Заедничка работилница од проектот Меѓуетничка интеграција на младите во образованието
На 18.12.2020 година се одржа еко работилница со партнер училиштето од с.Батинци „Алија Авдовиќ“ преку online средба на Тимс.
На работилницата учествуваа ученици од трето одделение,
во присуство на стручната служба од училиштето и директорот на училиштето.
На работилницата беа презентирани финалните продукти кои
беа изработени од учениците. Секое дете се произнесе за својата изработка:
од што е направена,
кои материјали се употребени, која е намената на добиениот предмет. Учениците
заклучија дека со помош на рециклирањето како процес можеме многу да
придонесеме за зачувување на планетата Земја и сортирање на отпадот.
Беше употребена и IT- алатка WORDART преку која учениците ги искажаа своите мислења за зборот рециклирање.
Средбата заврши со желби за понатамошна соработка.
Нема коментара:
Постави коментар