Согласно годишното планирање и оваа учебна година беа
реализирани повеќе активности за професионалната ориентација со учениците од
девето одделение.
Уште во
текот на месец февруари од страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска
беа применети тестови за утврдување на општите и специфичните интелектуални
способности на учениците како и утврдување на професионалните интереси и
примена на скали за самопроценка на професионалните интереси. По обработката на
тестовите се врши поврзаност помеѓу интелектуалните способности, успехот и
интересите на учениците.
По
објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготвува
презентација за Мрежата на средни државни училишта на град Скопје.
Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна Рафеска каде
учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во поедини
училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети кои
се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните
документи за запишување.
Во
месец март и април 2017 година во соработка со средните приватни и државни
училишта во нашето училиште со деветите одделение беа реализирани презентации
од следните училишта: Средно приватно училиште „Јакија Кемал“, „Саба“, „International
Nigh School“, ДСУ „Боро Петрушевски“,ДСУ
„Владо Тасевски“,Гимназија
„Раде Ј Корчагин“, ДСУ„ Здравко Цветковски“ ДСУ „Браќа Миладиновци“, ДСУ „Лазар
Танев“
Во
текот на првата половина од месец април психологот водеше индивидуални
разговори и консултации со учениците во врска со изборот на училиште за
понатамошно школување и даваше писмена препорака на секој ученик за избор на
средно училиште.
Нема коментара:
Постави коментар