Денеска со
почеток во 8,30 часот беше извршен свечен прием на првачињата. За таа цел
учениците од вторите одделенија настапија со куса претстава - рецитали и
ритмичко-танцови точки, а потоа директорката Љубица Наумовска одржа кус
поздравен говор до присутните родители и нивните деца по што ги прозва новите
првачиња и заедно со нивните учителки ги испрати во нивните училници на првиот
училишен час.
Оваа учебна
година во нашето училиште беа запишани 107 дечиња кои беа распределени во пет
паралеки - две целодневна настава и три класична настава.
Нема коментара:
Постави коментар