четвртак, 5. децембар 2019.

Проект „Училишни градини“



На 4. декември 2019г., во  средното угостителско училиште „Лазар Танев“ во Козле се одржа завршната манифестација на проектот „Училишни градини – училници на иднината“, за 2019 година, кој што го иницираше и координираше НВО Slow Food-Водно. Во проектот учествуваше и нашето училиште, заедно со уште девет други од повеќе општини од Скопје. Партнер и донатор на овој проект е Град Скопје, чиишто претставници беа присутни и на завршната изложба.
На манифестацијата беа изложени цртежи, слики и мотивациони пораки од учениците од сите училишта – учесници, а учениците и нивните наставници - координатори на проектот, имаа можност накусо да им раскажат на присутните какви сè активности и резултати имале во рамките на проектот, како и плановите за во иднина.
Од ООУ „Рајко Жинзифов“ на манифестацијата присуствуваа и на присутните им се обратија ученичките Невена Кочоска и Христина Трајчевска од 6-в одделение, кое што имаше неколку активности во рамките на проектот (две ликовни работилници на кои изработуваа цртежи за изгледот на градината и мотивациони пораки, и садење на лескови дрвца во училишниот двор) и чиишто цртежи беа изложени во оваа пригода. Заедно со нив беше и координаторот на проектот, психологот Јасмина Пакашки.
Го изразивме нашето задовлоство од придобивките од проектот и нашите планови за пролетните активности. Се заблагодаривме на тимот на Slow Food-Водно за нивниот ангажман, како и за изработениот нацрт-проект за нашата идна училишна градина. Исто така, изразивме надеж дека проектот ќе продолжи и наскоро ќе биде во можност да ги опфати сите училишта на подрачјето на Скопје.
На крајот на сите учесници им беа поделени подароци – мини градинарски алатки, и специјално изработени работни тетратки - Календар со активности во училишната градина.
Координатор на проектот Јасмина Пакашки






„Училиште по мерка на детето“
 (учење преку игра)

         Учење и игра, совршена комбинација за успешен развој на едно дете, еден ученик. Знаејќи го ова, ние наставниците тимски се обединивме на инцијатива на одделенската наставничка Кети Сталеска и во топлите жешки денови се организиравме и напорно работевме визијата да ја претвориме во реалност. Со подршка на директорката Љубица Наумовска обезбедивме бои и прибор за работа. Организиравме одделенски актив, ги споделивме идеите, ги утврдивме активностите за реализација на проектот и следниот ден се фативме за работа. Жешкото сонце беше мотив повеќе за реализација на идеите, како и подршката и интересот за помош на родителите на учениците. Целта на проектот е создавање на стимулативна едукативна средина и вклучување во модерните трендови во светот, но оставајќи свој печат од идеи и игри. Крајот од првото полугодие е совршен термин за да се прашаат учениците за нивното размислување, искуствата и новите знаења што ги стекнале играјќи ги игрите.
Наставник: Дали ви се допаѓа повеќе училишниот хол и двор, ваков каков што е сега исцртан со игри?
Ученици: Да повеќе ни се допаѓа со игри, бидејќи можеме да играме игри пред часовите. (ученици од 1,3 и 5 одд.)
Наставник: Која игра ви омилена? Која игра ја играте најчесто?
Ученици: На учениците од трето одделение најмногу им се допаѓаат игрите „Шеска треска“ и „Од крукче во крукче“. На учениците од пето одделение „Жаба“ и „Плочка“. На учениците од прво одделение им се допаѓаат „Од крукче во крукче“ , „Насока“ и „Пронајди ги формите“.
Наставник: Што може да научиме од игрите?
Ученици: Од играта „Од крукче во крукче“ може да ги научиме бројките, да броиме редоследно, кои се парни, непарни, собирање, одземање, множење, делење, а од „Шестка-треска“ ги научивме буквите, како се пишуваат правилно зборовите, со „Веселко“ ги учиме насоките, ги пронаоѓаме формите, се забавуваме, учиме да бидеме трпеливи, соработуваме и меѓусебно си помагаме. (ученици од 1,3 и 5 одд.)
Наставник: Кога ги играте игрите, со наставник на час или сами во слободното време?
Ученици: Сме ги играле за време на час со наставник, ги играме и сами во слободното време (ученици од 1 и 3 одд.), ги играме во присуство на родителите (ученици од 1 одд.), но игрите ги играме и дома со братчињата и сестричките (ученици од 3 одд.).
Наставник: Што сакате да додадеме, какви содржини со кои би било уште поубаво нашето училште?
Ученици: Може да додаме училишни правила, може да засадиме нови растенија и да учиме за нив, да направиме идеја со здрава и нездрава храна, пораки со убави мисли и за другарство, да ги напишеме мерните единици за должина и да скокаме и мериме (ученици од 3 одд.), да направиме полигон за ФЗО од гуми и пречки (ученици од 1 и 3 одд.), балон за фудбал , сите деца да имаат свој компјутер, вештачка трева, секое одделение да има своја училница, да носиме униформи, да имаме сала за ФЗО (предлози на учениците од 5 одд.).
Тим реализатори на проектот: Кети Сталеска, Љубица Наумовска, Маја Димовска, Татјана Георгиевски, Кристина Никчевска, Билјана Шоклевска, Даниела Костадинова, Ленче Танушевска, Билјана Милутиновска, Јованка Дацкович, Маја Грнчиштанова, Богданка Пановска, Сузана Трајковска, ех-ученичката Ирена Танушевска.


Нема коментара:

Постави коментар