среда, 5. април 2023.

Извештај за реализирана активност ,,Промовирање на наградени ученици по повод Патронатот“

На ден 4 април, во рамките на Неделата за активности по повод Патронатот на училиштето, свечено им беа доделени дипломи , признанија на нашите ученици, во присуство на одговорните наставници, како и на наставниците ментори на учениците. Голема беше радоста за освоените награди. Беа присутни ученици од 4 – 9 одделение. На сите ученици им честитаме за освоените дипломи и им посакуваме уште многу вакви награди, во иднина, нив и на сите останати ученици од нашето училиште.
Одговорни  наставници
Билјана Христовска и Билјана Петровска





субота, 1. април 2023.

1 Април - Денот на шегата

     Учениците од продолжен престој од прво до четврто одделение, го одбележаа денот на шегата, преку своите несекојдневни и креативни маски. Сите заедно ги покажаа маските преку кратка прошетка во непосредната околина. Нека секој ден носи радост и смеа. Шегата треба да не насмее, а не да не навреди !

Одговорни наставници: Маја Атанасовска Спасеска, Ана Јаневска Костадинова, Билјана петровска, Татјана Трпеска, Билјана Христова







уторак, 28. март 2023.

ИЗВЕШТАЈ ОД СЛОБОДНИТЕ АКТИВНОСТИ ПО ПОВОД 21 МАРТ- ДЕН НА ПРОЛЕТТА И ЕКОЛОГИЈАТА

     Учениците од IIа, IIб, и IIв одделение на 21 Март во рамките на слободните ученички активности го закитија доаѓањето на пролетта со креативни изработки од најразлични цветови и напишаа пораки за подигање на еколошката свест кај сите нас за да можеме да уживаме во убавините и благодетите  што ни ги подарува природата. 

Одговорни наставници:Вилма Влаховиќ, Светлана Жежовска, Марија Илиева











понедељак, 27. март 2023.

Реализирана прва ЛЕГО ТУРНЕЈА во соработка со Eco - Logic

 Во периодот од 15.03 до 24.03.2023 се реализираше првата лего турнеја во нашето училиште со учениците од прво а, в одделение - продолжен престој во соработка со Eco - Logic здружение на граѓани за заштита и унапредување на животната средина ,,Eco - Logic,,. Учениците беа мотивирани за работа со лего коцки при што се реализираа активности во согласност со наставната програма
- наставен предмет македонски јазик - Голема и мала печатна буква Лл
- наставен предмет општество - простории во домот и лична хигиена
- наставен предмет математика - Споредување на броеви до 30
- одбележување на денот на пролетта - грижа за животната средина
Одговорен настаник : Маја Атанасовска Спасеска






Остварена едукативна посета на Музеј на македонската борба

    За учениците од 8-те одделенија од ООУ „Рајко Жинзифов“ на 24 март 2023г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на музејот на македонската борба.Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во музејот додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Македонија и за тоа како таа е претставена во горенаведениот музеј. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 8-мо и 9-то одделение.

Одговорен наставник : Димитар Чоковски




четвртак, 16. март 2023.

Комплетирана серијата посети на (9а, 9б, 9в и 9г) на: “Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија”

За учениците од 9а одделение денес беше организирана посета на меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија. Со тоа беше комплетирана серијата посети на музејот организирани за 9-те одделенија од нашето училиште оваа година. 

Повторно за време на посетата во музејот нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште.
Исто како и на претходните посети учениците слушаа објаснување од водич во меморијалниот центар додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Евреите од Македонија. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 9-то одделение.

Одговорен наставник: Димитар Чоковски



недеља, 26. фебруар 2023.

Остварена едукативна посета на: “Меморијален центар на холокаустот на Евреите од Македонија”

За учениците од 9-б и 9-в одделение од ООУ „Рајко Жинзифов на 22 (9б) и 23 (9в) февруари 2023г. беше организирана и успешно остварена едукативна посета на меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

Во рамките на посетата учениците слушаа објаснување од водич во меморијалниот центар додека ги разгледуваа поставките. На овој начин тие ги продлабочија своите знаења за историјата на Евреите од Македонија. Преку слушањето на објаснувањето и разгледувањето на поставките беше остварено поврзување со материјата што се учи во рамките на наставните програми за Историја во 9-то одделение.

За време на посетата во двата музеи нашите ученици беа културни и дисциплинирани и тоа претставуваше убава слика за нашето училиште. Ова веќе е четврта организирана посета оваа година на музеи за ученици од ООУ „Рајко Жинзифов“. Ако условите дозволат во текот на оваа учебна година ќе се реализираат повеќе едукативни посети од ваков тип.

Одговорен наставник: Димитар Чоковски



четвртак, 23. фебруар 2023.

ФЕСТИВАЛ НА ЧОКОЛАДОТО


На ден 22.02.2023 година се одржа посета на фестивалот на чоколадото - чоколадна работилница во East Gate Mall.
Учество во работилницата земаа  учениците од II a –одделение .
На чоколадната работилница како донатори на чоколадото се јавија сите фабрики за чоколадо во државата.
Пред работилницата учениците се запознаа како од семка настанува чоколадо.Потоа вредните рачиња изработуваа слатки производи донирани од фабриката за чоколадо ,,Европа,,. 

