уторак, 5. март 2013.

ПАТРОНАТ 2012/2013 год.

Оваа учебна година патрониот празник на нашето училиште го одбележавме во текот на месец март 2013 год. преку организирање креативни работилници и литературен и ликовен конкурс под мотото „Децата сакаат...“.

За вложениот труд учениците добија соодветни признанија:



Работилници:
            Специјална пофалница за најмасовно учество во креативната работилница „Каде и да сме, ние сме тие!“ во која учествуваа учениците од 3-б, 4-б,в,г и 5-б,в (околу 150 ученици) кои твореа, играа и се забавуваа на отворен простор, во дворот на гимназијата „Браќа Миладиновци“ каде привремено ја посетуваат наставата.
Учесниците на работилницата ја избраа црвената боја, боја која го претставува видливиот дел на спектарот на светлината, боја на љубов, радост, боја на крвта, но и боја која често означува работи кои се многу, многу важни.








Пофалници за учество на 3-а, 4-а, Пинтија 1, 2, 3, 4, 5,















Литературен конкурс:

Одделенска настава: 2 одд.
                        Пофалница за најмлад учесник
                                    Трпевски Филип 2-б 

Децата сакаат...



Сите деца сакаат
секаде да има мир,
сите да се среќни
под небеснава шир.

Радост нека има,
Сонцето нека грее,
Во мир секое дете
песна да си пее.

Да нема војни
и да нема глад,
среќен нека биде
и стар и млад.

 


Одделенска настава: 3 одд.
            Прво место: Ева Карамановска 3-б

Децата сакаат...

Децата сакаат
да играат и пеат
и многу, многу
слатко да се смеат.

Децата сакаат
тајни разговори да водат
и со својата симпатија
во кино да осат.

Децата сакаат
многу петки
и убави подароци
од вујни и тетки.

 


Второ место: Марко Георгиев 3-г
ДЕЦАТА САКААТ...

Децата сакаат љубов.
Децата сакаат грижа.
Децата сакаат игра.
Децата сакаат чиста и здрава околина.

Децата сакаат реки и езера бистри.
Децата сакаат паркови и зеленила чисти.
Децата сакаат топло сонце што грее.
Децата сакаат чиста и убава природа што се смее.
 

Трето место: Ема Андреска 3-а


Одделенска настава: 4 одд.
            Прво место: Јана Андреска 4-а
Децата сакаат

Децата сакаат наутро
топло сонце да ги грее
и славејот убави
песни да им пее.

На ливада зелена
да играат
и цвеќиња шарени
да собираат.

Децата сакаат безгрижно
и слободно да растат
да се смеат
и весели песни да пеат.

Секој насмев да им дари,
љубов голема в шир
и да им речат
Расни дете во
слобода и мир!
 

Второ место: Марија Трајаноска 4-д
Децата сакаат ...

Децата сакаат
игри и песни,
училиште и лекции лесни.

Децата сакаат
да бидат славни
и насекаде главни.

Децата сакаат
да фантазираат
и некои работи
самите да ги одбираат.

Децата сакаат
да пеат и да се смеат,
Насекаде детските
гласови да пеат.

Децата сакаат
да имаат семејство и топол дом,
безгрижно детство како сон.
 

Трето место: Јана и Ана Кузмановски 4-б
ДЕЦАТА САКААТ

Децата сакаат полна вреќа
со многу среќа.

Децата сакаат да решаваат тестови
и кога добиваат петки
среќни се и нивните тетки.

Децата сакаат да се здрави
и секогаш да се прави.

Децата сакаат
да сликаат со четки
и да добиваат многу петки.
 

Одделенска настава: 5 одд.
            Прво место: Марио Костески 5-б 
ДЕЦАТА САКААТ ...

Секое дете сака
да го допре
топла, нежна, мила
мајчинска рака.

Секое дете сака
топол збор
совет зрел
татковски, смел.

Ајде деца сите
со желбите свои
направете цвет
во сите бои!

Нека зборот среќа
биде ваше мото
бидете сите среќни
како седумка на лото.
 

Второ место: Мартина Ристеска 5-а

Децата сакаат...

Децата сакаат да играат и да се смеат,
децата сакаат весело да пеат.

Децата сакаат приказни разни,
Децата сакаат бајки и сказни.

