четвртак, 19. октобар 2017.

=МЕСЕЦ НА КНИГАТА=

      Во рамките на одбележување на Месецот на книгата 2017, беше изготвен информативно-едукативен печатен материјал кој беше поделен во секоја паралелка од 3-то до 9-то одделение.
   Темата на материјалот беше ШТО Е КНИГА?. Од него учениците имаа можност да се запознаат со поимот книга (што се подразбира под тој поим) како и со развојот на книгата низ историјата.

                                                         ШТО  Е  КНИГА?

Книга е збир на пишани, печатени, илустрирани или празни страници, изработени од хартија, пергамент или друг вид на материјал, обично прицврстени заедно од едната страна.
Секоја страна на лист од книгата се нарекува страница. Книга направена во електронска форма е позната како електронска книга или скратено е-книга.
Книгите исто така се однесуваат и на литературни творби. Во библиотеките постои разлика меѓу периодичните часописи, магазини или весници и книгите. Една книга може да се подели во неколку тома или секции, и тогаш секоја од нив се нарекува исто така книга, но содржи и број, на пример прва книга, втора книга, итн. Вљубеникот во читање книги се нарекува библиофил.
Местото каде се купуваат и се продаваат книгите се нарекува книжарница, а местото од каде што се позајмуваат книгите се нарекува библиотека.
Во 2010 година Гугл проценил дека постојат околу 130 милиони наслови на книги во светот.

                                                            Антика
Кога е измислено пишувањето во древните цивилизации, било користено речиси сè што може да служи како подлога за пишување: камен, глинена плоча, кора од дрво и друго. Користење на азбука се појавува во Египет пред околу 5000 години. Во тоа време најчесто се пишувало на папирус, растение кое расте покрај реката Нил. На почеток зборовите биле слеани еден до друг (scriptura continua) и не постоеле интерпункциски знаци. Текстовите се запишувале од десно кон лево, од лево кон десно, а најчесто наизменично и во двата правца

                                                      Свиток 
Папирусот се користел за пишување во древен Египет, најверојатно уште во текот на првата династија, но првите зачувани докази датираат од времето на петтата династија (околу 2400 п.н.е.). Листовите од папирус биле залепени заедно во форма на свиток. Се користела и кора од липа.
Според ХеродотФеникијците ги донесле пишувањето и папирусот во Грција околу десетиот или деветиот век пред нашата ера. Грчкиот збор за папирусот како за материјал на кој се пишува бил библион (biblion) а за книга библос (biblos), а доаѓал од феникискиот град-пристаниште Библос (Byblos), од каде се извезувал папирусот за Грција.[4] Од грчкиот јазик исто така доаѓа и зборот том (грчкиτόμος), или на латински јазик томус (Tomus), со значење посебна книга која е дел од целината на повеќе книги.
Свитоците биле често користена форма за книги во хеленската, латинската, кинеската и еврејската култура. За време на Римската империја е развиен нов формат на составување на книгите, познат како кодекс

                                                      Кодекс
Свитоците од папирус биле користени и во првиот век од нашата ера, за што сведочат пронајдоците од Помпеја. Првата книга направена во форма на кодекс е од крајот на првиот век. Но, кодексот не се здобил со голема популарност во тоа време. Постепено бил прифаќан поради неколку економични причини.
Форматот кодекс се восочни таблички на кои можело да се пишува, понекогаш дрвени таблички натопени во восок. Тие биле полесни за носење, за ракување и за криење, но исто така ја имале предноста на бришење на напишаното со тоа што восокот можел да се истопи и повторно од него да се направи восочна табличка за пишување. Ова било значаен фактор за употреба на овој формат во школите како и при водење белешки.
Во 5 век, Исидор од Севилја во својата книга Етимологија (Etymologiae, VI.13) ја објаснува врската меѓу кодекс, книга и свиток: „Кодексот е составен од многу книги, а книга е еден свиток.“

