петак, 5. децембар 2025.

Нашето однесување зборува за нас

 

Учениците од VI одделение од подрачното училиште во Пинтија испратија силна порака преку креативната изработка на „Ѕидот на убавото однесување“. Преку заедничка активност, тие ги претставија вредностите кои го прават училиштето место на почит, разбирање и пријателство.

Секој збор, мисла и порака на ѕидот потсетуваат дека однесувањето е огледало на нашата личност и дека убавите постапки создаваат позитивна училишна клима. „Ѕидот на убавото однесување“ не е само украс, туку симбол на изборот да бидеме подобри едни кон други секој ден.

Со оваа активност која се реализираше под водство на училишниот психолог, учениците покажаа дека свесноста, емпатијата и меѓусебната поддршка се темел на здрава и безбедна училишна средина.

психолог Бранка Бранковиќ




Едукативни работилници за емоционален развој и критичко размислување

 

Во текот на првото полугодие, училишниот педагог Весна Рафеска реализираше  работилници насочени кон зајакнување на емоционалната писменост и развивање на способноста за препознавање и надминување на стереотипите и предрасудите.

Учениците учествуваа во активности на теми: „Емоции“, „Надминување на мојот страв“, „Скршено срце“, „Јоно Око и Хај“, кои им помогнаа подобро да ги разберат своите реакции, да ги идентификуваат изворите на одредени чувства и да научат позитивни начини на справување.

Особен акцент беше ставен на разбирањето како стереотипите и предрасудите се формираат и како влијаат врз однесувањето и односите меѓу учениците. Преку дискусии и интерактивни вежби, учениците развиваа емпатија и толеранција.

Овие активности значајно придонесоа за создавање побезбедна и поинклузивна училишна средина.

педагог Весна Рафеска



четвртак, 4. децембар 2025.

ИЗВЕШТАЈ од работилницата за Одбележување на „Светскиот ден на лицата со попреченост“ со интегрирање на олимписките вредности

На 3 Декември  се одбележува  „Светскиот ден на лицата со попреченост“.

Во знак на поддршка на овие лица нашето одделение 4-д заедно со своите другарчиња од 4-г  организираа  и реализираа  работилница на тема „Сите сме различни, сите сме важни“.

Учениците имаа можност преку различни игри со маски на очите, играње одбојка со седење на столче, игри во парови, музичко ритмички чекорења на дадена песна, игра со балони ,игра во група, сложување сложувалки со зборови кои се важни за овие лица и на крај истакнување на целта преку слоганот .

Преку игрите се обидовме да ги доближиме и да ги увидиме кои се убавите, а кои лоши страни и всушност ги поттикна учениците  за прифаќањето на различностите и почитувањето на потребите на децата со  нарушување. Преку овие игри се обидовме да ги интегрираме олимписките вредности -пријателство, тимска работа, почит, извонредност во редовната наставна практика.

Со ова сметаме дека социјалното дистанцирање ќе заврши и дека од истото ќе ја научиме лекцијата, дека некој  секојдневно е отфрлен, неприфатен од наша страна и дека конечно ќе ги научиме разликите дека СЕКОЈ ЕДЕН Е ВАЖЕН во нашиот „Шарен свет“.


      Одговорен наставник: Елена Стојановска Валентина Димишковска







среда, 3. децембар 2025.

ОДБЕЛЕЖУВАЊЕ НА 3 ДЕКЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

 

 Денес 3 Декември - Меѓународниот ден на лицата со попреченост, во нашето училиште го одбележавме со читање на пригоден реферат. Потоа во чест на лицата со попреченост, со цел што повеќе да се подигне свеста за нивните права, достоинство и потреби, се промовираше флаерот со искуства и заклучоци кој произлезе од низата работилници реализирани од училишниот дефектолог, во рамки на интерниот училишен проект Убавините на различностите“. Се промовираа и креативните изработки и збирката на творби од учениците на тема: Убавините на различностите - Јас и ти различни, но совршен тим .

