понедељак, 23. новембар 2026.

Учество во радио емисија ,, Седи 5,, - канал 77

 ЅВОНИ, ЅВОНИ – КАНАЛ 77, ПЕТКА ЗА Нас - 5В Клас!

1 Септември, првот училишен час,
ѕвончето заѕвони со возбудлив глас. 
Наместо тетратки, моливи и лекција. Која? 
Ѕрр, ѕррр – нè чекаше авантура нова!

„Ало, Канал 77! Ве бараме од радио-станица!“
По летната релаксација време беше за ментална гимнастика!
Во емисијата „Седи 5“ нè разбуди предизвикот жежок, „Брза географија“ – да видиме кој во знаење е најтежок. 
Чим популарната водителка Христина Спировска нешто праша, во училницата веднаш се слушна дружината наша. 


Градови, реки, планини – се редеа во миг,
секој одговор нè водеше поблиску до триумф и крик!
И што мислите, како заврши оваа приказна?
Први во играта–први во победничката слава! 🏆

Ученички прибор освоивме, но и спомен за паметење, со знаење, тимска работа и многу расположение!
Едно ѕвонче, еден повик, една игра – многу радост, првиот час ни подари незаборавна младост! Умни глави сме ти ни, генијалци- сезнајци. 
Кај нас знаењето не мирува,
туку игра, се натпреварува и победува! 🌍


 Одделенски наставник: Кети Сталеска








Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.