петак, 20. октобар 2023.

Донација од Амбасада на Народна Република Кина

 

На  ден 16.10.2023 година делегација на амбасадата на НР Кина, предводена од амбасадорот Zhang Zuo, го посетија училиштето Рајко Жинзифов, симбол на кинеско – македонското пријателство” во населба Драчево и обезбедија донација од 27 таблети. Модерните технолошки ресурси значат силна поддршка во унапредувањето на наставниот процес, како значаен фактор за остварување на полниот потенцијал на учениците.

Неговата екселенција и неговите придружници беа свечано пречекани од директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов, претстваникот на Општината Кисела Вода Сашо Јовановски и дел на вработените во ООУ „Рајко Жинзифов“ . По тој повод беа интонирани химните на двете држави во училишниот двор.

Обезбедената поддршка во таа насока од страна на НР Кина дополнително го зголемува значењето на кинеско-македонското пријателство кое се гради веќе долги години.

ООУ Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” беше изградено во 2014 година, како целосна донација од НР Кина.

Во знак на благодарност на членовите на делегацијата им беа подарени подароци рачно изработени од учениците и нивните наставници. Креативните изработки содржат симболи на традиционалните национални обележја на двете држави.









понедељак, 16. октобар 2023.

Отворен час на тема „Европски ден на јазиците“

     На ден 21.9 2023 се одржа отворен час на тема „Европски ден на јазиците“ од страна на предметните наставници Анета Макревска и Магдалена Бадарова, во паралелката Iа одделение.

    На почетокот на часот наставничките се претставија и им објаснија на учениците за Денот на Европските јазици,кој се прославува на 26.9 2023, зошто учиме стански јазици, за кои странски јазици слушнале првачињата, а гости на часот беа и ученици од шесто и семо одделение, кои им се претставија на првачињата на англиски јазик,  што беше мошне интересно за учениците.

    Преку песна која беше пуштена на екранот, првачињата беа запознаени со повеќе начини на поздравување, односно поздравување на повеќе јазици, пееа сите заедно. Добија знаменца на кои пишува „здраво“ на неколку европски јазици, и учениците ги залепија на стапчиња и се поздравуваа. Потоа  им беа поделени знамиња од неколку европски држави, кои учениците соодветно ги боеја. На крај им беа поделени рамки за слика, составени од знамиња на држави од Европа, каде што се нацртаа како се чувствуваа за време на часот.

    На крајот од часот им беа поделени мафини на кои имаше знаменца од различни европски држави кои беа подарок од нивната наставничка.



петак, 13. октобар 2023.

Одбележен Меѓународниот ден на менталното здравје

               По повод на Меѓународниот ден на менталното здравје 10.10.2023 година училишниот психолог реализираше работилница на тема „Грижа за менталното здравје“ во централното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ со учениците од VI – а, б и в.

            На ден 13.10.2023 година работилницата беше одржана во подрачното училиште со учениците VI – г одделение.

            Големото количество информации, кои не се слика на реалноста и создаваат услови за повлекување на младите, социјална изолираност и чувство на неприфатеност предизвикуваат одредени когнитивни, емоционални и бихејвиорални промени кај младата популација.

            Целта на работилницата е учениците на соодветен начин  да се соочат со секојдневните стресни ситуации, како и раното детектирање на проблемите кај младите, кои се повеќе се под притисок на влијанието и прекумерната употреба на социјалните медијуми.




Одговорни

Бранка Бранковиќ Стојковиќ


четвртак, 12. октобар 2023.

Препознавање и управување со конфликтите преку поттикнување на конструктивни решенија

                      На ден 12.10.2023 година училишниот психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ заедно со одделенскиот наставник Кети Сталеска реализираше работилница на тема „Разрешување на конфликти“ во II – в одделение во централното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“.

            Целта на оваа работилница е да се унапредат односите и комуникацијата помеѓу учениците, да се зајакнаат знаењето и вештините на учениците за конструктивно решавање на конфликти, како и да се развие способност да се идентификува изворот на конфликтот.

Одговорни







Одговорни

Бранка Бранковиќ Стојковиќ

Кети Сталеска


понедељак, 9. октобар 2023.

Извештај од реализирана работилница по повод Светскиот ден на учителот

 

На ден 5.10.2023 год. по повод Светскиот ден на учителот  се реализираше заедничка работилница меѓу учениците од II-д и VIII-г одделение од подрачното училиште. Учениците од осмо одделение заедно со нивната наставничка по македонски јазик во рамките на Детската недела изготвија некои од детските права кои потоа ги читаа  и истите  ги подарија на учениците, наставниците, педагогот, психологот и директорот додека пак учениците од второ одделение изработија ланчиња од различни материјали, а потоа ги поделија на наставниците како подарок по повод празникот на учителот.

 








Одговорни наставници:

Елена Стојановска

Александра Милчева

Извештај од реализираната свечена приредба по повод Детска недела

 

„Јас и светот околу мене“  беше мотото на овогодинешната Недела на детето која се одбележа со низа активности , а заврши со свечена приредба реализирана на 6.10.2023 година со давање заклетва, поделба на детски пасоши и беџови, а се во чест на идните членови на Детската организација - првачињата. На свечената приредба организирана во подрачното училиште свој придонес дадоа учениците од I до V одд. кои со своите наставници подготвија детски кореографии, рецитал и драматизација. На приредбата присуствуваше и директорот на училиштето.