Децата сакаат чоколади,
но поздраво е да јадат банани.

Децата сакаат пчелички волет
што летаат кон убав мајски цвет.

Децата ги сакаат годишните времиња,
децата ги сакаат свилените кебиња.

Децата сакаат сè да биде во ред,
Децата сакаат сè да тече како мед.
 

Трето место: Аника Чорбеска 5-г
Децата сакаат ,,,

Секому да подадеме рака,
Секој човек да се сака,
да раснеме големи вишни,
да сонуваме желби скришни.
Да нурнеме долу во длабочина
да се кренеме горе во височина,
да трчаме по ливади зелени
тоа е нашиот сон од пелени.
Да го доживееме убаво светот
така да го опишеме векот.
Јас пак сакам татковина вечна
само така ќе бидам среќна.
 

            Предметна настава: 6 одд.
            Прво место: Андреј Павловски 6-в
ДЕЦАТА САКААТ...

Игра и забава
радост и шеги мали,
насмеани лица наоколу
и љубов секогаш да ги гали.

Мир сакаат тие,
секоја земја да ја видат,
со многу деца да се запознаат
и со нив другарчиња да бидат.

Сакаат и многу работи да научат,
од книгите ум да добијат,
секаде со ум ќе победуваат
како Давид што го победил Голијат.

Децата сакаат мали нешта.
Тие се убавината на светот наш.
Сите луѓе треба да го чуваат детското во себе
земјата така ќе биде среќна баш.
 

Второ место: Даниела Трајковска 6-а
Децата сакаат ...

Децата сакаат да пеат да играат и
да се смеат.
Сакаат весели да им минуваат дните
и да шетаат за распуст кај роднините

Тие сакаат внимание и почит
Бескрајна љубов и длабок поглед в очи.

Децата сакаат да играат со кал
Секако то го прави секој човек додека емал
Палавоста им е силна страна
И по некоја залутана болна рана.

Сакаат долги прошетки низ полјани цветни, и облеки
летни.
Некој од нив сака да чита книга
друг пак да гледа фудбалска лига
и  да навивваат гордо сите среќни да им бидат дните.

Бели, црни и жолти раси
Сите деца заедно се мамини мази.
 

Трето место: Никола Жежовски 6-в
ДЕЦАТА   САКААТ ..

Децата сакаат
љубов и грижа
спокојни денови
да се нижат.
Децата сакаат
радост и смеа
топли насмевки
да ги греат.
Децата сакаат
дом топол и светол
безгрижно детство
да има во светот.
 

            Предметна настава: 7 одд.
            Прво место: Дамјан Ѓоргиев 7 (9)-г
Децата сакаат...

Децата можат да посакаат се
тие го посакуваат цел свет,
а ние треба барем малку
да им овозможиме
Иако им е доволен и само еден цвет.

Тие посакуваат
Едно шекерно бонбонче,
А во сништата сонуваат
За едно пони, едно мало коњче.

Тие сакаат едно мало кученце,
Палаво и меко,
Но и едни сандалчиња
По можност од Пеко.

Тие сакаат
Точаче шарено,
И една кашичка од
Компирче варено.

Децата сакаат еден
Сладолед ладен,
А не некое јадење
Како авокадо “гаден“.

Тие ја сакаат
Природата чиста,
Но и една чаша
Од вода бистра.

Тие сакаат
Сонцето силно да грее,
Тие сакаат знамето на татковината
Високо да се вее.

Децата сакаат војни да нема,
Да  тераат една децка шема,
Шема со среќно детсатво поминато
А не во војна невино загинато.
 

Второ место: Јана Николин 7 (9)-в
Д е ц а т а  с а к а а т . . .

Ако секој навлезе бар малку
во детското срце и душа,
ќе сфати што детето сака,
ќе научи детето да го слуша.

Детското срце е еневино и чисто,
не сака поделби, сака сите да се исто.
Јазикот никогаш да не нé дели,
да нема црни, жолти и бели!

Децата го сакаат училиштето свое,
насмевка топла и нежен збор
од секој свој професор,
а сé да се решава со договор.

Децата сакаат и топол дом,
безгрижно утро, мирен сон.
Со родителска грижа, семејство мило,
секое дете среќно би било.
Да расте со љубов, среќа и радост,
низ игра да се подготвува за својата младост.
 

