Во чест на денот на мајчиниот јазик 21
Февруари, учениците од централното и подрачното училиште се претставија со низа
активности посветени на својот мајчин јазик. Дел од нив подготвија
презентација, дел твореа и настапија со лични творби а дел ги промовираа
македонските дијалекти преку интерпретација на одбрани текстови. Интересот кај
учениците навистина беше голем така што од многуте одбрани творби посветени на
оваа тема се изработи збирка. Активностите беа реализирани во наставничката
канцеларија на централното училиште пред одреден број наставници, ученици,
директор, педагог, психолог.
Активностите
се одвиваа во организација на предметните наставници: Мишевска Љуба, Коларовска
Каролина и Ристевска Елена.
Нема коментара:
Постави коментар