Одговорен наставник: Вилма Влаховиќ Билјана Петровска   







среда, 22. фебруар 2023.

ЧЕСТИТКИ ЗА НАГРАДЕНИТЕ ПО ПОВОД 21 ФЕВРУАРИ- МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

           На литературниот и ликовен конкурс  организиран од општина Кисела Вода на тема: „Јазикот е нашата татковина-Коневски“,  денес во просториите на ООУ „Кузман Јосифовски –Питу“ се одржа свечено доделување на наградените ученици проследено со пригодна програма.

    Прва награда за литературна творба освои ученикот Никола Арсовски 7б одд. ментор Коларовска Каролина

     Втора награда за литературна творба освои ученичката Милена Крстевска 9б одд. ментор Мишевска Љуба и прва награда за ликовна творба освои ученикот Андреј Јовановски 7б одд. ментор Даниел Манасиев.

    Честитки за наградените ученици и нивните ментори со желби за  идни успеси и постигнувања. 







понедељак, 20. фебруар 2023.

Етвининг проект ,, Take Action With Steam,,

 Во периодот од февруари до мај училиштето е учесник во Етвининг проект,, Take Action With Steam,, во соработка со 12 земји од Европа(Романија, Турција, Хрватска, Србија, Грција, Полска, Шпанија, Либан, Словачка, Франција , Литванија и Македонија) во кој учество земаат учениците од прво а, в - продолжен престој и учениците од 2 г подрачното училиште во Пинтија. Целта на проектот е да се подигне свеста за заштита на животната средина преку реализација на активности, примена на ИКТ алатки, развој на логичко размислување на учениците преку користење на СТЕМ активности (наука, технологија, едукација и математика).

Одговорни наставници : Маја Атанасовска Спасеска , Ирена Ѓоршевска

                   


МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА МАЈЧИНИОТ ЈАЗИК

        Во чест на денот на мајчиниот јазик 21 Февруари, учениците од централното и подрачното училиште се претставија со низа активности посветени на својот мајчин јазик. Дел од нив подготвија презентација, дел твореа и настапија со лични творби а дел ги промовираа македонските дијалекти преку интерпретација на одбрани текстови. Интересот кај учениците навистина беше голем така што од многуте одбрани творби посветени на оваа тема се изработи збирка. Активностите беа реализирани во наставничката канцеларија на централното училиште пред одреден број наставници, ученици, директор, педагог, психолог.

 Активностите се одвиваа во организација на предметните наставници: Мишевска Љуба, Коларовска Каролина и Ристевска Елена.









недеља, 19. фебруар 2023.

Се запознаваме со различните култури и традиции во нашата земја




На ден 17.02.2023г. петок учениците од 1в имаа можност да се запознаат со подготвувањето на традиционалната баклава и да ја вкусат. Вредните раце на родителките Амина Беговиќ и Мирела Сараќевиќ ни го разблажија часот по СУА. При крајот на часот тие не изненадија со уште една информација која ја применуваат традиционално при славењето на нивниот празник - Бајрам, пееењето на песничка и делењето на бонбони на децата. Ние од овој час научивме дека треба да делиме меѓусебно се што имаме, да си помагаме и да соработуваме. Најмногу треба да им дадеш на оние на кои им е потребно, а најмал дел да задржиш за себе. Со вакви позитивни мисли заедно создаваме поубав свет. Свет на радост и задоволства.
Одделенски наставник: Кети Сталеска






недеља, 12. фебруар 2023.

Извештај од Општинскиот натпревар по математика 2023


На Општинскиот натпревар по математика, кој се одржа во нашето училиште на 04.02.2023 г, учествуваа сите основни училишта од општина К.Вода. Се натпреваруваа ученици од 4-то до 9-то одделение или вкупно 258 ученици и тоа во 4-то одд, 100 ученика, 50ученици од 5-то одд, 42 ученика од 6-то одд, 34 ученици од 7-мо одд, и по 16 ученици во 8-мо и 9-то одд. Во рамките на натпреварот освоени се 3 втори награди, 4 трети награди и 11 пофалници и тоа се:



Одговорни наставници по математика:
Марина Станоеска, Виолета Павлеска, Ленче Танушевска



понедељак, 16. јануар 2023.

Новогодишна претстава

 

Учениците од V-б одд., заедно со нивната наставничка Билјана Шоклевска, во пресрет  на празниците подготвија новогодишна претстава која на 29.12.2022г. беше изведена во нивната училница во вечерните часови пред членовите на нивните семејства. На крајот од претставата учениците прочитаа новогодишни желби и пораки и истите ги испратија до сите деца од целиот Свет закачувајќи ги на новогодишната елка. На крајот, на нивно големо задоволство, сите присутни извлекоа своја порака, односно желба за Новата година.