уторак, 13. јун 2023.
Извештај за изведена посета
четвртак, 25. мај 2023.
Одбележување на 24 Мај - Ден на словенските просветители Св.Кирил и Методиј
Учениците од VI дo IX одделение изготвија проектни активности посветени за животот и дејноста на словенските просветители кои беа презентирани во самите паралелки. Се водеа дискусии за големината и важноста на просветителската дејност, создавањето на првата сливенска азбука глаголица, преведувањето на првите книги на црковнословенски јазик, успешните мисии, нивните ученици кои ја продолжуваат нивната дејност гордо и доследно и сл. Исто така беше прочитан и реферат за нивната дејност и начинот на чествувањето на овој голем свечен ден на училишната рзгласна станица.
Одговорни наставниците по македонски јазик: Мишевска Љуба, Каролина Коларовска, Елена Ристевска
Извештај од реализираната работилница по повод Одбележувањето на 23 мај-Светскиот ден на желките
На 23 мај, многу земји ширум светот го слават Светскиот ден на желката - животно што ја симболизира мудроста, богатството и долговечноста.
Овој необичен празник е роден во 2000 година на иницијатива на Американското здружение за спасување желки.
Целта на празникот е да се привлече вниманието на јавноста за проблемот со смртта на голем број желки поради близината на луѓето.
Треба да ги заштитиме нејзините живеалишта плажите и шумите каде желките наидуваат за да ги снесат јајцата, да се бориме против безмилосниот шверц на животни на глобалниот пазар на животни (како милениче и храна), да не купуваме производи од школки, да не се обидуваме да вкусиме супа од желки.
За таа цел и ние со нашата паралелка I-д одделение земавме активно учество во одбележувањето на овој ден: изучивме интересни факти за желките, ја читавме и гледавме басната „Зајакот и Желката“, слушавме песнички, гледавме видеа со желки како и изработувавме во групи желки од различни материјали . Да ја заштитиме оваа неверојатна убавица која се соочува со огромни закани!
Затоа ЗАПОМНЕТЕ ако најдете желка на земајте ја дома со вас!!!
Одговорен наставник: Елена Стојановска
понедељак, 22. мај 2023.
Млади технолози-Вива гости
На 22.05.2023г. понеделник учениците од I /в одделение и одделенскиот наставник Кети Сталеска во соработка со родителката Кристина Тренкоска ја посетија фабриката за производство на сокови Вива.
Директорката на фабриката заедно со нејзиниот тим ни направија убаво добредојде. Не прошетаа низ фабриката покажувајќи го процесот на создавање, пакување и дистрибуција на сокови.
Имавме можност и да го вкусиме сирупот од кои се прават соковите и да ја видиме нивната лабараторија за контрола на квалитетот.
На крајот од посетата не изненадија со доделување на дипломи за стекнато знаење за млади технолози и Вива пакетчиња со различни изненадувања за секој ученик.
Учениците покажаа големо возбудување и среќа за укажаната можност да се запознаат со производство на омилените сокчиња. Најмногу се радуваа на добиените подароци.
Одделенски наставник: Кети Сталеска
недеља, 21. мај 2023.
Извештај Државно првенство во голем фудбал 2023 - машки
На ден 19.05.2023 во Дојран се одржа државно првенство во голем фудбал, Мали Олимписки игри 2023. Нашето училиште го освои второто место.
1. ООУ,,Наим Фрашери" Куманово
2. ООУ,,Рајко Жинзифов" Скопје
3. ООУ,,Истикбал" Тетово
4. ООУ,,Кочо Рацин" Нов Дојран
Одговорен наставник : Јовица Ефтовски
понедељак, 8. мај 2023.
ИЗВЕШТАЈ ЗА ПРИРЕДБА
На 04.05.2023 год. во посета на нашето подрачно училиште беа идните правачиња од градинката ,,Ѓурѓица,,. Топло добредојде со убава приредба им посакаа нивните другарчиња од I до V одд.
Среќни, весели и насмеани ги очекуваме од септември.
Одговорен наставник: Кристина Никчевска
петак, 5. мај 2023.
