И оваа
учебна година училиштето продолжува со реализација на проектот Меѓуетничка
интеграција на младите во образованието - МИМО, вклучувајќо ги сите сите
ученици подеднакво, со цел задоволување на нивните потреби и индивидуални
разлики. За таа цел согласно предвидените активности од Годишната програма
продолжува соработката со партнер- училиштето од с. Батинци „Алија Авдовиќ“
каде наставата се изведува на албански наставен јазик.
На пчетокот
на декември 2020 г. беше одржан online состанок на тимовите од двете училишта со цел дефинирање на целите на
работилниците како и термините за
реализација на долгорочните и кратрочните заеднички активности. Со оглед на
новонастаната ситуација со пандемијата
од Ковид 19, планираните заеднички
активности ќе се преадаптираат за реализција преку online форма и истите ќе се
реализираат до крајот на декември 2020 година.
Согласно
годишното планирање за реализација на МИО активности ќе се реализираат следните
заеднички работиници:
1.
„Мојот крај има минато и
традиција“ со ученици од петто одделение;
2.
ЕКО работилница: „Биди ин
користи recyclebin“ со ученици од трето одделение;
3.
„Ботаничка работилница“
со ученици од четврто одделение и
4.
„Ликовна работилница“ со
ученици од шесто и седмо одделение.
Нема коментара:
Постави коментар