понедељак, 7. мај 2018.

ЃУРЃОВДЕН - патронен празник на општина Кисела Вода




           Со музика, игра, песна и забава, на 06. 05. 2018г. општина Кисела Вода го одбележа својот патронен празник - Ѓурѓовден. Во организација на локалната самоуправа, во паркот Шопен,  најголемиот пролетен празник беше одбележан со богата културно-забавна програма, во која  акцентот беше ставен врз најмладите, а во која учество зедоа и учениците од нашето училиште. Посетителите ги забавуваа акробати, жонглери, куклари, а настап имаа и Златните славејчиња, повеќе млади музички таленти од овој дел на градот, како и Александар Митевски кој и самиот е некогашен жител на оваа општина. Градоначалникот Филип Темелковски, во своето обраќање пред присутните потсети зошто денешниот празник, кој годинава се празнува по јубилеен 20-ти пат, е избран да биде патронен празник на Општина Кисела Вода.






ПРОЕКТ  – ФУДБАЛ  ВО ОСНОВНИТЕ УЧИЛИШТА


Во периодот од 07.05 2018 год. до 31.05.2018 год.во нашето училиште учениците од   II,  III,  IV и   V одделение, зедоа учество во програмата за забавен, училишен спорт преку заеднички проект ,,ФУДБАЛ ВО УЧИЛИШТАТА“ во соработка со Фудбалската федерација на Македонија.
Целите на проектот беа целосно реализирани. Кај учениците беа присутни мотивираноста, желбата за учество и за победа. Со нетрпение се очекуваше секој следен натпревар иако на крај немаше победник бидејќи овој  проект имаше повеќе ревијален карактер, со желба и цел поголемо вклучување на учениците во спортување и спортски активности. Учениците на крајот беа презадоволни од реализирањето  на истиот и изразија надеж и желба за истото да се повтори.
Одговорен наставник:  ЈОВИЦА ЕФТОВСКИ
Наставници учесници:

Татјана Трпеска, Валентина Димишковска, Светлана Жежовска, Весна Стевановска, Горица Арсовска, Елизабета Младеновска, Весна Миланова, Цветанка Гајдоска, Мануела Маркоска, Мира Јовеска, Маја А. Спасовска, Богданка Пановска и Ивана Огњановска.







Посета на Петтиот цветен фестивал

 На 12.05.2018 година, учениците од трето оделение од нашето училиште, зедоа учество на Петтиот  Цветен фестивал во Градскиот парк, во организација  на градот  Скопје, а во соработка со Ј.П. Паркови и зеленила. Манифестацијата започна во 11.00 часот со дефиле на ученици од сите општини. Нашата општина, Кисела Вода, беше во зелена боја. По тој повод присутните ученици,  беа облечени во зелени маички. Дефилето заврши, кај поставената цветна сцена, каде што Петтиот цветен фестивал, официјално беше отворен. На крајот, на сите присутни им беа поделени и цвеќиња и садници.

Одговорен наставник
ТАТЈАНА ТРПЕСКА


Нема коментара:

Постави коментар