среда, 16. децембар 2020.

Отворен ден по граѓанско образование

 


На 15.12.2020 година, со почеток од 18 часот, се одржа вториот Отворен ден по граѓанско образование, овој пат во онлајн издание, кој беше одбележан од страна на учениците од ООУ „Рајко Жинзифов“ од населба Драчево. Темата за оваа година беше „Сајбер насилство“ - предизвик на модерното доба, закана за сите млади генерации кои голем дел од своето слободно време го поминуваат другарувајќи „онлајн“.

Под мотото „И сајбер насилството е насилство“ имавме можност да ги чуеме искуства од осум ученика кои несебично споделија што значи да се биде жртва на сајбернасилство и какви се последиците од истото. Настанот го збогати и краткото предавање од страна на гостинот предавач, м-р Вилдан Дрпљанин, правник од Хелсиншкиот комитет за човекови права, кој објасни што претставува сајбер насилството, како да се заштитиме од потенцијално сајбер насилство, како и што може да се преземе во случај да станаме жртви на семејно насилство.

Настанот беше модериран од страна на ученикот Никола Дескоски, ученички правобранител во училиштето, кој и самиот изрази подготвеност да им помогне на учениците во борбата со сајбернасилството, како и во заштитата на нивните права. Во настанот се вклучија поголем број ученици, наставници, родители и претставници за образование од Општина Кисела Вода.

Во подготовката и реализацијата на настанот учествуваа учениците од деветто одделение, под раководство на наставничката по граѓанско образование Валентина Јанкоска, а со голема поддршка од страна на педагогот Весна Рафеска и директорот на училиштето Љубица Наумовска.

Во рамки на Отворениот ден, на тема „Сајбер насилство“ учениците изработија и кратка информативна брошура која е наменета пред сè за учениците од основно образование, а која е постојано достапна за сите на веб страницата на училиштето на следниот линк: 

https://sites.google.com/site/rajkozinzifov/novosti/otvorendenpograganskoobrazovanie-1



 



РЕАЛИЗИРАНА РАБОТИЛНИЦА:

МОЈОТ НАРОД ИМА ТРАДИЦИЈА И МИНАТО

 

ВИРТУЕЛНА УЧИЛНИЦА - M.TEAMS   одржана на 15.12.2020

 

Проект МИМО кој е во соработка со ООУ Рајко Жинзифов“- нас.

Драчево и OУ„ Алија Авдовиќ“- с. Батинци

Учество на двата тима на ученици од двете училишта

V одделение – координирани од страна на Ирена Ѓоршевска и Хатиџе Мустафа

 

Воведна активност

           Пред започнувањето на online работилница следеше меѓусебно запознавање на учениците и создавање на опуштена атмосфера за работа.

Играта ја започна еден ученик кој се претстави, а завршуви  кога сите ученици не се претставија.

           Потоа се разговараше за нашата татковина, за нејзиното минато и традицијата на народите кои живеат во неа. Се читаше за минатото и традицијата на народот кој живее во РСМ, се потавуваа прашања, а потоа прашањата се одговараат на двата јазика (македонски и албански).

 

Главна активност

Учениците самостојно изаботуваа презентации во PowerPoint   при што се почитуваат дадени  критериуми. 

Презентациите се однесуваа за поголемите цркви и манастири  – Марков манастир, Св. Јован Бигорски, Јоаким Осоговски, значајни цркви во Охрид – Св. Канео, Св Богородица, Плаошник, Св Софија, поголемите верски објекти на двете религии и традиционалните јадења на двете религии, народните носии и традиционалните инструменти на двете религии.

Во текот на целата активност наставниците на учениците им поставуваа прашања, ги насочуваат  и по потреба им помагаа. За време на работата учениците соработуваа,  се договараа,  дискутираа и непосредно  учеа едни од други.

Додека траеше работилница се зборуваше на двата наставни јазика. За одредено време учениците ги изработија дадените презентации.

 

Завршна активност

          Откако учениците завршија ги презентираа нивните изработени трудови – презентации на двата јазика (македонски и албански) при што меѓусебно се запознаа со обичаите, верските објекти, народните носии и инструменти и традиционалните јадења  на двете религии. Во текот на презентацијата останатите ученици  можеа да поставуваат прашања.



Нема коментара:

Постави коментар