ИЗВЕШТАЈ ОД ЛИКОВЕН И ЛИТЕРАТУРЕН КОНКУРС
ИЗВЕШТАЈ ОД РЕАЛИЗИРАНАТА ПОСЕТА НА БОТАНИЧКА ГРАДИНА
Учениците од I-г и I-д одделение од ПУ на ден 05.05.2023 година реализираа посета на Ботаничката градина при Природно-математички факултет-Скопје.
Работилницата траеше околу два часа и во текот на истата нашите ученици имаа можност да истражуваат во прекрасната градина и да се запознаат со голем број на различни, интересни и ендемични видови на растенија,нивната градба и поделба.
Заеднички навлегоа во микроскопскиот невидлив свет на растенијата и научија како да се стане успешен ботаничар со засадување на семе за кое ќе продолжат да се грижат во иднина.
Упатуваме голема благодарност до вработените во Ботаничката градина што ни овозможија толку прекрасно задоволство за стекнување со нови знаења на нашите ученици!
Одговорни наставници-Елена Стојановска Валентина Димишковска
петак, 28. април 2023.
Извештај за реализирана посета на идните првачиња од градинката ЈДГ 8 ми Март
Патронен празник на училиштето
Тркало на времето Минатото е извор на искуства, сегашноста за миг станува , минато! Кој ја определува иднината? Таму далеку некаде , се спојуваат минатото и иднината, за повторно да почне да се врти ТРКАЛОТО НА ВРЕМЕТО! Драги наши, на ден 7 Април, во нашето училиште се реализираше настан Ден на нашето училиште, Патронатот на училиштето Рајко Жинзифов. Со многу љубов, ден по ден, секојдневно ги нижевме настаните еден до друг, ја живеевме оваа сегашност, гордо спомнувајќи и навраќајќи се на минатото, оставајќи во истовреме уште една трага за иднината и идните генерации! Сплотени сите, со радост, песна, оро, разиграни, распеани, во ритамот на нашата традиција, ценејќи ги вредностите на истата, на сцената блеснаа нашите ученици предводени од своите наставници.Се случи денес, а ќе се помни и утре, испреплетени емоции, топли прегратки кои ќе траат долго...Тркалото на времето, ја расплете приказната за нашите предци, тркалото на времето ги донесе на сцената младите момчиња и девојчиња, кои со гордост го презентираа нашето училиште денес, овде и тука!!! Трката на времето продолжува, нашата мисија продолжува исто така! Бидете во добро здравје, до видување догодина!!!
Одговорен наставник Татјана Трпеска заедно со тимот за Патронат на училиштето
четвртак, 27. април 2023.
СВЕТСКИ ДЕН НА МАТЕМАТИКАТА
Меѓународниот ден на математиката се слави секој 14 март, бидејќи со необврзувачка одлука на Конгресот на САД овој датум се прогласува за Национален ден на бројот π . Покрај тоа што е Светски ден на бројот π, кој е еден од најупотребуваните броеви во математика, физика и инжинерството, овој ден се слави и како Светски ден на Питата, како и роденден на светскиот научник Алберт Ајштјн.
Математичката секција во која учествуваат ученици од 7а и 9в и 9б одделение го прославија овој ден со пригодна програма, пред учениците од 4б одд со својата наставничка Билјана Христовска. Учениците од 9-то одд изработија проекти, а учениците од 7а составија песни поврзани со математиката.
среда, 19. април 2023.
ИЗВЕШТАЈ ОД СПРОВЕДЕНА МИО АКТИВНОСТ
четвртак, 6. април 2023.
Извештај од реализирани спортски активности по повод патрониот празник на училиштето
На ден 6.4.2023г. на ниво на одделенска настава се реализираа спортски активности преку елементарни игри на полигон. Во активностите учествуваа сите присутни ученици, при што со задоволство ги реализираа дадените барања, развиваа спортски дух, координација, снаодливост и моторика. Исто така го негуваа другарството, тимската работа, ги почитуваа правилата на игра и развиваа позитивни чувства.
Одговорни наставници: Никола Соколовски, Виолета Николин и Мануела Маркоска.






















































