уторак, 27. децембар 2016.

Истражување : Присуството на страв кај учениците со различно ниво на постигнувања и различни стилови на однесување во семејството

Задачи на истражувањето:
*        1. Да се утврди видот и степенот на присутен страв кај учениците од седмо одделение (споредба во два периода 2006 и 2016 год.)
*         2. Да се утврди поврзаноста помеѓу различни видови страв  и успехот на учениците;
*        3. Да се утврди поврзаноста помеѓу  успехот и различните стилови на  родителство

Примерок : 88 ученици од седмо одделение
Применети инструменти :
*        1 . Прашалник за присуство на различни видови стравови;
*        2.Прашалник „ Однос родител-дете“
* Страв поврзан со учлиштето (при обработката е земен највисокиот интензитет-многу)
тврдење
2006
2016
Се плашам од постигнување слаб успех во училиште
53,4
59,0
Се плашам кога наставниците испитуваат
12,9
29,5
Се плашам кога правиме тестови,писмени,
контролни
35,3
32,9
Се плашам од екстерно тестирање
29,5
Се плашам од изрекување на  некоја педагошка мерка
51,7
69,3

* Страв поврзан со семејството
тврдење
2006
2016
Се плашам од примена на казни од страна на родителите (забрани)
25,0
26,1
Се плашам од примена на физичка казна од родителите
31,0
17,0
Се плашам да не се разболи некој член од семејството
66,4
65,9
Се плашам од разделби (развод,напуштање и сл.)
72,4
85,2

*Страв поврзан со други  фактори
тврдење
2006
2016
Се плашам од временски непогоди (поплави,земјотреси и сл.)
52,6
39,7
Се плашам од сообраќајни несреќи
50,0
59,1
Се плашам од сиромаштија
50,0
27,3
Се плашам од војни
64,6
55,7
* Учениците со различно ниво на постигнување манифестираат страв во висок процент со нагласен интензитет ;
*Кај двете групи ученици нагласен е стравот од разделби , од напуштање на некој член од семејството ;
*Манифестирањето на овој вид на страв говори колку учениците се чувствуваат несигурни во своето семејство, а тој страв секако се рефлектира многу пошироко и врз општата сигурност на детето во секоја средина,па и во училиштето ;
*Дел од причините за честото манифестирање на насилство кај учениците од оваа возраст можеме да ги бараме токму во оваа насока, затоа што насилството изразува револт,несигурност, независно дали причинителот е семејството или училиштето;
* Кај испитаните  ученици се забележува дека  доминантен стил  на однесување кај нивните родители е демократскиот, во помал процент е застапен авторитарниот и попустливиот стил;
*Во најголем број од семејставата  на учениците од овој примерок постојат правила на однесување, но тие не се  често  образложени  пред  нивните деца;
*Голем број од родителите им ги  исполнуваат сите желби на своите деца;
*11,3 % од учениците со послаб успех сметаат дека нивните родители се преокупирани со сопствените потреби  и не им посветуваат доволно време;
*Учениците сметаат дека нивните родители  поминуваат доволно време со нив ,
*Авторитарниот  стил на воспитување е повеќе  присутен  кај  учениците со пониско ниво на постигнувања, а демократскиот кај учениците со повисоко ниво на постигнувања. Ефектите  од  демократскиот  стил  на  однесување е јакнење на самодовербата,одговорноста,повисоко ниво на самоконтрола,повисок успех.

