Денес, по повод Денот на
шегата – ПРВИ АПРИЛ, во нашето и во подрачното училиште во н. Пинтија, секој во
рамките на својата паралелка, реализираше активност изработка на маски. Учениците
заедно со своите одделенски раководители изработија изобилство на убави,
креативни и оригинални маски, кои беа поставени и изложени во холот на нашето
училиште. Тие барем за кратко го обоија
ова сивило од испреплетени чувства и загриженост кое владее воопшто.
Учесници беа учениците од прво до петто
одделение, како оние со физичко присуство така и учениците кои наставата ја
следат онлајн. Со голема надеж дека ова брзо ќе помине, ние ви ги праќаме само
некои од маските - фотографии од нашите ученици.
Одговорен наставник: Татјана Трпеска
Нема коментара:
Постави коментар