Во чест на роденденот на холандскиот автор на детски книги Ханс
Кристијан Андерсен, чија волшебност на неговитe приказни и ден денес
достигнува до нас, секоја година се одбележува Светскиoт ден на детската книгa за да ја инспирира љубовта
кон читањето и да го сврти вниманието кон детските книги.
Ханс Кристијан Андерсен е еден од најголемите
писатели на бајки. Ги проширувал, развивал народни мотиви во нив, но и создавал
вистински дела. Неговите приказни се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во
нивната содржина, као децата, така и возрасните. Тој комуницирал со децата и
создавал толку впечатливи дела затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал
како дете. Такви се неговите приказни: „Грдото пајче“, „Царевото ново руво“, „Оловниот војник“, „Малечката
сирена“ и други.
Во 1958 година УНЕСКО формира
Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала Нобелова
награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите писатели и
сликари - илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид Линдгрен, Селма
Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.
Најголемо задоволството
е со читањето да се откриваат тајните на волшебниот свет и да се патува низ
просторот и времето. Тој свет ќе го најдеме вткаен во приказните и бајките на
писателите на детска литература. Додека читаме ќе одлетаме на крилјата на
фантазијата во непознати земји и ќе го доживееме сето она што го доживеале
јунаците во приказните и бајките.
Бајките ги оплеменуваат децата. Тие во нив ги
развиваат најубавите чувства: правдата, вистината, љубовта на човекот кон
човекот. И токму поради тоа, бидејќи децата ги прават подобри, поубави,
посочувствителни, бајките се читаат и учат во сите училишта во светот.
Во Македонија попознати и позначајни дела
во детската литература кои носат универзални и вонвременски пораки се: „Шеќерна
приказна“ на Славко Јаневски, „Волшебното самарче“ на Ванчо Николески, „Белото
циганче“ на Видое Подгорец, младешките теми во делата на Горјан Петрески, како
и автори кои пишувале дела за деца, а веќе биле афирмирани како писатели за
возрасни: П.М. Андреевски - „Шарам барам“, Томе Арсовски - „Дедо Мраз и Феферона“,
Михаил Ренџов - „Ангела сонува“, писателките за деца, како Бистрица
Миркуловска, Славка Арсова, Косара Гочковска, Славка Манева, Јадранка Владова,
Оливера Николова, чија лектира „Зоки Поки“ е прогласена за најпопуларна книга
за деца на македонски јазик.
Нема коментара:
Постави коментар