На 23 мај, многу земји ширум светот го слават Светскиот ден на желката - животно што ја симболизира мудроста, богатството и долговечноста.
Овој необичен празник е роден во 2000 година на иницијатива на Американското здружение за спасување желки.
Целта на празникот е да се привлече вниманието на јавноста за проблемот со смртта на голем број желки поради близината на луѓето.
Треба да ги заштитиме нејзините живеалишта плажите и шумите каде желките наидуваат за да ги снесат јајцата, да се бориме против безмилосниот шверц на животни на глобалниот пазар на животни (како милениче и храна), да не купуваме производи од школки, да не се обидуваме да вкусиме супа од желки.
За таа цел и ние со нашата паралелка I-д одделение земавме активно учество во одбележувањето на овој ден: изучивме интересни факти за желките, ја читавме и гледавме басната „Зајакот и Желката“, слушавме песнички, гледавме видеа со желки како и изработувавме во групи желки од различни материјали . Да ја заштитиме оваа неверојатна убавица која се соочува со огромни закани!
Затоа ЗАПОМНЕТЕ ако најдете желка на земајте ја дома со вас!!!
Одговорен наставник: Елена Стојановска
Нема коментара:
Постави коментар