Трето место: Теодора Несторовска 7 (9) – б 
Децата сакаат ...

Децата сакаат,
волшебство сјајно,
преточено во игри
и детство трајно.

Децата имаат
скриени желби,
децата сакаат
љубов, а не делби.

Нивната игра
е ко магија сјајна,
нивното мислење
е детска тајна.

Децата се тие
кои сакаат да бидат
славни пеачи, доктори
и светот да го видат.

Децата се мили
и убави ко цвет,
тие се иднината
на целиот свет.
 

Предметна настава: 8 одд.

            Прво место: Стефаниа Цветковска 8-а
 
Децата сакаат...

„Гледајте го небото. Прашајте се: дали овцата го изела цвеќето или не? И ќе видите како сè се менува...
А возрасните, никој од нив никогаш не ќе разбере дека тоа има толку голема важност“.
(„Малиот принц“ -  Антоан де Сент-Егзипери)

Најубавото чувство, најискреното чувство на овој свет е да бидеш дете. Кога си дете, го гледаш светот со поинакви очи. Кога си дете, сакаш поинакви работи. Кога си дете, не ти е грижа што мислат и ќе речат другите.  Кога си дете немаш грижи... но сето тоа ќе се смени…
Децата сакаат топла прегратка од мама, искрена насмевка од тато, убав збор од некој што им значи. Сакаат сите возрасни да го гледаат светот како што го гледаат тие... Но, децата што не можат да го добијат тоа, можеби посакуваат само топол дом, само една искрена мала насмевка... Барем за момент да почувствуваат дека имаат на кого да се потпрат, дека имаат на кого да веруваат и дека не се сами. А, некои деца, пак, сакаат полни раце бонбони и чоколади. Само така слатко ќе ги измамиш и ќе ги направиш среќни. Има деца што ги сакаат спомените. Тие им дозволуваат да отидат во минатото и на миг да се потсетат на некои убави моменти, зашто во детската глава, треба само такви и да има. Некои ја сакаат светлината на денот, некои ноќта...
Детската љубов, онаа најискрената е најкревка и најсилна во исто време, затоа децата сакаат да сакаат.  Некои сакаат филмови, некои сакаат нивниот живот да биде филм. Некои сакаат сè, но не знаат да ценат. Некои деца сакаат да бидат сами, само затоа што мислат дека не можат да се вклопат со другите, некои сакаат со часови да седат,  да шетаат или бесцелно да гледаат во еден ѕид. Некои сакаат и да се откажат од своите соништа само затоа што тоа е полесно отколку да бидат доволно силни за да си ги остварат.
Децата можат да бидат причината да се сменат самите себе си, но можат да бидат и причина некој друг да стане подобра личност. Децата сакаат и да помагаат. Затоа што децата се толку невини можеш да ги излажеш и со најглупавата лага на целиот свет.
Кога бев мала, најмногу од сè моето мало детско срце го исполнуваа игрите поминати на улица - најубавиот дел од животот на скоро сите деца. А штом сонцето ќе зајде, најтажниот дел беше  кога мајка ти ќе викне: „Ајде дома, доцна е!“, а ти испарталавен, испотен си одиш дома и веќе мислиш како ќе се одвива истата игра другиот ден...
Ете, тоа се децата. Само треба да се погледне подлабоко во нивните очиња и да се сфати што всушност тие навистина сакаат...

           

