На самиот почеток на учебната 2020/2021 година во рамките на секоја паралелка на демократски начин се избираат претседател и заменик претседател во паралката. Учениците избрани во паралелките од I до IX одделение се членови на Ученичкиот парламент. Членовите на Ученичкиот парламент на првоит состанок беа повикани од директорот на училиштето Љубица Наумовска, кој се одржа online на платформата TEAMS.
На состанокот беа прецизирани Критериумите за избор на Претседателство на УП
како и членови во Училишниот одбор. Изборот на претседателството ќе се
реализира преку тајно електронско гласање.
ЦЕЛИ И
ЗАДАЧИ ЗА РАБОТА НА УЧЕНИЧКИОТ ПАРЛАМЕНТ:
·
да се поттикнува и развива кај учениците смисла за иницијатива,
согледување, поставување и решавање на заедничките проблеми во својата средина;
·
да придонесува за развивање и негување на другарски однос меѓу учениците;
·
да се потикнуваат учениците да го чуваат угледот на училиштето, да го
одржуваат редот и дисциплината во него, почитување на куќниот ред на
училиштето;
·
да се развива свест за постојана соработка со наставниот кадар во
училиштето;
·
да придонесува во организирањето и спроведувањето на културно-забавни и
рекреативно спортски активности;
·
поттикнување, организирање и реализирање на активности од хуман карактер,
еколошки активности и општествено корисна работа.
Нема коментара:
Постави коментар