На литературниот конкурс по повод Денот на мајчиниот јазик, организиран од општина Кисела Вода, нашата ученичка Ања Кузмановска од VIII б одд. го освои второто место!
Го раскажуваме минатото, пееме за сегашноста,
ја раскажуваме иднината
Чудни времиња, молежливи глетки на соништата. Таму е сонот, таму е смртта. И таму е надежта за подобро утро.
И еве, се уште го раскажуваме минатото на нашиот мајчин јазик. Задлабочена во убавината на книгата, пред мене се враќа историјата. Се враќам низ мрачни векови, барам во дното, во коренот на старите катчиња од пеколни чувства за јазикот. Нашиот мајчин јазик е толку моќен, толку силен, можеш да се воодушевуваш со самата помисла на него.
Тој минал во мракот каде го чувствувале како во густа кал, како пред него трепери оморината на една морничава, безживотна безбојност. Минал низ врева која вековно ја играла својата секојдневна улога. Минал и низ препекот на сонцето, низ мразови топени во движење.
Нашиот јазик тонел каде водите се најтемни и најдлабоки, а сепак испливал на дното. Доживеал безброј падови и сплетови. Неговата историја е за сега да биде и остане нашата основа, да не држи исправени и горди во иднина, да не научи да не го загубиме идентитетот.
Го раскажуваме минатото кое чекорејќи по бодликава патека не води до песната за сегашноста каде нашиот мајчин јазик е целосно оформен, современ литературен јазик. Но, јазикот не е статуа, тој е како недовршен роман без крај. Треба постојано да се надополнува и збогатува. Како што рекол и самиот Мисирков : „ Да се откаже човек од својот народен јазик, значи да се откаже од народниот дух.“
И Словенските просветители ни го подарија богатството на пишаниот збор, зборови проткаени со мир... Нашиот мајчин јазик е единствената вистинска ѕвезда на небото, која многупати падна, но повторно се издигна до небесните височини. И ѕвездите сами паѓаат...
Веќе нема недовршени нацрти за иднината. Сега сме уметници кои ја сликаат иднината, поети со сопствено битие и идентитет. Но, ако јазикот запре како што поетот запира пред зборовите, како сликарот пред боите, тоа не значи дека тој во нашите очи изгубил секакво значење.
Хармонијата на мајчиниот јазик, неговата убавина, рамнотежата во неговите чекори ја стопија немоќта од јавето.
Ментор: Љупка Мишевска Изработила:
Ања Кузмановска VIII б одд.
О.У. “Рајко Жинзифов” н. Драчево
Нема коментара:
Постави коментар