2 април - „Светски
ден на детската книгa“
International Children Book Day
Светскиoт ден на
детската книгa се одбележува за да ја инспирира љубовта кон читањето и да го
сврти вниманието кон детските книги во чест на роденденот на холандскиот
автор на детски книги Ханс Кристијан Андерсен чија волшебност на неговитe приказни
и ден денес достигнува до нас.
Ханс
Кристијан Андерсен е еден од најголемите писатели на бајки. Ги проширувал,
развивал народни мотиви во нив, но и создавал вистински дела. Неговите приказни
се читливи, разбирливи и лесно се занесуваат во нивната содржина, као децата,
така и возрасните. Тој комуницирал со децата и создавал толку впечатливи дела
затоа што пишувајќи и самиот тој размислувал како дете. Такви се неговите
приказни: „Грдото пајче“, „Царевото ново
руво“, „Оловниот војник“, „Малечката сирена“ и други.
Во 1958 година УНЕСКО
формира Меѓународен Златен медал по името на Андерсен, нарекуван уште и Мала
Нобелова награда. Еднаш на две години оваа награда ја добиваат најдобрите
писатели и сликари - илустратори на детски книги. Наградувани се Астрид
Линдгрен, Селма Лагерлеф, Туве Јансон, Луис Керол и други.
Никола Станковиќ – училишен библиотекар
Никола Станковиќ – училишен библиотекар
Нема коментара:
Постави коментар