француски јазик Наталија Делева и Анета Ѓуровска-Арсовска во
соработка со наставникот по музичко образование Даме Коларовски, подготвија манифестација во
чии рамки учествуваа ученици од прво до деветто одделение.Учениците се
претставија со каратки изреки на англиски јазик, рецитал на француски јазик,
драматизација, како и две песни во живо на англиски јазик и една песна на
француски јазик. Темата на целата манифестација беше “Пријателството денес“.
Нема коментара:
Постави коментар