Учениците, претставници од Училишниот парламент на нашето
училиште, денес ја накитија новогодишната елка во холот на училиштето. Пред китењето на елката имавме
работилници за рачно изработени украси со пораки на различни јазици. Китењето
започна со кратка новогодишна приредба во
која учество земаа учениците од
одделенска настава. Секој претставник од паралелките ја прочита пораката и ја
закачи на новогодиштана елка со желба пораките да станат реалност. На крајот
директорот на училиштето на учениците, родителите, наставниците и на сите
вработени им посака среќна и успешна Нова 2020 година и
го закачи врвот на елката.
Како и во
централното, така и во подрачното училиште се реализираше новогодишната
традиција на украсување на новогодишната елка. Учениците од прво до деветто
одделение учевствуваа во украсувањето со свои изработки, лампиони со пораки и
со смеа и радост ја исполнија целата училишна зграда. Во новата година што иде
на сите ним им посакуваме среќа , радост и успеси.
„Ден за
детски желби“
(размена на празнични традиции и новогодишни честитки со
ученици од целиот свет)
Да се биде дете е најубавото нешто во
животот на човекот, ќе речат возрасните. Но, ако ги прашаме децата тогаш тие ќе
кажат дека не е така едноставно. Децата се искрени и реални, желни за учење и
желни за дружба. Па зошто овие две нешта да не стават на едно место. Нова
година и Божик се празници во кои децата очекуваат подароци зашто целата година
биле умни и вредни, но и новогодишни честитки. Дедо Мраз оваа година реши на
еден поинаков начин да им ги исполни со радост срцата на учениците од 3-г одд.
На ниво на паралката е организирано учество за размена на глобален час со помош
на интернет конекција преку Skype, за запознавање на
другарчиња од различни земји во светот и како тие ги слават овие весели
празници и споделување на детски желби
за среќа и радост на секое дете во светот со изработка и размена на честитки.
Со подршка на директорката Љ. Наумовска проектот е успешно реализиран.
Учениците изработија честитки за свои другарчиња од Р. Русија и од САД -
Филаделфија. И другарчињата од овие земји изработија и ни потврдија дека
испратија честитките, па ние сега ги очекуваме со големо нетрпение. А учениците
од Виетнам со нивната наставничка споделија на Skype, активност
за нивното традиционално јадење Chung cake. Проектот е на
иницијатива на Kyle Calderwood -Technology
Coordinator, Tuckerton Elementary School, назив на проектот „Christmas Card and
Christmas/Holiday traditions exchange“.
Одделенски наставник: Кети Сталеска
ЕДУКАТИВНО
ПРЕДАВАЊЕ „Банка за храна“
На 19.12.2019
година (четврток) во нашето училиште со учениците од четврто и петто одделение
и нивните одделенски раководители беше реализирано предавање во рамки на ВСС
Ефект проектот на Банка за храна МК, финансиран од Европската Унија.
Презентација ја водеше координаторот на проектот г-ѓа Стојне Тодоровска. Низ интерактивен
пристап учениците беа запознати со поимот „Банка за храна“, како и неговото
значење. Уениците беа љубопитни и со голем интерес ја проследија оваа
едукативна презентација.
Нема коментара:
Постави коментар