уторак, 27. април 2021.

Активности за превенција од врсничко насилство на социјалните мрежи под мото: „Играта на зборови може да повреди“

 

       Црвен крст на Република Северна Македонија - Општинска организација Кисела Вода во соработка со одделението за превенција при СВР Скопје, реализираше проект насловен како: "Играта на зборови може да повреди". Проектот е финансиски поддржан од фондот за развој на проекти при Црвен крст на Република Северна Македонија.

           Во првата фаза од проектот,  се работише на полето на превенција со што во  нашето  училиште се одржаа  онлајн информативно - едукативни предавања во времетраење од 60 минути (два блок-часа) во која беа вклучени учениците од осмо и деветто одделение.  Учениците со наставниците, педагогот и директорот на училиштето едукацијата  ја следеа  преку веќе воспоставен on-line meeting  на TEAMS.
      Учениците имаа можност да се запознаат со „Сајбер насилството“ како предизвик на модерното доба, закана за сите млади генерации кои голем дел од своето слободно време го поминуваат другарувајќи „он-лине“.

          Предавањето имаше интерактивен карактер со можност на учениците да се вклучуваат со свои искуства и прашања.

          Сите едентуални несакани ситуации учениците имаат можност да ги пријават на следната  е-маил адреса и телефонски број:

 mladi.kiselavoda@redcross.org.mk                     071 30 30 11

                                                                                         Педагог: Весна Рафеска



Нема коментара:

Постави коментар