Оваа учебна година патрониот празник на нашето училиште го одбележавме во текот на месец март 2013 год. преку организирање креативни работилници и литературен и ликовен конкурс под мотото „Децата сакаат...“.
За вложениот труд учениците добија соодветни признанија:
За вложениот труд учениците добија соодветни признанија:
Работилници:
Специјална пофалница за најмасовно учество во
креативната работилница „Каде и да сме,
ние сме тие!“ во која учествуваа учениците од 3-б, 4-б,в,г и 5-б,в (околу
150 ученици) кои твореа, играа и се забавуваа на отворен простор, во дворот на
гимназијата „Браќа Миладиновци“ каде привремено ја посетуваат наставата.
Учесниците на
работилницата ја избраа црвената боја, боја која го претставува видливиот дел
на спектарот на светлината, боја на љубов, радост, боја на крвта, но и боја
која често означува работи кои се многу, многу важни.
Пофалници за учество на 3-а,
4-а, Пинтија 1, 2, 3, 4, 5,
Литературен конкурс:
Одделенска настава: 2 одд.
Пофалница за најмлад учесник
Трпевски Филип 2-б
Децата
сакаат...
Сите деца сакаат
секаде да има мир,
сите да се среќни
под небеснава шир.
Радост нека има,
Сонцето нека грее,
Во мир секое дете
песна да си пее.
Да нема војни
и да нема глад,
среќен нека биде
и стар и млад.
Одделенска настава: 3 одд.
Прво
место:
Ева Карамановска 3-б
Децата
сакаат...
Децата сакаат
да играат и пеат
и многу, многу
слатко да се смеат.
Децата сакаат
тајни разговори да водат
и со својата симпатија
во кино да осат.
Децата сакаат
многу петки
и убави подароци
од вујни и тетки.
Второ
место: Марко Георгиев 3-г
ДЕЦАТА
САКААТ...
Децата сакаат љубов.
Децата сакаат грижа.
Децата сакаат игра.
Децата сакаат чиста и здрава
околина.
Децата сакаат реки и езера
бистри.
Децата сакаат паркови и зеленила
чисти.
Децата сакаат топло сонце што
грее.
Децата сакаат чиста и убава
природа што се смее.
Трето
место: Ема Андреска 3-а
Одделенска настава: 4 одд.
Прво
место:
Јана Андреска 4-а
Децата
сакаат
Децата сакаат наутро
топло сонце да ги грее
и славејот убави
песни да им пее.
На ливада зелена
да играат
и цвеќиња шарени
да собираат.
Децата сакаат безгрижно
и слободно да растат
да се смеат
и весели песни да пеат.
Секој насмев да им дари,
љубов голема в шир
и да им речат
“Расни дете во
слобода и мир”!
Второ
место: Марија Трајаноска 4-д
Децата сакаат ...
Децата сакаат
игри и песни,
училиште и лекции лесни.
Децата сакаат
да бидат славни
и насекаде главни.
Децата сакаат
да фантазираат
и некои работи
самите да ги одбираат.
Децата сакаат
да пеат и да се смеат,
Насекаде детските
гласови да пеат.
Децата сакаат
да имаат семејство и топол дом,
безгрижно детство како сон.
Трето
место: Јана и Ана Кузмановски 4-б
ДЕЦАТА САКААТ
Децата сакаат полна вреќа
со многу среќа.
Децата сакаат да решаваат тестови
и кога добиваат петки
среќни се и нивните тетки.
Децата сакаат да се здрави
и секогаш да се прави.
Децата сакаат
да сликаат со четки
и да добиваат многу петки.
Одделенска настава: 5 одд.
Прво
место:
Марио Костески 5-б
ДЕЦАТА САКААТ ...
Секое дете сака
да го допре
топла, нежна, мила
мајчинска рака.
Секое дете сака
топол збор
совет зрел
татковски, смел.
Ајде деца сите
со желбите свои
направете цвет
во сите бои!
Нека зборот среќа
биде ваше мото
бидете сите среќни
како седумка на лото.
Второ
место: Мартина Ристеска 5-а
Децата
сакаат...
Децата сакаат да играат и да се
смеат,
децата сакаат весело да пеат.
Децата сакаат приказни разни,
Децата сакаат бајки и сказни.