Второ место: Катерина Фиданоска 8-в
                                                     Децата сакаат...
    Она што го прави светот поубав и посреќен се децата. Децата се најмилите и најневините суштества на планетата. Со нивната детска насмевка и неви-ниот поглед го стоплуваат и најстуденото срце. Необјаснивата љубов кај луѓето ја предизвикуваат со нивното доаѓање на овој свет. Детското срце знае да сака искрено и затоа детската љубов е најсилна. Децата знаат да те расположат и кога си тажен, знаат да ти измамат барем една насмевка. Но, сте се запрашале ли што всушност децата сакаат, по што тие копнеат?
    Сè што сакаат децата е барем малку љубов и топла прегратка. Желбата на секое дете е да биде сакано. Да има некој покрај него, некој кој ќе му пружи љубов. Децата копнеат за топла прегратка, за убави зборови и насмеани лица. Тие не знаат за различности, за омраза, лицемерие, дволичност или непријателство. Со силните прегратки и целото свое срце ја изразуваат својата љубов. Децата даваат толку многу, а за возврат бараат само малку. Тие со моќта на нивната искрена љубов можат да направат да затреперите.Тоа што го сакаат од вас за возврат е само топла насмевка.Сакаат да ве направат среќни, да ви ја пренесат и вам таа среќа, таа радост и желба за живот. Нивните желби се искрени и се всушност, сето она што им треба да се чувстуваат среќно и задоволно.Тие, всушност, ни го покажуваат патот кон убавите нешта, кон искрената љубов и среќата. Децата нѝ покажуваат дека она што нѝ е потребно е љубовта. Нѐ учат дека треба да сме насмеани без разлика на сè. Нѐ учат да сакаме, да сакаме искрено со сето свое срце.
     Тоа што децата го сакаат е најважното во животот. Тоа што тие го споделуваат е бесценето. Моќта на нивната насмевка е безгранична. Децата се тие што ни ја создаваат топлината во срцето, ни го разубавуваат животот и ни го осветлуваат вистинскиот пат. Тие се најголемото богатство. Затоа, детството е најубавиот период од животот. Период кога искрено сакаш и ги правиш луѓето среќни. Секој човек сака барем за миг повторно да е дете.
 

Трето место: Андреј Петрески 8-б

Децата сакаат...
                Обична спокојна вечер. Семејството собрано, филџани кафе на масата и неврзан муабет измешан со звуците што доаѓаат од вклучениот телевизор. А таму - вести. Сцени од војна некаде на Истокот, мртви тела, крв, солзи, страв во очите на децата...  A јас потонат во мирот на моето семејство, мојот град, мојата татковина... И како молња провејува мислата: зарем оние деца не го посакуваат тоа?
                Што сакаат децата? Не многу повеќе од возрасните -  мир, слобода и безгрижен ден. Можеби и по некоја насмевка повеќе, збор на утеха, заштита. Сакаат запалени свеќи на роденденската торта што значат исполнета желба, некаква дребулија што ќе им донесе изненадување и радост, а потврдува родителско внимание, братска прегратка, другарска несебичност...  
Децата сакаат разговор, се радуваат на пофалбите, среќни се за секоја одлична оценка или победа во наивната детска игра. Но, најмногу од сè го сакаат мирот и тоа спокојство во семејниот дом, таа низа од неврзани муабети  за спортот, училиштето, соседите, роднините... Сакаат во секој гест да препознаат љубов и грижа, во секој поглед – порака те слушам, во секој бакнеж – потсетување те сакам.
                За нив не е важно дали во тој дом  има или нема ЛЦД-телевизор, лап-топ компјутер, 4-5 мобилни телефона, зашто сè додека  ги следи песната на птиците распослана низ небесното синило, сè додека е до нив татковскиот совет и мајчинскиот бакнеж за добра ноќ, тие имаат сè, ја имаат сета радост на овој свет и тонат во спокојот на својот сон, среќни  што веќе утре повторно ќе ги пресретне сончевината на новиот ден.



Ликовен конкурс
Предметна настава

                        Прво место: Ангела Симова 6-б  
        
Второ место: Јана Србиновска 8-б

Трето место: Емине Чико 7(9) - в
           
            Прво одделение
Прво место: Иво Кајмаками 1- а 

Второ место: Адријан Зекири 2- в 

Трето место: Ивона Стојановска 1 - г 

            Второ одделение
Прво место: Лука Бакиќ 2-а

Второ место: Марко Станчов 2-г 

Трето место: Јована Николовска 2-в 

Трето одделение
Прво место: Ели Петреска 3-б

Второ место: Дина Цаковиќ 3-в

Трето место: Јордан Петровски 3-г

Четврто одделение
Прво место: Јана Никчевска 4-а

Второ место: Анес Куч 4-б

Трето место: Адиса Рушевиќ 4-г

            Пето одделение
Прво место: Викторија Бакиќ 5-а 

Второ место: Мартина Јаневска 5-б

Трето место: Деница Китанова 5-г

понедељак, 21. јануар 2013.

ДЕН НА ДРВОТО - 2012g.

