понедељак, 20. мај 2019.

СКОПСКИ ЦВЕТЕН ФЕСТИВАЛ ВО ГРАДСКИ ПАРК – СКОПЈЕ



По шести пат на 18. и 19.05.2019 год., под покровителство на град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“, во Градскиот парк - Скопје се одржува ЦВЕТЕН СКОПСКИ ФЕСТИВАЛ под мотото „СКОПЈЕ ЦВЕТА“.
Идејата е сите училишта и градинки од сите општини да земат учество со цел промоција на одгледување цвеќе, вклучување на најмладите во работилници, развивање креативност и знаење за цвеќињата и растенијата како и подигнување на свеста за заштита на животната средина.
Оваа година учесници на фестивалот од нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ н. Драчево, Општина Кисела Вода, беа учениците од III-Б одделение со дел од родителите и одделенскиот раководител Марија Илиева. На почетокот пред отварањето на фестивалот имаше цветно дефиле од присутните деца од градинките и основните училишта кои во придружба на оркестар се движеше до делот од паркот каде беше предвидено свеченото отварање. Градоначалникот на град Скопје Петре Шилегов со краток говор свечено го отвори фестивалот во 12.00 часот. По отварањето следеа ритмички точки од ученици и разни содржини и работилници за најмладите. Ги разгледавме разновидните цвеќиња кои беа распоредени на штандови, децата имаа можност да се запознаат со разни видови цвеќиња, а некои си купија цвеќиња за одгледување во домашни услови. Учениците имаа можност да си играат и забавуваат на зелената трева, да се одморат под сенките на дрвјата во паркот и да дишат чист воздух. Сите бевме расположени, весели и исполнети со позитивни емоции. По убаво поминатиот ден, си отидовме со насмевки на лицата и желба повторно да го посетиме паркот и да уживаме во убавините на природата и пролетта.
                                            Одд.наставник: Марија Илиева


Посета на Археолошки музеј на РМ и на Археолошки локалитет ,,Тумба Маџари“- Скопје



           На  17.05.2019год. (петок), учениците од V одд., заедно со нивните наставнички: Мира Јовеска, Весна Милановска, Мануела Маркоска, Билјана Христовска и Даниела Костадинова ја реализираа планираната посета во Археолошки музеј на РМ и археолошкиот локалитет ,,Тумба Маџари“- неолитското село кое датира од пред 8000 год. Учениците имаа можност и да поставуваат прашања и да ги прошируваат нивните знаења. Се запознаа со многу артефакти од нашето далечно минато, со многу предмети кои сведочат за постоењето и начинот на живот во тоа време.
                                                           Одд. раководител: Мануела Маркоска


петак, 17. мај 2019.

Дводневна екскурзија низ Источна Македонија



          На 6.5.2019 год. 63 ученика од централното и подрачното училиште од шесто одделение, во осум часот тргнаа на дводневна екскурзија низ источна Македонија. Патувањето беше во соработка со туристичката агенција Виста турс, а сместувањето во хотел Полин во Дојран. Од Скопје тргнавме кон Струмица, каде што ги посетивме манастирите Водоча и Велјуса. Потоа продолживме кон Смоларските водопади, за во попладневните часови да пристигнеме во хотелот. По сместувањето во собите и вечерата, учениците имаа забава. Изутрината, по појадокот се упативме кон граничниот премин, а потоа и на прошетка до Дојранското езеро. Потоа се вративме во хотелот на ручек, по кој се упативме кон Радовиш во посета на црквата Св.Тројца. Во вечерните часови пристигнавме во Скопје. Екскурзијата помина во најдобар ред.

                                                    Одговорен наставник: Каролина Коларовска


„Ѓурѓовден“ - роденден на општината


Цвеќето е симбол на убавината, симбол на младоста, симбол на убава детска насмевка. Безброј детски насмевки и радосни детски срца имаше на денот посветен на нашата општина: 6 Мај - „Ѓурѓовден“.
Роденденот на општината беше одбележан со приредба во која зедоа учество  дечињата од детските градинки и учениците од основните училишта од општината.
Нашето училиште учествуваше на манифестацијата претсавено од страна на учениците од III-а одд. и III-в одд. под раководство на наставничките Светлана Жежовска и Валентина Димишковска.


четвртак, 25. април 2019.

ЗАПИШУВАЊЕ ПРВАЧИЊА


Приредба за децата од градинката од н. Драчево и нивните родители



Во нашето училиште на 23.04.2019 год. (вторник)  беше реализирана приредба за децата од градинката од н. Драчево и нивните родители. Реализатори на приредбата беа ученици од петтите одделенија и ученици од III - б одд.  Приредбата започна  во 17,30ч.  и траеше 40 минути. На приредбата со краток говор зеде учество и директорката на нашето училиште – Љубица Наумовска. Присуствуваа поголем број родители и деца.             
На крајот од приредбата на секое идно прваче му беше дадена брошурка од нашето училиште со мала боенка. Родителите и идните првачиња имаа можност да го разгледаат училиштето. Со честитки за среќен упис во прво одделение беа поздравени нашите идни првачиња.
                      Одговорен наставник: Мира  Јовеска





Приредба за нашите идни првачиња од градинката „Ѓурѓица“- населба Пинтија

На 02.05.2019 година (четврток) во подрачното училиште од населба Пинтија, според Годишната програма за работа на училиштето, беше реализирана приредба за нашите идни првачиња од градинката „Ѓурѓица“. Приредбата ја подготвија и реализираа учениците од прво, второ, трето, четврто и петто одделение под водство на нивните наставнички. Приредбата имаше мото „Во светот на децата“ и внимателно беше проследена од нашите најмили гости и нивните воспитувачки. На приредбата, меѓу другите,  присуствуваа и директорката на училиштето - Љубица Наумовска и дефектологот - Адријана Куковска.
        На крајот на приредбата идните првачиња беа поздравени од директорката на училиштето и секое од присутните деца доби брошура  од нашето училиште со мала боенка.
                                            Одговорен наставник: Даниела Костадинова