четвртак, 19. новембар 2026.

Предавање на темата -превенција од болести на зависности.

Во соработка со Црвениот крст – Кисела Вода, денес во нашето училиште беше реализирано едукативно предавање на тема „Превенција од болести на зависности“.

Преку предавањето, учениците имаа можност да се запознаат со ризиците и последиците од зависностите, нивното влијание врз здравјето, психофизичкиот развој и квалитетот на животот. Посебен акцент беше ставен на важноста од информираноста, донесувањето правилни одлуки, развивањето здрави навики и изборот на здрав начин на живот.

Активноста придонесе за подигнување на свеста кај учениците за опасностите од зависностите и за значењето на превенцијата, личната одговорност и грижата за сопственото здравје.

Им благодариме на Црвениот крст – Кисела Вода за соработката, посветеноста и придонесот во едукацијата на нашите ученици.




Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.