Заклучок и насоки :
1.Учениците од овој примерок манифестираат  страв од различен вид со висок интензитет ;
2.Најизразен е стравот од : напуштање на некој член од семејството, од изрекување на педагошки мерки,да не се разболи некој член од семејството,од сообраќајни несреќи и постигнување на слаб успех ;
3.Кај двете групи ученици (ученици со одличен успех и ученици со пониски постигнувања) најизразен е стравот од разделби, да не ги напушти некој член од семејството;
4.Најголем број од учениците се изјасниле дека во нивните семејства се практикува демократскиот стил на воспитување , но не е мал бројот на ученици кои се изјасниле дека има авторитарен стил на воспитување во нивните  семејства (повеќе кај учениците со пониски постигнувања);

*        Наведените податоци од ова истражување  укажуваат на  емоционална состојба кај учениците  која секако може значајно да влијае врз секојдневното живеење во училиштето и семејството.
*        Потребно е да се создаваат услови каде се помалку ќе се манифестираат овие видови стравови и каде ќе се има можност да се намали нивниот интензитет.
*        Секојдневното живеење со висок степен на интензивен страв од повеќе чинители значајно делува на севкупното ментално здравје на секоја личност,особено во овој развоен период во кој се учениците од испитаниот примерок.


                                                                                                         Психолог:  Јорданка Радевска

среда, 21. децембар 2016.

ВО ПРЕСРЕТ НА НОВА ГОДИНА

Реализирана проектна активност:
Новогодишна работилница во соработка со родители како дел од Проектот „Новогодишна панорама“

    На 16. 12. 2016 година  во соработка со родители од  II - б одделение при нашето училиште, беше реализирана новогодишна работилница во која беа изработрени прекрасни новогодишни украси.
   Овие предмети беа изработени од многу едноставни материјали за работа, како: памук, хартија во боја, пластични шишиња, сијалици и др..


   Откако заврши работилницата овие новогодишни украси беа изложени во ликовните катчиња во нашата училница и подготвени за Новогодишниот базар кој ќе се реализира следната недела, заедно со приредбата која ја подготвивме за родителите на нашите ученици од второ – б  одделение при нашето училиште.


среда, 7. децембар 2016.

16. НОЕМВРИ - МЕЃУНАРОДЕН ДЕН НА ТОЛЕРАНЦИЈАТА

Толеранцијата треба да ја има секаде,
па дури  на улица и на друго место некаде.

Толеранцијата мора да постои,
за секој достојно да опстои.

Таа е наш сојузник,
во сите конфликти помошник.

Таа прави секој да се чувствува безбедно, сигурно
и опкружувањето да биде пријатно.

Толеранција треба секој да  има,
затоа што проблеми и навреди понекогаш ќе прима.

Толеранцијата е основа за конфликтно разрешување,
и на мудроста проширување.


Петар Кировски    VI – б одд.

„Техники за успешно учење“

Согласно годишното планирање на училишниот педагог во текот на месец октомври во трите шести одделенија во центалното училиште беа реализирани по две работилници со презентација на тема „Техники за успешно учење“, а во подрачното на 20.10.2016 г.. 
Цел: кај учениците да се развијат вештини за самостојно учење, да умеат да го препознаат сопствениот начин на учење и „да научат како да учат“.
                                                                             
                                                                                           Училишен педаг: Весна Рафеска

,,Ден на дрвото – засади ја својата иднина”

           Нашето училиште зеде активно учество во акцијата „ДЕН НА ДРВОТО - Засади ја својата иднина“, која се одржа на 30. 11. 2016 година.
    Во неа активно учество зедоа сите ученици од прво до деветто одделение. На тој начин кај нив се создаваат навики за правилен однос кон природата и нејзините убавини, навики за нејзино чување, грижа и засадување дрвја. Активностите се реализираа во зависност од возраста на учениците. 
    Учениците од одделенска настава ги реализираа своите активности во училниците, каде цртаа цртежи на тема природа, изработуваа предмети од пластелин, картон, колаж хартија и истите ги изложија во своите училници.
    Учениците од петто одделение твореа прозни и поетски творби за природата и нејзините убавини, додека учениците од шесто до деветто одделение директно се вклучија во засадување млади дрвца во училишниот двор и на тој начин, не само што ја обележаа оваа активност, туку и дадоа свој придонес во разубавувањето на училиштето.
                                                                               Предметен наставник: Каролина Коларовска                     



