Во текот на април 2021 година со членовите на Училишниот
парламент се одржаа он лине средби на ТЕАМС.
На состанокот Педагогот го презентираше извештај за работата на училиштето на крајот
од третото тримесечје во учебната 2020/21г.
година со посебен осврт на постигнатиот успех и поведение на учениците.
Учениците се вклучија со свои констатации дека сегогаш може и подобро и повеќе
да се постигне. Исто така секој претставник од паралелката се произнесе за
случувањата во паралелката, односно дадоа увид за одредени потешкотии од
технички причини што им се случуваат за време на он лине часовите. Беше посочено дека доколку се случи некој вид
на било какво сајбер насилство да се пријави до Училишниот правобранител.
Во тековни информации се
разговараше за активностите поврзани со деветодделенците во врска со
професиооналната ориентација, објавување на интерен конкурс за избор на првенец
на генерација и активностите поврзани со реализација на истиот.
Со членовите на Училишниот
праламент од одделенска настава се реализираше работилница Приказната на „другиот“ преку која се постигнаа следните знаења, вештини и ставови:
-Знаат за медиуми и емисии кои се соодветни за нивната возраст; умееат да бараат различни информации од различни медиуми; умеаат да споредуваат информации за ист настан добиени од различни медиуми; ја согледуваат важноста од целото и сестрано информирање.
Педагог: Весна Рафеска
Нема коментара:
Постави коментар