На 24.2.2026 година започна реализацијата на проектот „Насилството не е кул“, за кој училиштето „Рајко Жинзифов“ доби грант. Проектот има за цел подигнување на свеста за превенција од насилство и градење позитивна училишна клима.
Во рамките на проектот се вклучени ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“, ООУ "Кузман Шапкарев“ и ООУ" Св. Климент Охридски“.
Првата работилница беше реализирана на тема „Насилство“, под водство на психологот Бранка Бранковиќ и педагогот Весна Рафеска.
Преку интерактивен пристап, дискусија и практични активности, учениците имаа можност да се запознаат со различните форми на насилство, неговите последици, како и начините на препознавање и спречување. Со оваа работилница се истакна улогата на секој поединец во создавање безбедна и поддржувачка средина.
Проектот претставува значаен чекор кон јакнење на свеста кај учениците и поттикнување на вредности како почит, толеранција и одговорност.
Психолог Бранка Бранковиќ
Педагог Весна Рафеска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.