четвртак, 2. април 2020.

Реализирана online - воннаставна активност Маскенбал 2020 во нашето училиште


И во оваа вонредна состојба, нашето училиште одбележа една воннаставна online активност по повод Денот на шегата – ПРВИ АПРИЛ. Благодарност до сите вклучени  наставници, родители и ученици, кои се потрудија да ја реализираат активноста на малку поразличен начин од вообичаено. Наставниците преку своите социјални контакти со учениците пратија соопштенија во кои ги информираа за начинот на реализација на истата. На истиот начин ги добиваа и фотографиите со маски од своите ученици.
   Навистина имаше изобилство на убави, креативни и оригинални маски, кои барем за кратко го обоија  ова сивило од испреплетени чувства и загриженост. Со голема надеж дека ова брзо ќе помине, ние ви ги праќаме само некои од маските кои ни ги пратија нашите ученици! Сите други ги ставивме на google.drive во папката ucenici со име maskenbal.
                                              Одговорен наставник:
                                                                                Татјана Трпеска



Нема коментара:

Постави коментар