петак, 29. септембар 2023.

Извештај од првиот состанок на училишниот парламент


На 27.9.2023 год. оддржан е прв состанок на училишниот парламент во просториите на централното училиште ООУ „Рајко Жинзифов“. Членовите на ученичкиот парламент на првиот состанок беа повикани од директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов. На присутните најпрвин им се обрати директорот на училиштето, кој во свое излагање им посака успешна работа на новоизбраните членови.

На состанокот беа прецизирани критериумите за избор на претседателство на УП како и членови во училишниот одбор. Изборот на претседателството се реализираше преку тајно гласање.


Право на номинација имаа сите ученици од осмо и девето одделение.  Учениците  кои сметаат дека ги исполнувват критериумите пополнија формулар за кандидатура за претседател на ученички парламент се: Ема Станоеска IX-б,  Андреа Јанкова IX-б, Андреј Јаневски IX-в. Гласањето се спроведе тајно и по пребројувањето на гласовите за претседател е избран Андреј Јаневски од IX-в одд, а за неговиот заменик Ема Станоеска од IX-а одделение.  За записничар на состаноците е избрана Кристина Цветковска IX-в одд. Избраните ученици искажаа задоволство од искажаната доверба, но воедно ветија дека максимално ќе се вложат за подобрување на квалитетот во училиштето и неговото организирање.

Училишниот парламент избра и двајца членови кои по потреба ќе присуствуваат и на седниците на совет на родители заедно со претседателот на училишниот парламент. Претседателот на училишен парламент ќе добива покани и за седниците на наставнички совет.



    Во просториите на подрачното училиште во Пинтија на ден 28.9.2023 год. одржан е прв состанок на УП во кој учество земаа новоизбраните членови, претседатели и заменици претседатели на заедницата на паралелките. Едногласно се избрани двајца претставници Јована Кузмановска и Матеј Николовски од IX-г одделение. За записничар на состаноците избрана е Илина Трајкоска VIII – г одделение.

Одговорни

педагог Весна Рафеска

психолог Бранка Бранковиќ Стојковиќ


Нема коментара:

Постави коментар