Согласно Годишната
програма за работа на нашето
училиште, од Јавна и културна дејност за
месец ноември беше планирана Есенска
приредба од јавен карактер. За истата, како носители беа назначени наставниците од
активот на третто одделение заедно со нивните ученици. Беа планирани , организирани и реализирани
следните активности:
Ø
Креативни
работиници на тема Есен - изработките послужија за декорација на
сцената;
Ø
Изработка на маски соодветно улогата на учениците во
претставата;
Ø
Ликовен и
литературен конкурс на тема „Есен“ за кои беа доделени Пофалници за наградените
творби;
Ø
Во рамките на драмско-рецитаторската секција беа подготвени драматизации во
корелација со другите наставни предмети;
Ø
Балетско-ритмичката секција подготви соодветни кореографии
на песнички.
Во активноста се
вклучи и родителот Игор Шоклевски кој ги
придружуваше учениците со гитара на англиската песна ,,Rain, rain, go awey“;
Приредбата беше реализирана на 15.11.2016 год. во холот на нашето училиште со претходно
подготвена сцена и ја проследија сите ученици од прво до трето одделение заедно
со нивните наставници.
Одговорни наставници:
Мануела Маркоска
Билјана Христовска
Весна Милановска
Цветанка Гајдовска
Мануела Маркоска
Билјана Христовска
Весна Милановска
Цветанка Гајдовска
Исто така по повод деновите на есента и учениците од III-г одд. од подрачното училиште во населба Пинтија реализираа две работилници и повеќе
активности со кои ја разубавија училницата:
1 Работилница каде учениците со моделирање на глина, со отисок на лист направија
вистински есенски лисја на кои со темперни бои ги нанесоа боите на есента.
2. Работилница во која со моделирање овошје и зеленчук, учениците направија
одлични фигури. Своите изработки им ги покажаа на своите другарчиња од другите
одделенија.
Одговорен наставник:
Даниела Костадинова
Нема коментара:
Постави коментар