         Во нашето подрачно училиште во населба Пинтија ученици заедно со своите одделенски раководители, со големо задоволство ги реализираа планираните активности во своите училници, како и во училишниот двор. Во училниците беа изработувани еко-проекти (плакати, цртежи, сликовници) каде преку пишување еко-пораки, цртање, сечење, лепење на стара весникарска хартија, учениците ја изразија својата креативност, ја разбраа, а воедно и испратија пораката, за потребата од чување на шумите и перманентното садење на нови садници, за да придонесеме за што почист воздух сега, за нас и за идните генерации. Истата порака ја испратија и учениците кои во училишниот двор успешно ја спроведоа акцијата за пошумување, а за таа цел засадија  млади садници, кои ќе продолжат да ги негуваат и чуваат.
     Во акцијата покрај учениците и нивните наставници, участвуваа  вработените од техничкиот персонал, кои со многу љубов и посветеност се грижат за хигиената на училиштето и за одржувањето на убавиот училишен двор.

                                                                                   Одговорен наставник: Билјана Шоклевска 





петак, 2. децембар 2016.

НЕДЕЛА НА ГЛАДТА

                  Во подрачното училиште во н.Пинтија, успешно беше
          спроведена хуманитарната акција за собирање храна по повод
          одбележувањето на Недела на гладта  (17-21. 10.2016 г.), кога
         беше собрано поголемо количество на прехрамбени продукти и истите
         беа распоредени и дадени на едно семејство во н.Пинтија, како и
         во централното училиште, за понатаму да биде дадена на семејства
        (од социјално ранливи групи) на кои помошта  им е најмногу потребна.

                                                                   Одговорен наставник: Билјана Шоклевска



среда, 23. новембар 2016.

ДОБИТНИК НА 13-то НОЕМВРИСКА НАГРАДА

Во чест на 13-Ноември градот Скопје секоја година на истакнати културни и научни работници, студенти, ученици доделува 13-то Ноемвриска награда за постигнати успеси и резултати во повеќе области. Со гордост сакаме да истакнеме дека оваа година помеѓу наградените е и нашата ученичка Ева Карамановска од VII-б одделение која со постигнатите резултати во наставните и воннаставните активности го претставуваше и презентираше нашето училиште во вистинско светло.
Директорката заедно со  стручната служба на училиштето оствари средба со ученичката Ева Карамановска и нејзините родители . На средбата  истакна дека Ева е пример како треба да вложуваш во себе , да бидеш одговорен , исполнителен и посветен на учењето а наградата треба да и претставува предизвик и одговорност за понатамошни постигнувања и успеси . ООУ,,Рајко Жинзифов“ се радува што има ученичка која треба да биде идол на другите ученици и секогаш ќе ја поддржува во нејзините резултати.

На крајот од средбата Директорката Елизабета Славковска и ја честиташе наградата на Ева и од училиштето и  подари таблет –компјутер.







Професионален развој

На 10.11.2016 год. на Универзитетот за туризам и менаџмент во Скопје се одржа еднодневна  обука за директори и стручни соработници.

 Предавач на обуката беше проф. д-р Константин Петковски кој имаше свое излагање со презентација на тема:
- Менаџмент на знаење и
- Стандарди за компетенции на директорот на образовна организација

 За Значењето на формалното образование во создавањето на компетенции на директорите и стручните соработници во образовните институции презентираше  проф. д-р Александра Стоилковска .


На обуката присуствуваше директорката Елизабета Славковска и педагодот Весна Рафеска. На крајот беа поделени и сертификати за сите учесници.



Соработка со деловна заедница

На 18.10. 2016 год. нашето училиште оствари соработка со  МАКПЕТРОЛ АД . Имено,  на нивниот настан - отварање на бензиска станица во н. Пинтија учествуваше хорот при ПУ,,Рајко Жинзифов“ кој се претстави со корпоративната песна на Макпетрол - ,,Насмевни се“ .




