среда, 1. април 2020.

Електронско далечинско учење - „И родителот е наставник“


Од планираните активности за I-д одд. од проектот„Заедничка грижа“ беше предвиден час по физичко и здравствено образование со родителот Марина Стоилкова Симеонова - инструктор за аеробик и педагог по здравствено и физичко образование во детска градинка.
Со оглед на новонастанатата ситуација со коронавирусот и мерките од Министерството за здравство училиштата да бидат затворени и да СЕДИМЕ ДОМА заради наша заштита на здравјето и општествена одговорност да не се шири  вирусот, воведено е електронско далечинско учење. Во таква ситуација неопходна е соработка со родителите, а посебно тоа е неминовно кај  пониските одделенија каде децата немаат основни познавања на компјутерот и родителите секојдневно ни праќаат повратни информации што сработиле нашите ученици.
Особено задоволство е кога и родителите сакаат на секаков начин да се вклучат во воспитно-образовниот процес. Во сите задолженија пратени по електронски пат денес (31.03.2020г.) на родителите од нашето одделение им пратив видео-час за наставната содржина „Скок во далечина- од место“.
Во домашни услови беа запазени структурните елементи на часот- вежби за загревање на телото, главниот дел на часот „Скок од место“ (каде родителите имаат задача  да ја измерат должината на скокот) и на крајот на часот - Игра за смирување на телото.
Ваквиот час со задоволство беше прифатен од другите родители и останатите ученици и секој од нив ја запиша скокнатата далечина и пројави интерес за повеќе вакви вежби за да го намалиме стресот и напнатоста во овој период и да ја оддржиме мотивацијата. Јакнејќи ја соработката ученик -наставник – родител, кај родителите се појави желба за друг ваков час и квалитетно исполнување на слободното време на децата, а посебно поттик за спортски активности кај децата и родителите. Здравјето пред се!
                                      Одговорен наставник: Даниела Костадинова

Нема коментара:

Постави коментар