Активности во подрачното училиште во населба Пинтија


По повод Денот на дрвото во подрачното училиште беше изведена акција за уредување на училишниот двор во кој земаа учество учениците од прво до осмо одделение. Учениците од прво и второ одделение имаа и соодветни активности на тема: „Екологија“ во своите училници.





среда, 29. фебруар 2012.

среда, 22. фебруар 2012.

Освоено второ место на литературен конкурс!!!

На литературниот конкурс по повод Денот на мајчиниот јазик, организиран од општина Кисела Вода, нашата ученичка Ања Кузмановска од  VIII б одд. го освои второто место!

Го раскажуваме минатото, пееме за сегашноста,
ја раскажуваме иднината
  
       Чудни времиња, молежливи глетки на соништата. Таму е сонот, таму е смртта. И таму е надежта за подобро утро.

       И еве, се уште го раскажуваме минатото на нашиот мајчин јазик. Задлабочена во убавината на книгата, пред мене се враќа историјата. Се враќам низ мрачни векови, барам во дното, во коренот на старите катчиња од пеколни чувства за јазикот. Нашиот мајчин јазик е толку моќен, толку силен, можеш да се  воодушевуваш со самата помисла на него. 
        Тој минал во мракот каде го чувствувале како во густа кал, како пред него трепери оморината на една морничава, безживотна безбојност. Минал низ врева која вековно ја играла својата секојдневна улога. Минал и низ препекот на сонцето, низ мразови топени во движење.
Нашиот јазик тонел каде водите се најтемни и најдлабоки, а сепак испливал на дното. Доживеал безброј падови и сплетови. Неговата историја е за сега да биде и остане нашата основа, да не држи исправени и горди во иднина, да не научи да не го загубиме идентитетот.
        Го раскажуваме минатото кое чекорејќи по бодликава патека не води до песната за сегашноста каде нашиот мајчин јазик е целосно оформен, современ литературен јазик. Но, јазикот не е статуа, тој е како недовршен роман без крај. Треба постојано да се надополнува и збогатува. Како што рекол и самиот Мисирков : „ Да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откаже од народниот дух.“
        И Словенските просветители ни го подарија богатството на пишаниот збор, зборови проткаени со мир... Нашиот мајчин јазик е единствената вистинска ѕвезда на небото, која многупати падна, но повторно се издигна до небесните височини. И ѕвездите сами паѓаат...
         Веќе нема недовршени нацрти за иднината. Сега сме уметници кои ја сликаат иднината, поети со сопствено битие и идентитет. Но, ако јазикот запре како што поетот запира пред зборовите, како сликарот пред боите, тоа не значи дека тој во нашите очи изгубил секакво значење.

Хармонијата на мајчиниот јазик, неговата убавина, рамнотежата во неговите чекори ја стопија немоќта од јавето.

Ментор: Љупка Мишевска                                                                    Изработила:
                                                                            Ања Кузмановска VIII б одд.
                                                                                                         О.У. “Рајко Жинзифов” н. Драчево

петак, 17. фебруар 2012.

Дел од поуспешните проектни задачи на тема: Собирачката дејност на браќата Миладиновци