Среден век

После падот на Римското Царство во 5 век, станало тешко да се набави папирус, заради намалените контакти со Египет, па така пергаментот станал главен материјал на кој се пишувал. Во тоа време манастирите ја продолжиле традиција на пишување, односно препишување на текстови. Пред појавата на печатарските машини, сите книги биле препишувани рачно, што ги правело книгите да бидат скапи, но и во многу мал тираж. До 9 век, поголемите колекции на книги броеле околу 500 книги, а кон крајот на средниот век библиотеката на папата во Авињон како и библиотеката во Париз на  Сорбона  содржеле само околу две илјади наслови.   
Местото во манастирите каде се препишувале книгите e наречено скрипториум (scriptorium). Било забрането користење на вештачко осветлување од страв да не се запалат ракописите. Учесниците во препишувањето ја делеле работата на петмина:
·       Калиографи (Calligraphers), кои ја завршувале крајната копија
·       Кописти (Copyists), кои препишувале
·       Коректори (Correctors), кои ја споредувале книгата со ракописот од кој била препишана
·       Илуминатори (Illuminators), кои ги цртале сликите, илустрациите
·       Рубрикатори (Rubricators), кои ги боеле црвените букви
Процесот на правење на книга бил долг и макотрпен. Најпрвин се подготвувал пергаментот, потоа се подготвувале страниците, па се препишувал текстот. Препишувачот оставал празни места за илустрациите и за големите црвени букви со кои започнувале поглавјата. На крајот книгата се поврзувала. Биле користени неколку видови на мастило. Текстот бил пишуван во темно кафеава или црна боја, а се користела црвената и златната боја за украсување на текстот. За илустрациите понекогаш се користеле повеќе бои. Понекогаш пергаментот се обојувал во темно виолетова боја, а текстот бил пишуван со сребрена или златна боја.
Ирските монаси први започнале со оставање празно место меѓу зборовите во седмиот век, но ова не било прифатено како општа употреба сè до 12 век.
Кориците на книгите биле правени од дрво, пресвлечени со кожа. Бидејќи пергаментот има тенденција да се врати во формата која ја имал пред оформувањето во книга, односно страниците се виткале по некое време, на кориците имало игли за стегнување на листовите.

                                      Книги од хартија


први кои произвеле книга од хартија, откако го научиле правењето на хартијата од Кинезите во 8 век. Книгите кои ги правеле тие, биле сошиени со свила и корица од кожа. Бидејќи хартијата е поотпорна на влага, не биле потребни прицврстувачи. Производството на книги станало вистинска индустрија, а во градовите имало улици со книжарници, како на пример во Маракеш, каде само во една улица имало повеќе од 100 книжарници во 12 век. Познатата џамија Кутубија е наречена така поради нејзината местоположба на оваа улица. Според зборовите на Дон Бејкер:
Светот на Исламот ги произвел најубавите книги направени било кога. Потребата од пишување на Откровенијата кои пророкот Мухамед ги примил, ја предизвикувала и желбата да се разубави книгата која ги содржи тие зборови. Освен можеби во Кина, само во исламскиот свет кон производството на книга се пристапувало со почит. Биле ставани прекрасни илустрации со златни и живи бои, и убави корици.
Исламскиот свет во средниот век исто така развил посебна техника за репродукција на копии од книги во големи тиражи, за разлика од ракописите кои во тоа време се правеле во другите земји, каде рачно се препишувала една книга во една копија. Со тој систем, произведувале десетици или повеќе копии со едно „читање“, а со две или повеќе „читања“, лесно се доаѓало до бројката од сто копии.
Денешните книги се печатат на хартија која е специјално изработена за производство на печатени книги. По традиција, хартијата е бела за да може лесно да се чита, и е непроѕирна за да не се гледа текстот отпечатен од другата страница. Хартијата е исто така со одредена тежина. Најчесто се користи 80 грамската хартија (80 g/m²), но сепак се користат различни видови на хартија за различни намени на книгата која се печати.

                                                                 Никола Станковиќ - училишен библиотекар

понедељак, 9. октобар 2017.

СВЕЧЕНА ПРИРЕДБА ПО ПОВОД ПРИЕМОТ НА ПРВАЧИЊАТА ВО ДЕТСКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА


       Во склоп со активностите по повод Детската недела кои траеја од 02.10.2017 - 06.10.2017 година, во нашето училиште на 06.10.2017 година, беше реализирана свечена приредба за првачињата. На приредбата беа присутни сите дечиња од прво одделение заедно со нивните одделенски наставници. Преку поделба на мали флаерчиња на кои беше мотото на Детската недела и сценариото на приредбата, истата започна.
-Поздравно обраќање до присутните
 -Настап на двајца ученици со рецитирање на стихотворби за Другарство
 -Настап на  ученици со ритмичка игра „Журка“ - Златно славејче2016
-Ученици со стихотворби- Есен,  Ешко оди бос,   Рипчиња
-Пеење на песната „Ние децата“– Златно славејче 2016
-Читање на Свечената заклетва и врачување на пасошите за членови во нашата училишна заедница (Детската организација)
 Учесници во приредбата беа учениците од    IIIa ,    IIIб,   IIIв ,    IVа,   Vб, одделение.
Приредбата помина во најдобра ред и сите ученици - учесници беа задоволни од својот настап.
Одговорен наставник Татјана Трпескa


четвртак, 5. октобар 2017.

