Na 16.05.2018g., ucenicite
od prvo do devetto oddelenie od na{eto u~ili{te, imaa javen nastap na MTV, na
tema „Posakav budewe“. U~enicite se pretstavija so li~ni
tvorbi, dramatizacii, koreografii i mudri izreki na angliski i francuski jazik.
Odgovorni nastavnici bea: Badarova Magdalena, Kolarovski Dame, Atanasovska
Spaseska Maja, Dimi{kovska Valentina, Nikolin Voleta, Gurovska Aneta,
Stojanovska Elena i Ilieva Biljana.
ПРОЕКТ ЗА МЕЃУЕТНИЧКА
ИНТЕГРАЦИЈА ВО ОБРАЗОВАНИЕТО
„Бидејќи сум дете имам право на...„
На 16.05.2018 год. во подрачното училиште во н. Пинтија
беше реализирана работилница од проектот МИО на тема „Бидејќи сум дете имам
право на...„
Во активноста
учествуваа ученици од IV одделение од партнерското училиште „Алија Авдовиќ“ од с.Батинци со нивната
наставничка Ајсела Бачевац Џоговиќ и ученици од V г одделение со наставничката Кристина Никчевска.
Целите на активноста беа продлабочување на вештините кои им се потребни за живот во
мултиетничко општество, развивање
на меѓусебно разбирање, другарување, соработка, почитување на различностите
помеѓу двете етнички групи и прифаќање на различностите, зголемување на свеста за меѓуетничка толеранција, градење на групна кохезија и
стекнување знаење на учениците едни за други, утврдување на
знаењата за детските права.
Во воведната активност преку игра за меѓусебно
запознавање, учениците си ги кажуваа своите имиња и се запознаа со имињата на
новите другарчиња.
Во втората активност учениците од V- г одделение преку ритмичката игра и пеење на песната „Имам
право“ го развеселија и разубавија ова заедничко дружење, а воедно и ја најавија содржината на часот. Следеше разговор
со учениците за нивните права преку слики и шема залепена на табла на двата
јазика. Активносите се спроведува на двата наставни јазика од страна на
наставниците по пат на парафразирање. Потоа учениците се поделија во 5 групи во мешан состав и секој од
учениците од двете етнички групи фрлаа по една од коцките со смешко. Според бројот на собраните смешковци учениците добиваат правило кое
нивната група ќе го црта на хамер. Следеше работата на учениците во групите
на хамер. Во активноста
учениците
соработуваа, се дружеа и споделуваа заеднички идеи и мислења.
Во завршната активност следеше презентација
на групите на двата наставни јазика. Еден дел од хамерите беа изложени во холот на училиштето на
пано на МИО катчето, а дел беа подарени на гостите.
Одговорен
наставник: Кристина Никчевска
Нема коментара:
Постави коментар