Собирачката дејност на браќата Миладиновци
            Тешко е да се утврди кога и како се јавил интерес кај браќата Миладиновци за народното творештво и собирачката дејност. Најблиску е податокот дека тој интерес е со почеток од посетата на Виктор Григоровиќ од Русија кој патувал низ Македонија и престојувал во Охрид и Струга. Од тука потекнува идејата, но не и почеток на собирачката дејност. Тие почнале со собирање на македонски народно умотворби, скоро десет години подоцна, во 1855 година. Меѓутоа, подобро е, и посигурно дека Димитрија дури по неговиот престој во Србија, ќе си спомне за интересот на рускиот научник за народната песна и ќе почне активно да собира народни умотворби. Во тој процес го вклучил и Константин и други лица, посебно Васил Чолаков и Рајко Жинзифов. Чолаков ги собрал сите песни од Бугарија, а Жинзифов песните и обичаите за Македонија. Исто така, се споменуваат и кажувачките на македонските народни песни како Деча Кавајова од Струга и Ѓурѓа Котева од Прилеп. Најголемиот дел од песните се собрани во Македонија, особено во Струга, Прилеп и Кукуш. Но, има и песни од Струмичко, Велешко, Дебарско и Битолско. Со нивната собирачка дејност биле опфатени народни песни, годишни обичаи, свадбени обичаи, верувања, преданија за лица и места во Македонија, лични народни имиња и презимиња, поговорки, гатанки и мал македонско-хрватски речник.  Највидно место меѓу сите овие групи песни заземаат јуначките и ајдутските песни во кои се опеани Крале Марко, Момчил Војвода, Болен Дојчин, Дете Дукадинче и многу други. По неколкугодишно собирање, собрани биле повеќе од 2000 народни умотворби, браќата одлучиле материјалот да го објават во печатено дело. Тоа одело многу тешко, но со напор и работа, сепак успеале. Така настанал Зборникот издаден во Загреб, 1861 година, со помош на хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер. Во зборникот не се објавиле сите, туку само 660 песни, од кои 584 биле македонски, а другите 76 биле бугарски песни.
           Издавањето на Зборникот е круна на собирачката дејност на браќата Миладиновци. Тој е од големо значење за македонскиот народ. Со него почнува позасилено, преродбата на Македонскиот народ, дотогаш сеуште недоволно изразена.
Изработиле:
                  Катерина Фиданоска и Ангела Јорданова  VIIв одд.


Браќата Миладиновци
и нивната собирачка дејност

Браќата Миладиновци, Димитар и Константин се основачи на националната преродба во Македонија од средината на XIX век.
Димитар и Константин се родени во семејството на грнчарот Ристе Миладинов и неговата сопруга Султана Миладинова.
Браќата основно училиште завршиле во Струга, а подоцна гимназија во Јанина, денешна Република Грција.
Со диплома на учители браќата се вратиле во родниот крај каде учителстувале во повеќе места. Во училиштето во Охрид, Димитар Миладинов се сретнал со познатиот руски научник, славистот Виктор Иванович Григорович. Оваа средба била пресудна Миладиновци да почнат да се занимаваат и со собирачката дејност - собирање и запишување на македонски народни песни и други умотворби кои подоцна ги отпечатиле во еден голем ЗБОРНИК.

Зборникот на браќата Миладиновци

Во овој зборник на 538 страници голем формат се објавени вкупно 660 песни, од кои 584 македонски и 76 бугарски. Покрај тоа, во книгата се приклучени уште и свадбени обичаи од Струга и Кукуш, годишни обичаи од Струга, верувања, игри, преданија, народни имиња, пословици, гатанки и мал Македонско - хрватски речник.
Зборникот на Миладиновци, насловен како Бугарски народни песни, излегува од печат во Загреб, во текот на јуни 1861 година. Македонската наука за литература го избегнува терминот Блгарски народни песни од причини што со едно интервенто вклучување на 70 бугарски народни песни од страна на менторот на изданието, хрватскиот бискуп Јосип Јурај Штросмаер и бугарскиот преродбеник Васил Чалаков, наспроти бројката од шестотини македонски народни песни.

Марија Весковска VIIб одд.


среда, 1. фебруар 2012.

Ликот на Марко Крале предаден во народните јуначки песни

Епски народни песни

Епска песна е долга творба во стихови во која се раскажува една случка од животот на некоја историска личност или измислен лик. Зборот  еп, односно епос е од грчко потекло и значи расказ. Според тоа, во епските народни песни се раскажува за низа настани, т.е. случки кои причински се поврзани и се редат една по друга. Во епските народни песни не се одразени чувствата и душевното расположение на народниот пејач, туку се говори за предмети, настани и личности од надворешниот свет. Карактеристично за овие песни е тоа што раскажувањата се со спокоен и мирен тон, а стиховите се полни со слики, описи на личности, предмети и сл. Потеклото на епските народни песни води кон нашето најдалечно минато, но тие ја зафаќаат и нашата современост. Во нашите најстари епски песни се изразени животните погледи на нашите претци за природата што ги опкружувала. Од оваа причина тие создале претстави за постоењето на разни натприродни суштества(ламји, самовили, чуми и др.) кои многу често се среќаваат  во песните на познатиот јунак Крали Марко.   Во епските народни песни нашле одраз тешката положба на нашиот народ под турското ропство и вековните стремежи на народот, преку отпор против насилството, да се кршат ропските пранги. Народниот поет со нескриени симпатии пее за поробениот народ и за неговите заштитници, од една страна, и за отворената омраза против поробувачот, од друга страна.
Постојат повеќе видови епски песни: јуначки, ајдутски, револуционерни др. Нивна заедничка одлика е тоа што сите ја опеваат оружената борба на македонските синови, односно на целиот македонски народ против оние што го загорчуваат неговиот живот, а во прв ред, против разните народни непријатели почнувајќи од турските поробувачи, па до фашистичките окупатори од времето на Втората светска војна.
Песните ги осудуваат поробувачите и завојувачите, а со почит и гордост пеат за борците за слобода издигнувајќи многу од нив на степен на легендарни јунаци.


