Со одобрение од
директорот на училиштето Елизабета Славковска, на 09.05.2018 год. од
11.00 до 13,00, група од 78 ученика, во придружба на наставниците: Каролина
Коларовска, Анета Ѓуровска- Арсовска и Зора Лазаревска го посетија САЕМОТ НА
КНИГАТА 2018 со организиран превоз, кој се одржа во спортската сала „Борис
Трајковски“.
На саемот беа разгледани штандовите на
издавачките куќи и беа земени каталози и рекламни материјали од истите за
следење на нивната издавачка дејност, а учениците по сопствена желба, интерес и
можност купија по некоја книга. По разгледувањето на штандовите, учениците
организирано се вратија во училиштето.
Нема коментара:
Постави коментар