петак, 6. март 2026.
Едукативно предавање за учениците од второ одделение за сообраќај
четвртак, 5. март 2026.
Посета на пожарната во Драчево
Денес учениците од второ одделение ја посетија пожарната во Драчево во рамки на наставата по Општество. Бидејќи ја започнавме темата за елементарни непогоди, а првата лекција ни беше „Пожар“, сакавме одблиску да се запознаеме со работата на пожарникарите. Учениците имаа можност да ги видат противпожарните возила и опрема, да слушнат корисни совети и да научат како правилно да постапат во случај на пожар. Посетата беше поучна, интересна и исполнета со многу насмевки.
понедељак, 2. март 2026.
" Заедно без страв - Рајко Жинзифов, училиште без насилство "
Општествено - хуманитарна кампања во подготовка
петак, 27. фебруар 2026.
Социометриска постапка – увид во односите меѓу учениците
Во текот на месец февруари 2026 година, училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше социометриска постапка со учениците од VII-а и VII-в одделение.
Целта на оваа активност беше да се добие подобар увид во меѓусебните односи, прифаќањето и комуникацијата помеѓу учениците во одделенијата. Преку соодветни прашалници и анализа, се согледаа социјалната структура на групите, како и позицијата на секој ученик во однос на врсниците.
Добиените сознанија ќе послужат како основа за понатамошни активности насочени кон подобрување на односите, поттикнување на соработката и создавање позитивна и поддржувачка училишна средина.
Со вакви стручни постапки, училиштето континуирано работи на унапредување на социјалниот и емоционалниот развој на учениците.
Психолог Бранка Бранковиќ
Светскиот ден на социјалната правда.
Во рамките на програмата за Мировно образование поддржана од МОН ,нашето училиште го одбележа Светскиот ден на социјалната правда.
Праведно општество не се гради само со зборови,туку со дела, мир,храброст,солидарност и одговорност.
Одговорен : библиотекар Александра Милчева
Извештај за реализирана воннаставна активност “Сообраќајна едукација за младите” во училиштата во 7мо, 8мо и 9то одделение
четвртак, 26. фебруар 2026.
„Што ми пречи“ – работилница за изразување на емоции и градење разбирање
На 25.2.2026 год. училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше работилница со учениците од VIII-а одделение на тема „Што ми пречи“.
Целта на работилницата беше да им се овозможи на учениците да ги препознаат и изразат сопствените чувства, како и да научат на соодветен начин да комуницираат кога нешто им пречи. Преку дискусија, размена на мислења и интерактивни активности, учениците имаа можност да споделат ситуации од секојдневието и да согледаат како нивното однесување влијае врз другите.
Особено внимание беше посветено на развивање на вештини за асертивна комуникација, почитување на различностите и градење меѓусебно разбирање. Учениците покажаа отвореност, искреност и активна вклученост во работата.
Работилницата придонесе за зајакнување на емоционалната свесност и подобрување на односите помеѓу учениците, како важен чекор кон создавање позитивна училишна клима.
Психолог Бранка Бранковиќ
среда, 25. фебруар 2026.
Започна проектот „Насилството не е кул“
На 24.2.2026 година започна реализацијата на проектот „Насилството не е кул“, за кој училиштето „Рајко Жинзифов“ доби грант. Проектот има за цел подигнување на свеста за превенција од насилство и градење позитивна училишна клима.
Во рамките на проектот се вклучени ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ "Кузман Шапкарев“ и ООУ" Св. Климент Охридски“.
Првата работилница беше реализирана на тема „Насилство“, под водство на психологот Бранка Бранковиќ и педагогот Весна Рафеска.
Преку интерактивен пристап, дискусија и практични активности, учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство, неговите последици, како и начините на препознавање и спречување. Со оваа работилница се истакна улогата на секој поединец во создавање безбедна и поддржувачка средина.
Проектот претставува значаен чекор кон јакнење на свеста кај учениците и поттикнување на вредности како почит, толеранција и одговорност.
Психолог Бранка Бранковиќ
Педагог Весна Рафеска
уторак, 24. фебруар 2026.