Ајдутски народни песни

Песните за ајдутите се јавиле како верен уметнички израз на ајдутското движиње, изразувајќи го народниот протест против социјалната неправда и стремежот кон слободен живот. Во македонските ајдутски песни опеани се подвизите на одделни слободољубиви луѓе од средината на широките народни маси кои влегувале во крвава борба со турските насилници со цел да се одмаздат за нечовечкиот однос и теророт што го вршеле над покореното македонско население.

Револуционерни народни песни

Овие песни настанале кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Борбата на ајдутите, ја продолжиле нови борци, познати под името комити односно револуционери. Нивната борба била инспирација за тогашните поети кои преку своите песни даваат извондредна слика за брзото ширење на народната свест и подготвеноста на народот да се крене на вооружена борба против турското ропство.

Јуначки народни песни

Македонската јуначка поезија, по својот карактер и тон, тематски е првенствено борбена поезија, зашто нејзината идејна подлога најчесто е сврзана со физичката борба на одделни наши јунаци со разни народни непријатели, обично поробувачи и насилници. Народот овие песни ги именувал како „старски“, „трпезарски„ или „кралски“ песни што само ја потврдува нивната старост, иако, на пример, терминот „кралски песни“ може да предизвика извесни погрешни заклучоци за нивното потекло.  Всушност, потеклото на јуначката поезија е невозможно со сигурност и точно да се одреди. За времето на нејзиното никнување и развиток постојат разни мислења. Едни сметаат дека јуначките песни започнале да се создаваат под туѓо, грчко или западно влијание (особено во времето на крстоносните војни), но не порано од XII век. Други претпоставуваат дека тие песни се развиле дури по завладувањето на Турците (XIV – XV век). Натамошниот развиток на нашата јуначка поезија трпел нови промени. За време на ропството под Турците многу од поранешните црти на првобитната јуначка поезија се изгубиле. Поради оваа причина, во постарите песни, Крале Марко е прикажан како идеален јунак, а во поновите песни тој претрпува порази од други јунаци.


  
Биографија на Крали Марко




Крале Марко (околу 1335 - 17 мај 1395) бил последниот крал што владеел во големиот дел од Македонија под повеќевековната власт на турските султани и станал најпознат јунак на епското народно творештво, не само на Македонците, туку и пошироко. Кралот Марко бил еден од четирите синови на кралот Волкашин и неговата сопруга Евросима (Елена). Освен браќата Андреаш, Иваниш и Димитри, Марко имал и сестри: Оливера, Милица, Марија и др. Имал две сопруги, Елена и Теодора, но не е познато дали имал наследник. За потеклото на семејството Мрњавчевиќ нема сигурни извори. Најстарите извори ги трврдел писателот Мавро Орбини од  XVII век. Според него, тие потекнувале од Ливно во Херцеговина од сиромашниот властелин Мрњава, кога Душан (цар) го повикал во својот двор и го издигнал.
За време на владеењето на неговоит татко, Марко ја имал титулата „млад крал“. По смрта на неговиот татко, тој станал крал, но неговото владеење се соочувало со голем број притисоци. На 17мај 1395г. во битката кај Ровине, застанувајќи на страната на турскиот султан Бајазит I и борејќи се против влашкиот војвода Јован Мирче, кралот Марко загинал. Според Мавро Орбини, Крале Марко ја загубил битката против Мирче кај Кралево,а потоа побегнал во некоја шума каде, по грешка, бил убиен од некој Влав кој мислел дека се работи за ѕвер. Некои научници велат дека мермерната плоча од ѕидот на трпезаријата во Марковиот манастир е всушност неговиот гроб. Последните зборови на Марко биле: „Го молам Бога да им помогне на христијаните, а јас прв да загинам во таа борба.“

