Согласно годишното
планирање и оваа учебна година беа реализирани повеќе активности за
професионалната ориентација со учениците од девето одделение.
Уште во текот на месеците ноември и декември 2018г. од
страна на психологот во училиштето Јорданка Радевска беа применети тестови за
утврдување на општите и специфичните интелектуални способности на учениците
како и утврдување на професионалните интереси и примена на скали за самопроценка
на професионалните интереси. По обработката на тестовите се врши поврзаност
помеѓу интелектуалните способности, успехот и интересите на учениците.
По објавувањето на Конкусот за упис во средните државни
училишта се изготвува презентација за Мрежата на средни државни училишта на
град Скопје. Презентацијата ја реализираше педагогот на училиштето Весна
Рафеска каде учениците се запознаа со видовите средни училишта и струките во
поедини училишта. Детално беа појаснети критериумите за избор на ученици, предмети
кои се предвидени во критериумите за рангирање на успехот, како и потребните
документи за запишување.
Во месеците март и април 2018 година во соработка со
средните приватни и државни училишта во нашето училиште со деветите одделенија
беа реализирани презентации од следните училишта: Средно приватно училиште
„Јахја Кемал“, „Саба“, ДСУ „Боро Петрушевски“, ДСУ „Владо Тасевски“,Гимназија „Раде Ј Корчагин“, ДСУ„ Здравко Цветковски“ ДСУ „Браќа
Миладиновци“, ДСУ „Лазар Танев“
Во текот на месец април во соработка со Општина Кисела
Вода учениците од деветто одделение имаа можност да посетат индустриски
капацитети/фирми кои гравитираат во општината сè со цел полесно да ја одберат
вистинската идна професија. Учениците го посетија Сојузот на здружение на возачи
на Македонија во н. Драчево, каде им беа презентирани законските обврски кои ги
има секој возач, какo и процедурата за
регистрирање на возило и технички преглед на возило.
Нема коментара:
Постави коментар