     Секој ученик од нашето училиште беше вклучен, на свој и единствен начин, во активностите со кои допринесовме да имаме што поинклузивна средина со поголемо разбирање и емпатија кон овие лица.

Доколку сакаш позитивни промени, започни од себе си!

Дефектолог (СЕР)

Адријана Кукоска






среда, 26. новембар 2025.

Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“

На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика. 

Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.

Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.

Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици. 

Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.

Одговорни наставници: Татјана Трпеска, Јовица Ефтовски, Весна Рафеска,,Магдалена Бадарова,,Анета Макревска,,Елена Стојановска,,Валентина Димишковска,,Весна Милановска, Горан Петковиќ




уторак, 25. новембар 2025.

Да градиме пријателство и почит меѓу врсниците

             Во училиштето учиме и како да се однесуваме кон другите. Важно е секој ученик да се чувствува прифатен и почитуван.

Од таа причина училишниот психолог Бранка Бранковиќ одржа работилници со учениците од трето и четврто одделение. Со дел од учениците од трето одделение се работеше на темата „Другарство и почит“, додека со учениците од  IV - б се продлабочи истата тема, а со учениците од  IV - в беше одржана работилница на тема „Превенција на насилство“. Учениците учеа како да зборуваат со љубезност, да слушаат едни со други, да прифаќаат различности и да помагаат кога е потребно.

Таквите активности ни помагаат да создадеме пријатна и безбедна атмосфера, каде секој ќе се чувствува среќно и почитувано.

 

психолог Бранка Бранковиќ

 




Обука -„Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“

 

На 25 ноември 2025 година беше реализирана професионална обука на тема „Техники на предавање на училишни предмети преку олимписки вредности“, организирана во соработка со Меѓународниот Олимписки Комитет (МОК). Обуката имаше за цел да го зајакне професионалниот развој на наставниците преку интеграција на олимписките вредности – пријателство, почит и извонредност – во редовната наставна практика.

            Учесниците се запознаа со современи методи и пристапи за: применување на олимписки вредности во различни наставни предмети, развивање на позитивна ученичка култура, поттикнување на соработка, фер-плеј, почит и упорност кај учениците, осмислување активности со спортски и едукативен карактер.

Клучни содржини од обуката беа интерактивни техники за учење преку игра и спорт, интегрирање на олимписките вредности во наставни единици, методи за мотивирање на ученици преку практични примери од спортот, развивање на инклузивна училница и тимска култура.

Во наредниот период следува практична примена на стекнатите знаења преку работа со ученици.

Обуката се реализираше успешно и претставува значаен чекор во унапредувањето на наставната практика преку воведување на олимписките вредности како воспитно-образовен инструмент. Наставниците добија корисни техники кои ќе ги применат во наставата со цел да се поттикне позитивен развој на учениците и да се создаде средина исполнета со почит, соработка и стремеж кон извонредност.

Директор Татјана Трпеска, педагог Весна Рафеска и наставници: Магдалена Бадарова, Анета Макревска, Весна Милановска, Елена Стојановска, Валентина Димишковска, Јовица Ефтовски и Горан Петковиќ



 

четвртак, 20. новембар 2025.

Одбележување на Светскиот ден на детето 20 Ноември

 

Денот на детето е датум кој се прославува секоја година во чест на децата на национално ниво. Светскиот ден на детето се прославува на 20 ноември за да ја одбележи Декларацијата за правата на детето донесена од Генералното собрание на ОН на 20 ноември 1959 год.

Учениците од 4-д одд. симболично го одбележаа овој ден преку низа активности во училница: изработуваа алки, рамки од различни материјали, усно се изразуваа на тема Убаво е да си дете..., дуваа балони пееа песни и изведуваа ритмички чекорења на истите.

Среќен ден наши најмили! 

одделенски наставник Елена Стојановска





Извештај ,, Родителот во улога на наставник,,

На ден 19.11.2025 година се реализираше работилница во слоп на проектот,, Родителот во улога на наставник,, . Во III a одделение присуствуваше родителката Катерина Стојмановиќ - педијатар, па говоревме за ,, Вируси и бактерии,, наставна содржина по природни науки.