Децата сакаат чоколади,
но поздраво е да јадат банани.
Децата сакаат пчелички волет
што летаат кон убав мајски цвет.
Децата ги сакаат годишните
времиња,
децата ги сакаат свилените
кебиња.
Децата сакаат сè да биде во ред,
Децата сакаат сè да тече како
мед.
Трето
место: Аника Чорбеска 5-г
Децата
сакаат ,,,
Секому да подадеме рака,
Секој човек да се сака,
да раснеме големи вишни,
да сонуваме желби скришни.
Да нурнеме долу во длабочина
да се кренеме горе во височина,
да трчаме по ливади зелени
тоа е нашиот сон од пелени.
Да го доживееме убаво светот
така да го опишеме векот.
Јас пак сакам татковина вечна
само така ќе бидам среќна.
Предметна
настава: 6 одд.
Прво
место:
Андреј Павловски 6-в
ДЕЦАТА
САКААТ...
Игра и забава
радост и шеги мали,
насмеани лица наоколу
и љубов секогаш да ги гали.
Мир сакаат тие,
секоја земја да ја видат,
со многу деца да се запознаат
и со нив другарчиња да бидат.
Сакаат и многу работи да научат,
од книгите ум да добијат,
секаде со ум ќе победуваат
како Давид што го победил
Голијат.
Децата сакаат мали нешта.
Тие се убавината на светот наш.
Сите луѓе треба да го чуваат
детското во себе
земјата така ќе биде среќна баш.
Второ
место: Даниела
Трајковска 6-а
Децата сакаат ...
Децата сакаат да пеат да играат и
да се смеат.
Сакаат весели да им минуваат
дните
и да шетаат за распуст кај
роднините
Тие сакаат внимание и почит
Бескрајна љубов и длабок поглед в
очи.
Децата сакаат да играат со кал
Секако то го прави секој човек
додека емал
Палавоста им е силна страна
И по некоја залутана болна рана.
Сакаат долги прошетки низ полјани
цветни, и облеки
летни.
Некој од нив сака да чита книга
друг пак да гледа фудбалска лига
и
да навивваат гордо сите среќни да им бидат дните.
Бели, црни и жолти раси
Сите деца заедно се мамини мази.
Трето
место: Никола
Жежовски 6-в
ДЕЦАТА САКААТ ..
Децата сакаат
љубов и грижа
спокојни денови
да се нижат.
Децата сакаат
радост и смеа
топли насмевки
да ги греат.
Децата сакаат
дом топол и светол
безгрижно детство
да има во светот.
Предметна
настава: 7 одд.
Прво
место:
Дамјан Ѓоргиев 7 (9)-г
Децата
сакаат...
Децата можат да посакаат се
тие го посакуваат цел свет,
а ние треба барем малку
да им овозможиме
Иако им е доволен и само еден цвет.
Тие посакуваат
Едно шекерно бонбонче,
А во сништата сонуваат
За едно пони, едно мало коњче.
Тие сакаат едно мало кученце,
Палаво и меко,
Но и едни сандалчиња
По можност од Пеко.
Тие сакаат
Точаче шарено,
И една кашичка од
Компирче варено.
Децата сакаат еден
Сладолед ладен,
А не некое јадење
Како авокадо “гаден“.
Тие ја сакаат
Природата чиста,
Но и една чаша
Од вода бистра.
Тие сакаат
Сонцето силно да грее,
Тие сакаат знамето на татковината
Високо да се вее.
Децата сакаат војни да нема,
Да тераат една децка шема,
Шема со среќно детсатво поминато
А не во војна невино загинато.
Второ
место: Јана Николин 7 (9)-в
Д е ц а т
а с а к а а т . . .
Ако секој навлезе бар малку
во детското срце и душа,
ќе сфати што детето сака,
ќе научи детето да го слуша.
Детското срце е еневино и чисто,
не сака поделби, сака сите да се
исто.
Јазикот никогаш да не нé дели,
да нема црни, жолти и бели!
Децата го сакаат училиштето свое,
насмевка топла и нежен збор
од секој свој професор,
а сé да се решава со договор.
Децата сакаат и топол дом,
безгрижно утро, мирен сон.
Со родителска грижа, семејство
мило,
секое дете среќно би било.
