Со многу емоции, креативност и силни пораки го реализиравме завршниот настан на проектот „Насилството не е Cool“, посветен на подигнување на свеста за врсничкото насилство и создавање побезбедна, похумана и попријателска училишна средина.
Преку низа едукативни, креативни и интерактивни активности, нашите ученици покажаа дека имаат што да кажат и дека сакаат да бидат дел од промената.
Посебен белег на проектот беше промоцијата на музичкиот спот, во кој главната улога ја имаат нашите ученици, кои со своите гласови ја испеаја песната посветена на борбата против насилството.
Преку драматизација, беа прикажани ситуациите со кои децата можат да се соочат во секојдневието, потсетувајќи нè колку се важни разбирањето, поддршката и меѓусебното почитување.
Кратките, искрени и моќни пораки на учениците уште еднаш потврдија дека секој има право да биде прифатен, почитуван и безбеден. Дека понекогаш е доволен еден убав збор, еден пријателски гест или храброста да кажеме „НЕ“ на насилството.
Благодарност до сите ученици, наставници, родители и соработници за нивната поддршка, посветеност и придонес во реализацијата на проектот.
Овој проект завршува, но неговата порака продолжува да живее во секојдневното однесување на сите нас.

Нема коментара:
Постави коментар
Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.