Родителот не запозна како да се грижиме за нашето здравје, редовно миење на раце, здрава храна, редовна вакцинација. Учениците цртаа цртежи на кои ги претставија своите супер херои во борба против вирусите и бактериите, одговараа на квиз прашања, добија пофалници за храброста, родителот направи преглед на сите ученици кои беа присутни. Огромна благодарност до родителката Катерина Стојмановиќ.

Оговорен наставник : Маја Атанасовска Спасеска/ Горица Станковска





Обука-Презентација „Шах во училиштата“

На 19.11.2025год.  Шаховскиот сојуз на град Скопје во салата во општина Кисела Вода реализираше презентација на проектот Шах во училиштата- со цел поттикнување на учениците и наставниците за вклучување во оваа едукативна и спортска активност.

На настанот се промовираше книгата Ајде да играме шах како и се делеа по две шаховски гарнитури за секое училиште.
Преку оваа обука беше пренесено дека Шахот не е само игра -  тој е алатка за развој, размислување и вредности. 
Одговорни наставници:Елена Стојановска Јовица Ефтовски






понедељак, 17. новембар 2025.

Одбележување на Меѓународниот ден на толеранција во нашето училиште

 

На 17 ноември (понеделник) во нашето училиште беше одбележан Меѓународниот ден на толеранција – ден посветен на почитување, разбирање и прифаќање меѓу луѓето.

Учениците од IX-а одделение, заедно со училишниот психолог Бранка Бранковиќ, учествуваа во кратка едукативна активност посветена на значењето на толеранцијата во училиштето и во секојдневниот живот. Преку дискусија, примери од реални ситуации и креативни пораки, учениците зборуваа за тоа како различностите не нè делат – туку нè збогатуваат.

Активноста поттикна размислување за важноста на учтивоста, емпатијата, мирниот дијалог и почитта кон другите, без разлика на мислење, изглед, култура или вера. Учениците заклучија дека толеранцијата започнува од секој од нас, со мал гест, добра збор и желба да го разбереме другиот.

Со ваквите активности, нашето училиште продолжува да гради средина во која доминираат пријателство, поддршка и взаемна почит.

 

Толеранцијата е наш заеднички јазик – да ја негуваме секој ден!

 

психолог Бранка Бранковиќ



Месец на книгата

 

    По повод месецот на книгата од 15 октомври до 15 ноември 2025 год.се реализирани повеќе активности,со цел развивање љубов кон книгата,создавање навики за читање и развивање  способност за творење и создавање свои лични творби.Се организираа различни работилници на теми:

Ø  Поезија на Косара Гочкова

Ø  Настанокот на книгата

Ø  Магијата на книгата

Ø  Краснопис

Ø  Наша библиотека

Ø  Најверни читатели (пофалници)

 

Библиотекар: Александра Милчева



среда, 12. новембар 2025.

Бираме градоначалник во IV-в одделение

 

Согласно планот и програмот за 4 одделение пропишан од БРО, како воннаставна, активност учениците од 4в одделение заедно со наставничката Кети Сталеска, организираа "изборна кампања" која се одвиваше во месец ноември. А непосредните избори се одржаа во месец декември, по завршната дебата. Учениците со задоволство ја прифатија игровната наставна активност и активно работеа на нивната "изборна кампања" така што учениците кои изразија желба да се кандидати за градоначалници како Јована и Јован Тренкоски, Јована Најдановиќ, Јован Костадиновски, Ема Јаховиќ и Борјан Трајчевски, заедно со нивните советници, ученици од нашето одделение, подготвија презентации изработени во PP, флаери, програми, плакати каде ги комбинираа знаењата стекнати по наставните предмети  Македонски јазик,  Информатика и техничко образование и Историја и општество. И со овие активности се претставија на своите другарчиња-избирачи.

