среда, 16. мај 2018.

„РАКАТКИ“

На 27.04.2018 год. во Скопје беше одржан четиринаесетиот републички литературен фестивал „Ракатки“ во организација на Сојузот на писатели на Македонија, на кој учествуваа голем број основни училишта од сите градови од Македонија. Беа одбрани четириесет најдобри творби кои заслужија да бидат прочитани и наградени. На литературниот конкурс учествуваше ученичката Емељ Чико со поетската творба „Мојот дом“ од 7-б одд. Ученичката беше наградена со диплома за освоено II место.


Литературниот фестивал започна во 18 часот, во салата на „Даре Џамбаз“ со огромна посетеност. Покрај главните учесници и нивните ментори, родители и љубители на литературниот збор, беа присутни и голем број писатели за деца меѓу кои Михаил Ренџов, Славка Арсова, Велко Неделковски и многу груги, кои исто така беа дел од програмата.


Мојот дом
Многу слики, детски сказни,
детски приказни разни,
тивок и волшебен сон
се е тоа во мојот дом.

Безброј игри и смеа,
моменти на искрена љубов,
прегратки под куќната стреа
и срце што го чува домот.

Колаж од бои, спектар од чуства мои
и пораки за среќа,
по некоја честитка, ќе долета тајно
од полната дедомразовска вреќа.

И тогаш, чуствуваш полет во твојот ум,
бистро креираш, средба со јунаците свои,
од книгите одбираш сценарија
во топлите одаи твои.

Домот во срцето мое,
нека одекне силно низ ветровит  глас,
светот конечно нека дознае,
дека оттаму почнува приказната за нас.

Нема коментара:

Постави коментар