И оваа учебна година ја продолжуваме
традицијата за размена на честитки, но на еден поинаков начин. Светската
пандемија нè затвори во своите домови
и порада тоа учевме на далечина со користење на Microsoft Teams платформа. Тоа нас, наставничката Кети Сталеска и
учениците од 4-г одделение нè мотивира последниот
виртуелен час по македонски јазик да го изведеме на еден поинаков начин и
истиот да го поврземе со воннаставна активност. Ги поканивме другарчињата од 4-в
одделение и нивната наставничка Ана Јаневска заедно да разговараме за Новата година и да ги споделиме новогодишните желби и
тие со задоволство ја прифатија поканата. Па така последниот час по македонски
јазик на 30.12.2020г., среда, го одржавме заедно надополнувајќи се едни со
други со своите желби и
размислувања. Сподели, радост, сподели среќа беше
нашето главно мото кога си разменувавме виртуелни честитки кои сами ги
изработивме откако успешно научивме да работиме со компјутерот и програмата
како што е Power Point. Имаше и
другарчиња кои сакаа и цртаа честитки на традиционален начин со боички и на нив
со ракопис пишуваа убави желби. Другарчињата од 4-в нè изненадија со една заедничка
честитка, но најмногу се радуваме на можноста да се запознаеме и да стекнеме
нови другарчиња. Бидејќи другарството е како птица која лета во нашите детски
срца. Без другар не се може. Во прилог неколку фотографии од заедничките
активности.
Нема коментара:
Постави коментар