Балетската претстава “Петар Пан”
Нашите ученици од 3г, 4г и 4д одд.заедно со своите наставнички денес имаа можност да ја проследат балетската претстава “Петар Пан” во Македонската опера и балет.
🎭Целта на оваа посета беше да се поттикне љубовта кон уметноста и културата.
🎭Децата уживаа во магијата на сцената и го збогатија нивното искуство со плус уште едно волшебно доживување.
понедељак, 23. фебруар 2026.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
Нашето училиште присуствуваше на свечениот настан во Институтот за македонски јазик„Крсте Мисирков’’,по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Јован Николовски се претстави со песната ,,Очи’’ од Ацо Шопов под менторство на библиотекарот Александра Милчева.
Мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација,туку и чувар на семејната и национална традиција,на духовното богатство и култура на еден народ.
МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК
Нашето училиште присуствуваше на свечениот настан во Институтот за македонски јазик ,,Крсте Мисирков",по повод 21 февруари Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.Активно го чествуваа Денот на мајчиниот јазик нашите ученици Теона Николова 9 г,Михаела Тримческа 9г,Михаела Васковска 9 г,Андреј Станковски 9 г,Андреј Јованчев 9 г,Иван Петровски 9г,Јована Стојановска 9б,Сара Величковска 9б,Калина Петрушева 9 б,Лина Џиковска 9б,Марија Змејковски 8а,Јован Николовски 8а,Теодора Трифуновска 8а,Јана Кискинова 8 а .
Јован Николовски се претстави со песната,,Очи"од Ацо Шопов под менторство на библиотекарот Александра Милчева.
Мајчиниот јазик не е само инструмент за комуникација,туку и чувар на семејната и национална традиција,на духовното богатство и култура на еден народ.
Посета на Музеј на македонска борба, Црква Св. Спас и гробот на Гоце Делчев
На ден 20.02.2026 год.учениците од 4а, 4б и 4в одд. го посетија Музејот на македонската борба за државност и самостојност, Црква Свети Спас и гробот на Гоце Делчев.
Во музејот научивме многу за македонската историја и борбата за слобода. Во црквата го видовме прекрасниот иконостас, а на гробот на Гоце Делчев оддадовме почит.
Посетата беше интересна и поучна, и ни помогна подобро да ја разбереме нашата историја.
Актив на четврто одделение
Проект ,, Вело училиште ,, - 3а одделение
субота, 21. фебруар 2026.
СВЕТСКИ ДЕН НА СОЦИЈАЛНАТА ПРАВДА
Во рамките на програмата за Мировно образование поддржана од МОН ,нашето училиште го одбележа 20ти февруари Светскиот ден на социјалната правда.
Праведно општество не се гради само со зборови,туку со дела,мир,храброст,солидарност и одговорност.
Библиотекар : Александра Милчева
понедељак, 16. фебруар 2026.
Недела на информатика
среда, 11. фебруар 2026.
Изработка на хранилки за птици
По предметот Природни науки, учениците од 5 одделение заедно со наставничката Билјана Наунова и обр.асс.Павлина реализираа практична активност – изработка на хранилки за птици. Преку разговор и работа во групи, учениците се запознаа со птиците што не мигрираат и со тешкотиите со кои тие се соочуваат во зимскиот период поради недостиг на храна.Учениците изработија хранилки од рециклиран материјал, научија каква храна е соодветна за птиците и каде е најбезбедно да се постават хранилките. Активноста не учи, на одговорност и грижа кон живите суштества, како и тимска работа и практична примена на знаењата.Со оваа активност учениците сфатија дека и со мали постапки можат активно да придонесат за заштита на природата и животните.
среда, 4. фебруар 2026.
Разрешување на конфликти – вештина за подобра комуникација
На 3.2.2026 година училишниот психолог Бранка Бранковиќ реализираше работилница со учениците од IX-б одделение на тема „Разрешување на конфликти“.