5 Октомври – Светски ден на учителот

Да се биде учител е благородна,  хумана, но истовремено и одговорна задача. Вистинската  вредност на учителот не се одредува од тоа колку знае, ниту пак од неговата способност да го пренесе она што го знае,  туку од способноста да ја стимулира желбата кај другите да знаат.

          По повод 5-ти Октомври – Светскиот ден на учителот, училиштето „Рајко Жинзифов“,  како и секоја година, организираше литературно читање, на кое учениците се претставија  со свои лични поетски и прозни творби посветени на наставниците.  Учениците имаа можност своите творби да ги напишат на мајчиниот јазик на кој што зборуваат, така се слушнаа јазиците на националностите: турски, бошњачки, грчки, ромски.


На тој начин, не само што им одадоа почит и значење  на наставниците и го одбележаа овој значаен датум, туку го развиваа и негуваа својот креативен и творечки дух. Дел од творбите беа прочитани пред наставниците, а останатите ученици имаа можност да се претстават  на часот посветен на литературно читање.
          Најмалите ученици од прво до трето одделение  ликовно се изразуваа на тема  „Мојата учителка“.



понедељак, 25. септембар 2017.

„Светскиот ден на таткото“

Веќе неколку години нашето училиште го одбележува  Светскиот ден на таткото. Оваа година во третата недела од месец септември се реализираа повеќе активности по тој повод.

Најпрво секој одделенски наставник преку соодветен текст ги запозна учениците со начинот на одбележување на Денот на таткото во повеќе држави во светот. Потоа со учениците во своите параралелки на часовите предвидени за слободни ученички активности се реализираа разновидни активности. Учениците од четврто и петто одделение твореа на тема „Мојот татко“ и литературните творби беа читани во рамките на одделението, а најуспешните беа истакнати на училишното пано. Во повеќето паралелки беа реализирани и креативни работилници каде учениците изработуваа честитки, беџови за своите татковци, дедовци... Учениците од четврто одделение дел од своите честитки ги  подарија на вработените во нашето училиште.

ЕСТЕТСКО УРЕДУВАЊЕ НА УЧИЛИШТЕТО


И оваа учебна година тимот за естетско уредување на училиштето доста  креативно и оригинално го украси училишниот хол  како за прием на првачиња, така и за првиот училишен ден на сите ученици на училиштето.
Сите училишни паноа беа грижливо   осмислени и изработени од тимот кои содржеа убави мисли за топло додбредојде на првачињата, за богатството на  другарувањето  со  сите ученици,  како и за значењето на книгите без кои немаме ниту минато ниту иднина.
                                                                                     Тим за естетско уредување на училиштето:
                                                                                                            Мануела Маркоска
                                                                                                             Весна Милановска
                                                                                                              Виолета Николин
                                                                                                            Горица Станковска




четвртак, 31. август 2017.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА!!!




       На 04.09.2017г. нашето училиште ширум ги отвори вратите за новата генерација првачиња запишани за новата учебна година.
  Учениците од вторите одделенија со свечена приредба го одбележаа овој ден.Со кореографии на песни и со песнички им го разубавија првиот училишен ден на првачињата. Им покажаа дека училиштето е нивниот втор дом, дека учителките ги очекуваат со широка насмевка. Од овој ден тие се најубавите цветчиња во цветната градина на Рајко Жинзифов. Радоста и возбудата се забележуваше и кај малите првачиња и кај нивните родители. Со среќа мили првачиња.



  Одговорни наставници: Стевановска Весна,Жежовска Светлана,Илиева Марија,Димишковска Валентина






    И во подрачното училиште во Пинтија свечено се означи почетокот на новата учебна година.
    Топло добредојде на првачињата со свечена приредба им посакаа учениците од второ до шесто одделение.
                                            Одговорен наставник: Кристина Никчевска




среда, 21. јун 2017.

ПРОМОЦИЈА НА НАЈДОБРИТЕ УЧЕНИЦИ ВО IX одделение


На 20.06.2017 год. во 18 часот во просториите на начето училиште се реализираше промоцијата на најдобрите ученици во IX одд.  од генерација  2009-2017, на која беа промовирани нивните индивидуални постигнувања во текот на деветгодишното образование во нашето училиште. На промоцијата беа поканети вкупно 20 ученика со континуиран одличен успех закитени со низа дипломи, пофалници и признанија за учества на натпревари од различни научни области. Најнапред беше промовиран ученикот на генерацијата Мартина Ристеска од IX-в одд. на која директорката на училиштето и врачи награда “таблет“ како најдобра ученичка на генерација 2009-2017 год.