На 18.11. 2016 год. Раководителот на секторот за маркетинг Мишко Тасевски при МАКПЕТРОЛ АД оствари средба со директорката Елизабета Славковска и при тоа подари музичка опрема за училиштето. Директорката искажа задоволство за заедничката соработка и се заблагодари за подарокот кој искрено се надева дека ќе најде голема примена на часовите по музичко образование, а во исто време ќе придонесе и за зголемена нагледност во наставата.








понедељак, 21. новембар 2016.

Од посетата на детскиот фестивал „ЗЛАТНО СЛАВЕЈЧЕ“

         На 17.11.2016 година – четврток, учениците од нашето училиште од  I до  V одделение, организирано го проследија детскиот фестивал „Златно славејче“ во Вип-арената - „Борис Трајковски“. За таа цел претходно беше обезбеден организиран превоз до салата и назад до училиштето. Фестивалот беше добро организиран и со големо задоволство беа проследени сите настапи од учесниците во фестивалот. Кај учениците се забележуваа позитивни  чувства и добра забава, односно тие играа и пееја во рамките на својата група. Доброто расположение се пренесе и во автобусите за назад, па така со песна, безбедно и со позитивна енергија се вративме во своето училиште.

“ГОЛЕМ ОДМОР“

На 2.11.2016 година – среда, учениците од II-в одд., заедно со неколку ученици од  II-а одд., зедоа учество во детската емисија “Голем одмор“ на МТВ. Тие учествуваа со изведба на ритмичка кореографија според композицијата „Есен“ од Вивалди. Кореографијата беше подготвена во рамките на слободните ученички активности во месец октомври и за неа се изработија соодветни костими како подарок од родителката Наташа Ангелеска.
                              Одговорен наставник:  Виолета Николин

среда, 16. новембар 2016.

Есенска приредба


Согласно  Годишната програма за работа на нашето училиште, од  Јавна и културна дејност за месец ноември беше планирана  Есенска приредба  од  јавен карактер. За истата, како  носители  беа назначени наставниците  од  активот на  третто одделение  заедно со нивните ученици.  Беа планирани , организирани и реализирани следните активности:
Ø    Креативни  работиници на тема Есен - изработките послужија за декорација на сцената;
Ø    Изработка на маски соодветно улогата на учениците во претставата;
Ø    Ликовен  и литературен конкурс на тема „Есен“ за кои беа доделени Пофалници за наградените творби;
Ø    Во рамките на драмско-рецитаторската  секција беа подготвени драматизации во корелација со другите наставни предмети;
Ø    Балетско-ритмичката секција подготви соодветни кореографии на песнички.
Во активноста се вклучи и  родителот  Игор Шоклевски кој ги
придружуваше учениците со гитара на англиската песна ,,Rain, rain, go awey“;
Приредбата беше реализирана на 15.11.2016 год.  во холот на нашето училиште со претходно подготвена сцена и ја проследија сите ученици од прво до трето одделение заедно со нивните наставници.
                                                                                                         Одговорни наставници:
                                                                                                             Мануела Маркоска
                                                                                                             Билјана Христовска
                                                                                                             Весна Милановска
                                                                                                             Цветанка Гајдовска









Исто така по повод деновите на есента и учениците од III-г одд. од  подрачното училиште во населба Пинтија реализираа две работилници и повеќе активности со кои ја разубавија училницата:
1 Работилница каде учениците со моделирање на глина, со отисок на лист направија вистински есенски лисја на кои со темперни бои ги нанесоа боите на есента.
2. Работилница во која со моделирање овошје и зеленчук, учениците направија одлични фигури. Своите изработки им ги покажаа на своите другарчиња од другите одделенија.

                                           Одговорен наставник: Даниела Костадинова