Да расте со љубов, среќа и
радост,
низ игра да се подготвува за
својата младост.
Трето
место: Теодора
Несторовска 7 (9) – б
Децата
сакаат ...
Децата сакаат,
волшебство сјајно,
преточено во игри
и детство трајно.
Децата имаат
скриени желби,
децата сакаат
љубов, а не делби.
Нивната игра
е ко магија сјајна,
нивното мислење
е детска тајна.
Децата се тие
кои сакаат да бидат
славни пеачи, доктори
и светот да го видат.
Децата се мили
и убави ко цвет,
тие се иднината
на целиот свет.
Предметна настава: 8 одд.
Прво
место:
Стефаниа Цветковска 8-а
Децата
сакаат...
„Гледајте го
небото. Прашајте се: дали овцата го изела цвеќето или не? И ќе видите како сè
се менува...
А
возрасните, никој од нив никогаш не ќе разбере дека тоа има толку голема
важност“.
Најубавото чувство, најискреното чувство на овој свет е
да бидеш дете. Кога си дете, го гледаш светот со поинакви очи. Кога си дете,
сакаш поинакви работи. Кога си дете, не ти е грижа што мислат и ќе речат
другите. Кога си дете немаш грижи... но
сето тоа ќе се смени…
Децата сакаат топла прегратка од мама, искрена насмевка
од тато, убав збор од некој што им значи. Сакаат сите возрасни да го гледаат
светот како што го гледаат тие... Но, децата што не можат да го добијат тоа,
можеби посакуваат само топол дом, само една искрена мала насмевка... Барем за
момент да почувствуваат дека имаат на кого да се потпрат, дека имаат на кого да
веруваат и дека не се сами. А, некои деца, пак, сакаат полни раце бонбони и
чоколади. Само така слатко ќе ги измамиш и ќе ги направиш среќни. Има деца што
ги сакаат спомените. Тие им дозволуваат да отидат во минатото и на миг да се
потсетат на некои убави моменти, зашто во детската глава, треба само такви и да
има. Некои ја сакаат светлината на денот, некои ноќта...
Детската љубов, онаа најискрената е најкревка и најсилна
во исто време, затоа децата сакаат да сакаат. Некои сакаат филмови, некои сакаат нивниот
живот да биде филм. Некои сакаат сè, но не знаат да ценат. Некои деца сакаат да
бидат сами, само затоа што мислат дека не можат да се вклопат со другите, некои
сакаат со часови да седат, да шетаат или
бесцелно да гледаат во еден ѕид. Некои сакаат и да се откажат од своите соништа
само затоа што тоа е полесно отколку да бидат доволно силни за да си ги
остварат.
Децата можат да бидат причината да се сменат самите себе
си, но можат да бидат и причина некој друг да стане подобра личност. Децата
сакаат и да помагаат. Затоа што децата се толку невини можеш да ги излажеш и со
најглупавата лага на целиот свет.
Кога бев мала, најмногу од сè моето мало детско срце го
исполнуваа игрите поминати на улица - најубавиот дел од животот на скоро сите
деца. А штом сонцето ќе зајде, најтажниот дел беше кога мајка ти ќе викне: „Ајде дома, доцна е!“,
а ти испарталавен, испотен си одиш дома и веќе мислиш како ќе се одвива истата
игра другиот ден...
Ете, тоа се децата. Само треба да се погледне подлабоко
во нивните очиња и да се сфати што всушност тие навистина сакаат...
Второ
место: Катерина
Фиданоска 8-в
Децата сакаат...
Она што го прави светот поубав и посреќен
се децата. Децата се најмилите и најневините суштества на планетата. Со нивната
детска насмевка и неви-ниот поглед го стоплуваат и најстуденото срце. Необјаснивата
љубов кај луѓето ја предизвикуваат со нивното доаѓање на овој свет. Детското срце
знае да сака искрено и затоа детската љубов е најсилна. Децата знаат да те расположат
и кога си тажен,
знаат да ти измамат барем една насмевка. Но, сте се запрашале
ли што всушност децата сакаат, по што тие копнеат?
