среда, 11. новембар 2026.

Студиска посетa Во рамки на програмата за мировно образование

 Во рамки на програмата за мировно образование присуствував на студиска посета што ми го исполни срцето.

Оваа средба започна со посебна симболика на Меѓународниот ден на мирот, пречекавме група од 13 претставници од училишта од Коњиц и Ливно (БиХ), кои пристигнаа во организација и придружба на двајца членови од „Сезам“ од Зеница, а во блиска соработка со Детската амбасада МЕЃАШИ и партнерската организација „КУРВЕ Вустров“ од Германија.

Прекрасни работилници за запознавање и размена на искуства со наставнички и наставници, стручни служби од скопските училишта. На последната работилници ни се придружија и меѓународните мировни работнички и работници од БиХ, Косово и Македонија.

Стекнавме нови знаења и разменивме искуства за мировното образование и за воспитно образовниот систем во Босна и Херцеговина и Македонија, споделивме приказни за природните убавини и покажавме во живо некои од нив но и разговаравме за секојдневните предизвици и тешкотии со кои се соочуваат наставниците од двете страни. Отворено зборувавме за процесите на мировното образование, за заедничките успеси, пречки и за можностите за идна соработка.



Нема коментара:

Постави коментар

Напомена: Само члан овог блога може да постави коментар.