                                  Марко Крале во македонската народна епика      

Марко Крале во македонските народни песни е познат како : Марко Крлевиќ, Марко Делибаша, Марко Прилепчанец, Марко од Вароша, Кралевиќа Марко и др.
Надворешниот лик на Марко Крале е претставен како импознатна епска фигура која со својот митски коњ шета низ сета земја, наоружан со сабја, со боздоган, и со копје, облечен во „кожув од мечиште“, на глава со „калпак од волчиште“, со густи засукани мустаци и со „очи соколови“.
Неизмерната физичка сила, Марко Крале, според преданието, ја добил од мајчинското млеко на Јана самовила како награда за укажаната помош кон нејзините самовилски деца кои жедни плачеле во планината.
Сепак, силата на Марко Крале не секогаш е опишана како доволна за разрешување на бројните опасни ситуации во кои тој запаѓал. Тука главно придонесувале итрината, измамата, помошта и советите од другите епски ликови, како и сопствената вештина. Карактерот на Марко Крале е прикажан во поетските претстави за неговото делување и конкретно однесување кон луѓето и кон средината во која тој се движел. Опшани се контрадикторни карактерни особини: од една старана восоко развиено чувство и смисла за   праведност и за помагање на слабите и безмоќните, а од друга, неоправдана суровост и штетна самопофалба.


Стилски изразни средства во епските песни

Македонските народни песни како и оние за Марко Крале, изобилуваат со голем број на стилски фигури. Најчести од нив се: хипербола, епитет, апострофа и антитеза.

Хипербола- стилска фигура со која се зголемуваат (преувеличуваат) нечии особини и интензитетот на дејството.
Хиперболата најчесто ја среќаваме во народните епски (јуначки) песни каде што јунаците се претставени со поголема сила и натприродни особини. Такви се песните за Крале Марко, Болен Дојчин и други јунаци.

А што беше Марко од Вароша
сврте сабја  налево-надесно
ми исече триста чаодари.

Апострофа- стилско изразно средство преку кое поетот им се обраќа на мртвите предмети или личности, на апстракните поими или на некои отсутни личности, како на живи и присутни суштества.

Или грми ил' се земја тресе
или стадо за јагнишча белеје
или риба у морето пеје
или змија у грамада свири?

Постојаниот епитет исто така е често среќаван во овие песни:
-„Марко Кралевиќ го одменува свадбарскиот данок“: бели друмови, бело лико, црна Арапина, јунак млади, кули Арапови, зелени ливаѓе, белана чадора, злато јаболко, убава невеста, тешка топузина, брза коња, стража Арапова, бели пени, сини пламни, царска свадбарина.
-„Марко и марска ламја“: длабоко море, Солунско поле, Маркови кули, машко дете, свилени пелени, лулки сребрени, повој позлатени, долга коњушница, млада Маркојца, белион шатор, остра сабја, жолта боздогана, гора зелена, ветерна ламја, празни крошни, врушко ноже, клето срце.
Словенската антитеза е стилска фигура дадена во вид на прашање, негирање на прашањето и точен одговор. Оваа стилска фигура е присутна во многу песни од македонската народна литература, но ја има и во уметничката.

  • прашање
дал' град полињата житородни ги беше фатил?
ил' рој од скакулци се вдал?
дал' султанот арачлии час предвреме им пратил
да збира арач лут без жал?

  • негирање на прашањето
ни град полињата житородни ги беше фатил,
ни рој од скакулци се вдал,
ни султанот арачлии час предвреме им пратил,
да збира арач лут без жал.
  • точен одговор
Та Кузман, јунак славен, падна убиен од Гега,
тој сердар прочут падна в бој,
и ќе ги гази пљачкашот планините ни сега,
а да ги брани нема кој.



Ресурси:

·        „Македонско народно литературно богатство“ -Војо Велјановски, Нада Николовска, Петко Домазетовски
·        Епски народни пени-Јуначки мегдани
·        Wikipedia-Марко Крале


Проектот го изработиле:
Анастасија Божиновска и Марија Стаменова  VIIа-одд.