Сè што сакаат децата е барем малку љубов и топла
прегратка. Желбата
на секое дете е да биде сакано. Да има некој покрај него, некој кој ќе му
пружи љубов. Децата
копнеат за топла прегратка, за убави зборови и насмеани лица. Тие не знаат за
различности, за омраза, лицемерие, дволичност или непријателство. Со силните
прегратки и целото свое срце ја изразуваат својата љубов. Децата даваат
толку многу, а за
возврат бараат само малку. Тие со моќта на нивната искрена љубов можат да
направат да затреперите.Тоа што го сакаат од вас за возврат е само топла насмевка.Сакаат да ве направат
среќни, да ви ја
пренесат и вам таа среќа, таа радост и желба за живот. Нивните желби се
искрени и се всушност, сето
она што им треба да се чувстуваат среќно и задоволно.Тие, всушност, ни го
покажуваат патот кон убавите нешта, кон искрената љубов и среќата. Децата нѝ покажуваат дека
она што нѝ е потребно е љубовта. Нѐ учат дека треба да сме
насмеани без разлика на сè. Нѐ учат да сакаме, да сакаме искрено со сето свое срце.
Тоа што децата го сакаат е
најважното во животот. Тоа што тие го споделуваат
е бесценето. Моќта на нивната насмевка
е безгранична. Децата се тие што ни ја
создаваат топлината во срцето, ни го разубавуваат животот и ни го осветлуваат вистинскиот пат. Тие се најголемото богатство. Затоа, детството е најубавиот период од животот. Период кога искрено сакаш и ги правиш луѓето
среќни. Секој човек сака барем за
миг повторно да е дете.
Трето
место: Андреј
Петрески 8-б
Децата сакаат...
Обична спокојна вечер.
Семејството собрано, филџани кафе на масата и неврзан муабет измешан со звуците
што доаѓаат од вклучениот телевизор. А таму - вести. Сцени од војна некаде на Истокот,
мртви тела, крв, солзи, страв во очите на децата... A јас потонат во мирот на моето семејство, мојот град,
мојата татковина... И како молња провејува мислата: зарем оние деца не го
посакуваат тоа?
Што сакаат децата? Не
многу повеќе од возрасните - мир,
слобода и безгрижен ден. Можеби и по некоја насмевка повеќе, збор на утеха,
заштита. Сакаат запалени свеќи на роденденската торта што значат исполнета
желба, некаква дребулија што ќе им донесе изненадување и радост, а потврдува
родителско внимание, братска прегратка, другарска несебичност...
Децата сакаат разговор, се радуваат на пофалбите, среќни
се за секоја одлична оценка или победа во наивната детска игра. Но, најмногу од
сè го сакаат мирот и тоа спокојство во семејниот дом, таа низа од неврзани
муабети за спортот, училиштето,
соседите, роднините... Сакаат во секој гест да препознаат љубов и грижа, во
секој поглед – порака те слушам, во секој бакнеж –
потсетување те сакам.
За нив не е важно дали
во тој дом има или нема ЛЦД-телевизор,
лап-топ компјутер, 4-5 мобилни телефона, зашто сè додека ги следи песната на птиците распослана низ
небесното синило, сè додека е до нив татковскиот совет и мајчинскиот бакнеж за
добра ноќ, тие имаат сè, ја имаат сета радост на овој свет и тонат во спокојот
на својот сон, среќни што веќе утре повторно
ќе ги пресретне сончевината на новиот ден.
Ликовен конкурс
Предметна настава
Прво
место: Ангела Симова 6-б
Второ
место: Јана
Србиновска 8-б
Трето
место: Емине
Чико 7(9) - в
Прво одделение
Прво
место: Иво Кајмаками 1- а
Второ
место: Адријан Зекири 2- в
Трето
место: Ивона Стојановска 1 - г
Второ одделение
Прво
место: Лука Бакиќ 2-а
Второ
место: Марко Станчов 2-г
Трето
место: Јована Николовска 2-в
Трето одделение
Прво
место: Ели Петреска 3-б
Второ
место: Дина Цаковиќ 3-в
Трето
место: Јордан Петровски 3-г
Четврто одделение
Прво
место: Јана Никчевска 4-а
Второ
место: Анес Куч 4-б
Трето
место: Адиса Рушевиќ 4-г
Пето одделение
Прво
место: Викторија Бакиќ 5-а
Второ
место: Мартина Јаневска 5-б
Трето
место: Деница Китанова 5-г
Нема коментара:
Постави коментар