На 05. 05. 2017г. општина Кисела Вода
традиционално по 19 пат го одбележа својот патронен празник Ѓурѓовден. Овој
голем пролетен празник кој го најавува будењето на природата и празнувањето на
животот со пригодна програма беше одбележан во паркот Шопен.
Во одбележувањето на овој
празник беа вклучени голем број ученици од основните училишта и дечиња од
градинките кои гравитираат на територијата на општина Кисела Вода. Тие пред
големиот број присутни се претставија преку изведба на музичко ритмички точки. Свој придонес дадоа и ученици од
нашето училиште односно сите девојчиња од трето одделение кои со цветни
декорации учествуваа во Цветното дефиле.
Општина Кисела Вода со
одбележувањето на Ѓурѓовден, празник кој традиционално бил прославуван од
населението во општината, докажува дека се грижи за зачувување на традициите и
обичаите.
Приредби за идните првачиња
На 03.05.2017 во подрачното училиште,, Рајко
Жинзифов" во населба Пинтија беше одржана пригодна
Приредба за нашите идни првачиња од градинката „Весели цветови“- клон
ЃУРЃИЦА што ја подготвија учениците од I - V одд. Од училиштето им подаривме
Боенка и дрвени боички. Идните првачиња го покажаа задоволството од посетата во
нашето училиште и не поканија да ја посетиме нивната Градинка!
Приредба во градинката „8 Март“ - населба Драчево
На 04.05.04.2017 година учениците од петтите оделенија
од централното училиште под раководство на нивните одделенски наставници Софија Лукровска, Билјана
Стефковска, Билјана Илиева и Елена Стојановска со дел од планираните слободни активности организираа
пригодна програма и се претставија пред дечињата од соседната градинка, идните
првачиња.
На оваа приредба од страна на учениците беа изведени
неколку драматизации и ритмички игри. За време на приредбата преовладуваше
весело расположение, а задоволството беше почувствувано од двете страни.
На крајот од приредбата на дечињата им беа поделени
брошури со боенка и дрвени боички .
Нема коментара:
Постави коментар