петак, 20. октобар 2023.

Донација од Амбасада на Народна Република Кина

 

На  ден 16.10.2023 година делегација на амбасадата на НР Кина, предводена од амбасадорот Zhang Zuo, го посетија училиштето Рајко Жинзифов, симбол на кинеско – македонското пријателство” во населба Драчево и обезбедија донација од 27 таблети. Модерните технолошки ресурси значат силна поддршка во унапредувањето на наставниот процес, како значаен фактор за остварување на полниот потенцијал на учениците.

Неговата екселенција и неговите придружници беа свечано пречекани од директорот на училиштето доц. д-р Горанчо Јакимов, претстваникот на Општината Кисела Вода Сашо Јовановски и дел на вработените во ООУ „Рајко Жинзифов“ . По тој повод беа интонирани химните на двете држави во училишниот двор.

Обезбедената поддршка во таа насока од страна на НР Кина дополнително го зголемува значењето на кинеско-македонското пријателство кое се гради веќе долги години.

ООУ Рајко Жинзифов, симбол на кинеско-македонското пријателство” беше изградено во 2014 година, како целосна донација од НР Кина.

Во знак на благодарност на членовите на делегацијата им беа подарени подароци рачно изработени од учениците и нивните наставници. Креативните изработки содржат симболи на традиционалните национални обележја на двете држави.









Нема коментара:

Постави коментар