На
17.10.2025 год.
учениците од V-б и
IV-г
одделение имаа можност да учествуваат во
едукативна обука организирана од НВО САНО, со поддршка на Бирото за развој на
образованието и Министерството за образование и наука на тема :„Сите сме тука,
заедно – Развивање на емпатија,
пријателство и поддршка за ученици кои се на лекување во здравствени установи
или на домашно лекување“. Преку оваа обука кај
учениците се поттикна развивање на социо-емоционални вештини и градење на култура на прифаќање и
поддршка. Учениците имаа можност да
зборуваат што значат пријателството, грижата и разбирањето за соученици кои се
на лекување и како сите заедно можат да понудат поддршка.
На учениците им
беше објаснето што претставува канцер, дека не е заразен и зошто е важно
разбирањето и охрабрувањето.Учениците гледаа краток анимиран филм кој
метафорично ја прикажува борбата со болеста.и дека љубовта и подршката се многу
важни за полесно надминување на болеста. Учениците научија
правила за прифаќање, охрабрување и вклучување на соученик кој е на
лекување. На крајот на обуката, учениците добија насоки креативно да изразат
поддршка преку цртеж, порака, песна или честитка.
одделенски наставник Светлана Жежовска


Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.