уторак, 13. април 2021.

„Во здраво тело, здрав дух“

                                                            „Во здраво тело, здрав дух“

Учиме за придобивките спортувањето и за ракометот со познатиот македонски репрезентативец Филип Миркулоски


За едно дете правилно да се развива важно е да спортува. Придобивките се многубројни.

 

-         Здрав физички развој

-         Силни коски и мускули

-         Поголема самодоверба и подобро расположение

-         Можност да се запознаат и создадат нови другарства

-         Подобри резултати во училиште

-         Создаваме тимски дух

-         Добиваме признанија и награди

-         -Учиме нови вештини

-         Понекогаш губиме, но учиме да се справиме со загуба и градиме натпреварувачки дух

-         Корисно го исполнуваме слободното време

Затоа ние учениците од четврто одделение заедно со нашата наставничка го повикавме познатиот македонски ракометар Филип Миркулоски, вујко на нашата другарка Руби Костовска, да ни раскаже за спортот и ракометот, неговите искуства и совети.  

На часот ни гостуваа одделенската наставничка Ана Јаневска, наставничката по ФЗО Елеонора Живковиќ, педаготот Весна Рафеска и директорката Љубица Наумовска. Часот го одржавме во понеделник 12.04.2021г. Го започнавме со презентација подготвена од наставничката Кети Сталеска. Секој ученик, но и гостинот интерактивно можеше и се вклучуваше и сите заедно си раскажувавме за спортот и ракометот. Научивме многу нови нешта. На крајот од часот поставуваме прашања до гостинот, а тој со задоволство ни одговараше. Овој час предизвика големо задоволство и возбуда кај сите. Бидејќи се покажавме како добри домаќини, гостинот ни вети дека кога ќе се промени состојбата со пандемијата, ќе дојде да не посети во живо и заеднички да одржиме практичен час по ФЗО и дека ќе не покани да гледаме еден спортски натпревар од трибините додека тој и неговите колеги ракометари ќе се борат да освојат златен пекар, победа за Македонија. Каква беше атмосферата на часот можете да видите од фотографиите и линкот од видеото. 

                                                               Одговорен наставник: Кети Сталеска 




Нема коментара:

Постави коментар