среда, 25. септембар 2019.

СРЕДБА НА СТРУЧНИТЕ СОРАБОТНИЦИ



На покана на директорот на училиштето на 19.09.2019 година во нашето училиште се одржа средба со сите стручни соработници од основните училишта на Општина Кисела Вода. Ваквата соработка ќе продолжи и во иднина со цел  подобра комуникација и размена на искуства за поквалитетен образовен процес.



понедељак, 2. септембар 2019.

ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ МИЛИ ПРВАЧИЊА !!!



         Денеска со почеток во 8,30 часот беше извршен свечен прием на првачињата. За таа цел учениците од вторите одделенија настапија со куса претстава - рецитали и ритмичко-танцови точки, а потоа директорката Љубица Наумовска одржа кус поздравен говор до присутните родители и нивните деца по што ги прозва новите првачиња и заедно со нивните учителки ги испрати во нивните училници на првиот училишен час.
Оваа учебна година во нашето училиште беа запишани 107 дечиња кои беа распределени во пет паралеки - две целодневна настава и три класична настава. 


уторак, 2. јул 2019.

„КИНА ВО МОИТЕ ОЧИ“




   Денеска, 2. јули 2019 г. со почеток во 19,00 часот во Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“, на покана од Амбасадата на Република Кина, град Скопје и Друштвото за македонско – кинеско пријателство и соработка, претставници од нашето училиште ( директорката Љубица Наумовска со дел од стручните служби и наставниот кадар) присуствуваа на отворањето на фото – изложбата „Кина во моите очи“.


     Пред бројните посетители со пригодни говори се обратија Амбасадорот на НР Кина, Нејзината Екселенција г-ѓа Yin Lixian, Министерот за култура г-дин Асиф Адеми, како и други видни личност.


        По нивните обраќања следеше отворање на изложбата како и коктел со кинеска храна.

петак, 21. јун 2019.

СВЕЧЕНО ОТВОРАЊЕ НА НОВАТА СПОРТСКА САЛА ВО НАШЕТО УЧИЛИШТЕ



           Денес, 21. 06. 2019 година, со почеток во 12,30 ч. беше извршено свечено отворање на новата спортска сала во нашето училиште.
     По тој повод беше потпишан Сертификат за исправност на салата помеѓу градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-дин Филип Темелковски и претставникот на кинеската компанија China IPPR International Engineering Co., Ltd, г-дин Colin Fu. Потоа беше потпишан Сертификатот за заокружување на проектот помеѓу Амбасадорот на НР Кина, Нејзината Екселенција, г-ѓа Yin Lixian и Министерот за образование и наука, г-дин Арбер Адеми.





                 По потпишувањето на сертификатите пред присутните имаа свое пригодно обраќање Амбасадорот на НР Кина, Нејзината Екселенција, г-ѓа Yin Lixian, Министерот за образование и наука, г-дин Арбер Адеми и Градоначалникот на Општина Кисела Вода, г-дин Филип Темелковски по што следеше сечење на лентата и разгледување на новата спортска сала.
 













Промоција на најдобрите ученици на генерација 2010-2019

На 16.06.2019 година во 18 часот во просториите на нашето училиште се одржа традиционалната промоција на најдобрите ученици на генерација 2010-2019 со првично прогласување на ученик на генерација - Ева Карамановска од 9-б одд. Исто така беа наградени и ученици кои се здобиле со многу награди и признанија на различни настапи и натпревари, воедно и со континуиран одличен успех.Тоа се следните ученици: Милошеска Тамара-9-а, Ема Андреска-9-а, Даниел Барбаров-9-а, Мила Маркоска-9-б, Ели Петреска-9-б, Лука Тодевски-9-б, Драган Јовановски-9-б, Даниел Јанков-9-в, Кристина Наумовска-9-в, Нејра Суљовиќ-9-в, Евгенија Весковска-9-в, Рабела Љокановци-9-в, Ангел Блажевски-9-г,Марко Георгиев-9-г и Горазд Гигов-9-г одделение.
              Одговорен наставник: Мишевска Љуба, наставник по македонски јазик