петак, 10. април 2020.

ПРОФЕСИОНАЛНА ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ


ПРОФЕСИОНАЛНА  ОРИЕНТАЦИЈА НА УЧЕНИЦИТЕ ОД ДЕВЕТТО ОДДЕЛЕНИЕ

учебна 2019/2020 г.

Согласно  годишното планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за професионалната ориентација со учениците од девето одделение.
Уште во текот на месец февруари 2020 г. од страна на психологот во училиштето Јасмина Пакашки  беа применети тестови за утврдување на општите и специфичните интелектуални способности на учениците како и утврдување на професионалните интереси и примена на скали за самопроценка на професионалните интереси. По обработката на тестовите се врши поврзаност помеѓу интелектуалните способности, успехот и интересите  на учениците.
По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни училишта се изготвува презентација за Мрежата на средни државни училишта на град Скопје. Оваа учебна година поточно од втората недела на месец март поради вонредната ситуција со Корона вирусот наставата се реализира преку online настава. Презентацијата ја подготви педагогот на училиштето  Весна Рафеска и истата беше пласирана на Google Drive каде учениците можат да  се запознаат со видовите средни училишта и струките во поедини училишта. Во презентацијата  детално беа истакнати и  критериумите за избор на ученици, предмети кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните документи за запишување. За сите нејаснотии и прашања на располагање на учениците беа дадени mail-адреса и телефонски број за контакт.
Со цел деветтоодделенците поуспешно да го продолжат образованието беше обработена и темата „Стилови на учење“, со цел поуспешно да си го пронајдат својот стил на учење и да постигнуваат подобри резултати. На располагање на учениците им беше даден и Тест за определување на стилот на учење.
                                            Училишен педагог: Весна Рафеска

Нема коментара:

Постави коментар