Дебата беше јавна и двајца ученици во улога на новинари Јаков Миновски и Бејза Реџепи, на нашата импровизирана телевизија "СКОКО ТВ" ја водеа, а ученикот Андреј Димовски во улога на снимател и режисер ја сними дебатата.

Гласањето го организираше претседателот/ ученикот, Џан Беговиќ.

На тајното гласање за прв градоначалник се избра Борјан Трајчевски. Со среќа да им e. Поддршка за храброста и посветеноста на учениците. Па можеби некој од нив и навистина во иднина и реално ќе биде наш градоначалник.

одделенски наставник Кети Сталеска





четвртак, 30. октобар 2025.

Преку пријателство до позитивно однесување

 

Училишниот дефектолог Адријана Кукоска и психологот Бранка Бранковиќ организираа инспиративни работилници со учениците од нашето училиште, со цел да го поттикнат развојот на пријателство, соработка и позитивни навики.

Со VI – б одделение, учениците преку работилницата „Цветот на пријателството“ учеа како да градат топли и вредни врски со своите соученици, да се разбираат и да се почитуваат меѓусебно, а како дел од активноста направија и кутија за пријателство, каде имаат можност да ги запишуваат своите мисли, вредности и пораки за другарството. Со учениците од VII - г одделение се обработуваше темата „Несоодветно однесување“, при што учениците дискутираа за различни форми на несоодветно однесување и научија стратегии за позитивно однесување. Како практичен резултат, направија „Ѕид на убавото однесување“, каде ги истакнаа своите идеи и добри примери на пријателско однесување.

Овие активности се дел од континуираниот труд да се создаде поддржувачка, топла и пријателска средина каде секој ученик може да се развива и да напредува.

 

дефектолог м-р Адријана Кукоска

психолог Бранка Бранковиќ



уторак, 28. октобар 2025.

Професионална едукација за поддршка на ученици со АДХД

 

На 28.10.2025 год. стручните соработници од нашето училиште,  психологот  Бранка Бранковиќ и дефектологот  Адријана Кукоска, учествуваа на стручно усовршување во рамки на работилницата организирана од проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, на тема: „Препознавање и справување со деца со дефицит во вниманието и хиперактивно растројство (АДХД)”.

Во работилницата учествуваа и психолози од други училишта, што овозможи богата размена на искуства, практични стратегии и успешни пристапи во работа со ученици со АДХД. Преку интерактивни активности, анализа на случаи и стручни дискусии, учесниците ги продлабочија своите знаења за современите методи на препознавање и поддршка на ученици со развојни предизвици.

 

психолог Бранка Бранковиќ

дефектолог м-р Адријана Кукоска




Проект „НЕЗАПИРЛИВИ“

 

 

На 27 и 28 октомври, учениците од VII, VIII и IX одделение имаа можност да присуствуваат на инспиративни средби организирани во Домот на култура „Билјана Беличанец“ во општина Кисела Вода. Настанот беше осмислен со цел да им овозможи на младите да слушнат мотивациски приказни од познати и успешни личности од македонската естрада, кои се истакнуваат во областите музика и глума.

Гости на настанот беа:

  • Музичката група „2 Бона“
  • Тамара Тодевска, вокален уметник
  • Игор Џамбазов, актер и шоумен
  • Давор Јордановски, музички продуцент

Секој од гостите сподели свое лично искуство за патот до успехот, предизвиците со кои се соочиле, значењето на упорноста и талентот, како и важноста од следење на личните соништа.

Учениците активно слушаа и поставуваа прашања поврзани со кариерата, личниот развој и предизвиците во јавниот живот, Учениците дискутираа за мотивите и пораките што ги добија од гостите.

Настанот беше успешно организиран и позитивно прифатен од страна на учениците. Инспиративните приказни на познатите личности оставија силен впечаток и дополнително ги мотивираа младите да веруваат во себе и во своите потенцијали.

 

Наставници Магдалена Бадарова и Вилма Влаховиќ





субота, 25. октобар 2025.