Честитки на новите членови!

Благодарност до сите учесници!!!

           


                                              

                                                        








Одговорни наставници:

Елена Стојановска

Валентина Димишковска

5 ОКТОМВРИ – ДЕН НА УЧИТЕЛОТ

 

По повод Светскиот ден на учителот - 5 Октомври, ние учениците во нашето училиште се обидовме преку стохови и изработки да го одбележиме овој значаен ден и воедно да им укажеме една голема благодарност на нашите наставници за нивниот придонес да станеме личности со вистински вредности и вистински знаења, и да им упатиме искрени честитки со многу љубов и благодарност. Литературното читање се одржа во училишниот хол, но творбите беа прочитани и на училишната разгласна станица под раководство на наставниците по македонски јазик: Љуба Мишевска и Каролина Коларовска.                   

НЕКА ВИ Е ЧЕСТИТ ПРАЗНИКОТ ДРАГИ НАСТАВНИЦИ!







Одговорни наставници

Љуба Мишевска

Каролина Коларовска

Млади библиотекари III - г одделение

 

Учениците од III-г одделение од подрачното училиште и официјално станаа членови на училишната библиотека. Се запознаат со професијата библиотекар. Библиотекарката на интересен начин преку презентација и работилница ги запозна со својата работа, со фондот на книги со кој изобилува библиотеката, со жанровите на книги, бонтон однесувањето кое важи во библиотеката и им посака добредојде на идните читатели преку поделба на мудри мисли и членски карти.



Учениците изработија креативни Bookmarks - обележувачи на страници, кои ги подарија во училишната библиотека за другарчињата идните читатели.






Среќно во другарувањето со книгите!!!

Одговорни

Ирена Ѓоршевска

Александра Милчева

среда, 4. октобар 2023.

Часовници со римски броеви, изработени од ученици од шесто одделение

 

На ден 3.10.2023 под менторство на предметен наставник по математика Марина Станоеска, ученици од шесто одделение во централното училиште изработиа часовници со римски броеви. Целта на оваа активност е учениците да на забавен и креативен начин да ги научат римските броеви.



Одговорен наставник

Марина Станоеска


уторак, 3. октобар 2023.

Извештај од реализираната средба со психологот во II – г и II – д одделение во Пинтија

 

На ден 2.10.2023 година е реализирана средба со училишниот психолог во второ одделение во подрачното училиште во Пинтија, сѐ со цел учениците да се запознаат со работата на училишниот психолог во училиштето.  




Учениците преку презентација и вежба беа запознаени со главните работни задачи на психолог во училиштето.




Одговорни:

Бранка Бранковиќ Стојковиќ

Елена Стојановска

Валентина Димишковска


Извештај од реализираната средба со библиотекарот III - д одделение

Учениците од III-д одделение под раководство на одделенскиот наставник Билјана Илиева во понеделникот на ден 2.10.2023 год. заедно со библиотекарот Александра Милчева беа примени во училишната библиотека при ООУ „Рајко Жинзифов“.



Библиотекарот им организираше работилница „Волшебниот свет на книгата“ во која секој ученик активно учествуваше и го даде својот придонес со свои идеи и размислувања. Воедно им беа поделени членски книшки и со радост беше поздравен библиотекарот до следното видување. III-д со нетрпение ја очекува следната работилница.

 


Одговорни

Александра Милчева

Билјана Илиева

петак, 29. септембар 2023.

Извештај од првиот состанок на училишниот парламент


На 27.9.2023 год. оддржан е прв состанок на училишниот парламент во просториите на централното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“. Членовите на ученичкиот парламент на првиот состанок беа повикани од директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов. На присутните најпрвин им се обрати директорот на училиштето, кој во свое излагање им посака успешна работа на новоизбраните членови.

На состанокот беа прецизирани критериумите за избор на претседателство на УП како и членови во училишниот одбор. Изборот на претседателството се реализираше преку тајно гласање.


Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение.  Учениците  кои сметаат дека ги исполнувват критериумите пополнија формулар за кандидатура за претседател на ученички парламент се: Ема Станоеска IX-б,  Андреа Јанкова IX-б, Андреј Јаневски IX-в. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избран Андреј Јаневски од IX-в одд, а за неговиот заменик Ема Станоеска од IX-а одделение.  За записничар на состаноците е избрана Кристина Цветковска IX-в одд. Избраните ученици искажаа задоволство од искажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.

Училишниот парламент избра и двајца членови кои по потреба ќе присуствуваат и на седниците на совет на родители заедно со претседателот на училишниот парламент. Претседателот на училишен парламент ќе добива покани и за седниците на наставнички совет.



    Во просториите на подрачното училиште во Пинтија на ден 28.9.2023 год. одржан е прв состанок на УП во кој учество земаа новоизбраните членови, претседатели и заменици претседатели на заедницата на паралелките. Едногласно се избрани двајца претставници Јована Кузмановска и Матеј Николовски од IX-г одделение. За записничар на состаноците избрана е Илина Трајкоска VIII – г одделение.

Одговорни

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