Со пофалници и книги беа наградени и останатите 19  ученици кои исто така заслужуваат да бидат промовирани пред учениците, родителите и наставниците. Тоа се учениците: Ана Марија Тенџеревска, Нена Павловска, Магдалена Петрушевска и Моника Давчевска од 9-а одд; Моника Кочманова, Петар Груевски и Мила Кировска од 9-б одд; Викторија Бакиќ и Филип Ташковски од 9-в одд; Кони Маркова, Исидора Јаковлевска, Филип Ѓоргиев, Михаела Костовска, Јована Петровска, Глорија Атанасовска, Теодора Ангеловска, Ангела Трајковска, и Аника Чорбеска од 9-г одд. Со желби за понатамошни успеси промоцијата заврши. Одговорен наставник за оваа значајна свеченост е наставничката по македонски јазик Љуба Мишевска.


уторак, 23. мај 2017.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТО ОДДЕЛЕНИЕ

Согласно  годишното планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за професионалната ориентација со учениците од девето одделение.
Уште во текот на месец февруари од страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска беа применети тестови за утврдување на општите и специфичните интелектуални способности на учениците како и утврдување на професионалните интереси и примена на скали за самопроценка на професионалните интереси. По обработката на тестовите се врши поврзаност помеѓу интелектуалните способности, успехот и интересите  на учениците.
По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготвува презентација за Мрежата на средни државни училишта на град Скопје. Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна Рафеска каде учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во поедини училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните документи за запишување.
Во месец март и април 2017 година во соработка со средните приватни и државни училишта во нашето училиште со деветите одделение беа реализирани презентации од следните училишта: Средно приватно училиште „Јакија Кемал“, „Саба“,  „International Nigh School“, ДСУ „Боро Петрушевски“,ДСУ „Владо Тасевски“,Гимназија „Раде Ј Корчагин“, ДСУ„ Здравко Цветковски“ ДСУ „Браќа Миладиновци“, ДСУ „Лазар Танев“

Во текот на првата половина од месец април психологот водеше индивидуални разговори и консултации со учениците во врска со изборот на училиште за понатамошно школување и даваше писмена препорака на секој ученик за избор на средно училиште.

„Традиција“


     На 17.05.2017(среда) учениците од I- IX одделение од подрачното училиште од населба Пинтија во голем број облечени во народна носија се претставија со пригодна програма во емисијата „Голем одмор“ на МТВ. Програмата под мотото„Традиција“ беше исполнета со изведба на кореографија на народните песни „Дафино вино црвено“, „Јовано, Јованке“, „Со маки сум се родила“, изведба на буфчанското оро, извадок од драмата „Македонска крвава свадба“. Во емисијата се претставија и талентираните ученици од нашето училиште, кои ги покажаа своите трофеи: медалји, пехари и многубројни признанија кои ги стекнале на регионалните и меѓународните натпревари. Во научното катче учениците од IX одделение истражуваа, а во уметничкото катче твореа на тема„Традиција“.


Одговорен наставник: Даниела Костадинова 

понедељак, 8. мај 2017.

Ѓурѓовден



На 05. 05. 2017г. општина Кисела Вода традиционално по 19 пат го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден. Овој голем пролетен празник кој го најавува будењето на природата и празнувањето на животот со пригодна програма беше одбележан во паркот Шопен.
Во одбележувањето на овој празник беа вклучени голем број ученици од основните училишта и дечиња од градинките кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Тие пред големиот број присутни се претставија преку изведба на музичко ритмички точки. Свој придонес дадоа и ученици од нашето училиште односно сите девојчиња од трето одделение кои со цветни декорации учествуваа во Цветното дефиле.
Општина Кисела Вода со одбележувањето на Ѓурѓовден, празник кој традиционално бил прославуван од населението во општината, докажува дека се грижи за зачувување на традициите и обичаите.





Приредби за идните првачиња

На 03.05.2017 во подрачното училиште,, Рајко Жинзифов" во населба Пинтија беше одржана пригодна Приредба за нашите идни првачиња од градинката „Весели цветови“- клон ЃУРЃИЦА што ја подготвија учениците од I - V одд. Од училиштето им подаривме Боенка и дрвени боички. Идните првачиња го покажаа задоволството од посетата во нашето училиште и не поканија да ја посетиме нивната Градинка!




Приредба во градинката „8 Март“ - населба Драчево

На 04.05.04.2017 година учениците од петтите оделенија од централното училиште под раководство на нивните одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана Стефковска, Билјана Илиева и Елена Стојановска со дел од планираните слободни активности организираа пригодна програма и се претставија пред дечињата од соседната градинка, идните првачиња.
На оваа приредба од страна на учениците беа изведени неколку драматизации и ритмички игри. За време на приредбата преовладуваше весело расположение, а задоволството беше почувствувано од двете страни.

На крајот од приредбата на дечињата им беа поделени брошури со боенка и дрвени боички .