Одбележување „Месец на книгата“ од 15 октомри до 15 ноември


        „Месецот на книгата“ веќе традиционално се одбележува секоја година во период од 15 октомври  до 15 ноември со цел да се придонесе за популаризација на читањето меѓу учениците.  Ние во нашето одделение IV-д освен библиотеката на тркала со збирка сликовници „Нашата прва библиотека“ подготвена од страна на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ собравме и одреден фонд на книги и направивме мала библиотека со соодветна литература за деца во нашата училница.

Секој ученик беше задолжен во тетратката по македонски јазик да направи табела и да ги запишува името и авторот на книгата која ќе ја прочита во текот на месецот. Учениците отворено разговараа меѓу себе за содржината и чувствата што ги побуди кај нив книгата која ја прочитале. А на крај на месецот следуваше награда за нивниот труд. Наградата се состоеше од една книга лектира „Малиот принц“ која е донација од родител и пофалница за учество во натпреварот. Се надевам дека ова беше доволен мотив  и поттик да се читаат  што повеќе книги, да пораснеме генерации на вистински „читатели“, но и да прерасне во традиција на одделението.

„Нема поумен и помудар  од оној кој со книга другарува!“                                                  

 одделенски наставник Елена Стојановска    


                                                    


четвртак, 23. октобар 2025.

Садиме надеж: Цементарница "ТИТАН Усје" го раззеленува нашиот училишен двор

 

Во соработка со Цементарница "ТИТАН Усје"`, во нашето училиште донирани се 40 садници Туи.

Заедно со учениците истите беа засадени во училишниот двор, со што се реализираше уште една општествено корисна активност. Учениците развива свесност за природата околу нас, како да ја зачуваме и оплеменуваме со повеќе засадени дрвја и да го негуваме култот кон дрвото со конкретни пораки.




среда, 22. октобар 2025.

Насилството нема место меѓу нас

 

Во нашето училиште ООУ „Рајко Жинзифов“ на 22.10.2025 год. се одржа едукативна работилница на тема „Меѓуврсничко насилство“, реализирана од страна на психологот Бранка Бранковиќ и дефектолог Адријана Кукоска во рамките на активностите на Ученичкиот парламент. Целта на работилницата беше учениците да научат како да препознаат различни облици на насилство и како на мирен начин да ги решаваат конфликтите.

Како дел од активностите, членовите на парламентот активно учествуваа во дискусијата и изработија кутии за анонимна пријава на насилство, кои ќе бидат поставени во централното и во подрачното училиште на соодветно место. Дополнително, на претседателите на паралелките од VI до IX одделение им беа споделени онлајн формулари за анонимна пријава на насилство, со што секој ученик ќе има можност на безбеден и доверлив начин да пријави насилство и преку интернет.

психолог Бранка Бранковиќ

дефектолог м-р Адријана Кукоска

 


 

петак, 17. октобар 2025.

Едукативна обука: „Сите сме тука, заедно – Развивање на емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“

 

 На 17.10.2025 год. учениците од  V-б и  IV-г одделение имаа можност  да учествуваат во едукативна обука организирана од НВО САНО, со поддршка на Бирото за развој на образованието и Министерството за образование и наука на тема :„Сите сме тука, заедно – Развивање на  емпатија, пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи или на домашно лекување“. Преку оваа обука кај  учениците се поттикна развивање на социо-емоционални  вештини и градење на култура на прифаќање и поддршка. Учениците  имаа можност да зборуваат што значат пријателството, грижата и разбирањето за соученици кои се на лекување и како сите заедно можат да понудат поддршка.

 На учениците им беше објаснето што претставува канцер, дека не е заразен и зошто е важно разбирањето и охрабрувањето.Учениците гледаа краток анимиран филм кој метафорично ја прикажува борбата со болеста.и дека љубовта и подршката се многу важни за полесно надминување на болеста. Учениците  научија  правила за прифаќање, охрабрување и вклучување на соученик кој е на лекување. На крајот на обуката, учениците добија насоки креативно да изразат поддршка преку цртеж, порака, песна или честитка.

 

одделенски наставник Светлана Жежовска