Целта на работилницата беше учениците да стекнат вештини за препознавање и конструктивно решавање на конфликти во секојдневната комуникација. Преку дискусија, анализа на ситуации и практични активности, учениците учеа како да ги контролираат емоциите, да слушаат активно и да пронаоѓаат решенија прифатливи за сите страни.
Посебен акцент беше ставен на ненасилната комуникација, почитувањето на различните ставови и значењето на дијалогот во надминување на несогласувањата. Учениците активно учествуваа и покажаа интерес за примена на наученото во секојдневните ситуации.
Работилницата придонесе за развој на социјални вештини и создавање позитивна атмосфера меѓу учениците, како важен дел од здравата училишна средина.
Психолог Бранка Бранковиќ
уторак, 3. фебруар 2026.
УЧЕСТВО НА ТРИБИНА по Предлог на Законот за заштита од пушење
Во рамки на јавната расправа по Предлог на Законот за заштита од пушењето на 04.02.2026 година се одржа панел дискусија во Домот на хуманитарните организации „Даре Џамбаз“ на која зема учество училишниот дефектолог м-р Адријана Кукоска.
Панелистите од Институтот за јавно здравје, Факултетот за земјодејски науки и храна, Сојузот на стопанските комори говореа за бенефитите, опасносите и значењето на овој предлог Закон за заштита од пушењето. Претставникот од Министерство за образование и наука говореше за улогата на образванието за превенција од пушењето со превентивни програми кои веќе ги имаме. Влијанието на целото општество, наставниот кадар и родителите, колку е значајна континуираната едукација и превенција, да се знае за штетноста од пушењето од која може да се јави зависност која тешко се надминува.
Здравјето пред се!
Дефектолог м-р Адријана Кукоска
понедељак, 2. фебруар 2026.
Извештај од Општинскиот натпревар по математика учебната2025/26
На Општинскиот натпревар по математика, кој се одржа во нашето училиште на 30.01.2026 г, учествуваа ученици од IV до VIII одд, вкупно 47 ученици.
Од сите учесници во натпреварот, 3 ученика освоија втора награда, 7 ученика освоија трета награда, а 11 ученика пофалници. Сите наградени ученици ќе земат учество на Регионалниот натпревар што ќе се реализира на 14 март.
понедељак, 26. јануар 2026.
ООУ „Рајко Жинзифов“ доби грант!
По објавениот јавен повик за доделување на средства на основните училишта за реализација на активности од програмите за насилство, злоупотреба и запуштање на ученици со и без попреченост, програми за спречување на дискриминација и програми за превенција од злоупотреба на алкохол и тутун, злоупотреба на дроги и други психотропни супстанци, програма за спречување на учество на игри на среќа и малолетничка деликвенција, нашето училиште аплицираше и во јануари 2026 година доби грант наменет за превенција и справување со врсничко насилство.
Нашето училиштето е едно од осумнаесетте училишта во Македонија и единственото училиште во Општина Кисела Вода кое доби грант. Целта е унапредување на безбедната и поддржувачка училишна средина. Во рамките на овој проект ќе се реализираат низа едукативни и интерактивни активности и работилници насочени кон подигнување на свеста кај учениците за значењето на меѓусебното почитување, емпатијата и асертивната комуникација.
Согласно акцискиот план за проектот, планирано е активностите да се спроведат во текот на второто полугодие во учебната 2025/2026 година. Како завршниот продукт на овој проект, на заврниот настан за проектот ќе биде промовирана музичка изведба, компонирана од предметниот наставник по музичко образование Даме Коларовски во која ќе учествуваат учениците од нашето училиште. Исто така, во рамките на завршната активност нашите ученици ќе учествуваат и во форум театар. Преку работилници, групни дискусии и заеднички активности, учениците ќе имаат можност да развијат социјални вештини, да научат како да препознаат различни форми на насилство и како соодветно да реагираат во одредени ситуации.
Проектот има за цел да придонесе кон создавање позитивна инклузивна училишна клима, конструктивно решавање на конфликти и поттикнување на активна улога на учениците во градењето средина без насилство




































