На 2. април се одбележува „Светскиот ден на свесноста за аутизмот“.
Во знак на
поддршка на овие лица, нашето одделение 3-б организираше Он-лајн креативна
ликовна работилница на тема „Шаренила од бои“. Секој од учениците имаше
предизвик да направи „Виножито“ (Ѕуница, Божилак, Дага) во најразлични техники
-пластелин, колаж, светки, цевки, пастел, дрвени бои, темперни бои, фломастери...
Со оваа
работилница сакавме да ги поттикнеме родителите да разговараат со своите деца
за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со
аутистичен спектар на нарушување.
Боите се
синоним за тоа дека секое дете зрачи во својата омилена боја, а сите заедно во
нашиот свет рефлектираат шаренила од бои.
Секој
ученик откако ја реализираше својата идеја на хартија ја презентираа он лајн и
на крај својата дланка ја избоија во омилената боја од виножитото!!!
Со ова
сметаме дека социјалното дистанцирање ќе заврши и дека од истото ќе ја научиме
лекцијата, дека некој секојдневно е
отфрлен, неприфатен од наша страна и дека конечно ќе ги научиме разликите дека
СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН во нашиот „Шарен свет“.
Огромна
благодарност до родителите кои несебично ја поддржаа нашата иницијатива и
заедно дома со своите деца ги обоија рачињата во знак на поддршка и прифаќање
на дечињата со аутизам.
Нема коментара:
Постави коментар